Борис Џонсон на меден месец во Словенија
Џонсон (58) и неговата сопруга Кери (34) се на меден месец, пренесува СТА. Даунинг стрит не сакаше да објави каде Џонсон оди на одмор оваа недела.
Според словенечките медиуми тој престојува во Језерско.
Џонсон поднесе оставка од функцијата премиер по серијата оставки на британските министри во јули оваа година.
Борис и Кери Џонсон се венчаа во мај минатата година, две години по нивната свршувачка, а пред една недела, организираа втора прослава со своите пријатели и семејството.
Забавата се одржа во Дејлсфорд Хаус во Котсволдс, имот од 1.500 хектари со луксузна селска куќа , оранжерија, овоштарник во облик на срце, тајна градина и базен.
Двојката го има синот Вилфред (2) и ќерката Роми (7 месеци).
Премиерот на Велика Британија во оставка зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.