Шефот на МААЕ побара пристап до нуклеарната централа Запорожје во Украина


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси побара во Советот за безбедност на ОН пристап до нуклеарната централа во Запорожје, Украина, каде се вршат воздушни напади, за што Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат. „Ситуацијата е сериозна и МААЕ мора да биде овластена да ја изврши својата мисија во Запорожје што […]

(Видео) Се случува еднаш во 1.000 години: Невреме го опустоши најжешкото место на светот


Долината на смртта деновиве ја опустоши силно невреме пропратено со дожд, кое го поплави тој национален парк. Се уште трагаат по заробените, а штетата е голема. Неодамнешното невреме и обилните дождови во Долината на смртта не само што ги поплавија патиштата, туку и ја оштетија инфраструктурата и ги однесоа автомобилите. Метеоролозите и претставниците на паркот […]

Скандал ја тресе мрежата на јавниот сервис во Германија


За прв пат по 70 години на германската радио-телевизија, некој мора мора да замине од врвот на медиумската компанија. Скандал го тресе јавниот сервис во Германија и повторно наметнува стари прашања. Линк до целиот текст на Дојче веле тука

Руски извори: Повторно бомбардирање на областа околу електраната Запорожје во Украина


Областа околу нуклеарната централа Запорожје денеска повторно беше цел на артилериски напади, изјави проруски функционер, обвинувајќи ги украинските сили за нападот. „Активистите на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски повторно ја нападнаа нуклеарната централа во Запорожје“, напиша на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската администрација инсталирана од Русите во тој дел на јужна Украина. Засега нема извештаи […]

Резников: Руските зборови и договори не вредат ниту за хартијата на која се напишани


Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, присуствуваше на донаторска конференција за Украина во Копенхаген со данскиот министер за одбрана, Мортен Боедски, и британскиот министер за одбрана, Бен Валас. „Руските зборови и договори не вредат ниту за хартијата на која се напишани. Што да правиме? Решението е јасно. Русија победува кога ќе успее да нè раздели, […]

Во еднонеделниот конфликт со Израел досега загинаа 48 Палестинци


 Бројот на палестинските жртви во конфликтот што избувна во петокот минатата недела меѓу Израел и Исламски џихад во Појасот Газа денеска се зголеми на 48, откако на повредите им подлегнаа еден маж и 11-годишно девојче. Во меѓувреме, две деца од Газа на возраст од 8 и 14 години се борат за живот во болница во […]

Навални формира синдикат на еден човек во руски затвор


Затворениот руски дисидент Алексеј Навални формираше синдикат во казнената колонија каде ја издржува казната, која според многумина, е политички мотивирана поради неговото противење на политиките на Кремљ, јави ДПА. „Здраво, ова е Навални, лидер и основач на синдикатот на граѓани вработени во казнено – поправниот систем „Промзона““, напиша денеска неговиот тим на Твитер. Навални појасни […]

Шведска се согласи да екстрадира маж во Турција за поддршка за влез во НАТО


  Шведска – Шведската влада денеска одлучи да испорача на Турција маж кој таму се бара поради измама. Тоа е прв одговор на Шведска на барањето на Турција, која побара екстрадиција на голем број луѓе во замена за дозвола од Стокхолм да аплицираат за членство во НАТО. Турција го укина своето вето на кандидатурата на […]

Трамп повеќе од 440 пати се повикал на уставното право да не дава одговор на обвинителството


  САД – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе од 440 пати на вчерашното негово појавување пред суд се повикал на Петтиот амандман од Уставот на САД, одбивајќи на тој начин да одговори на прашањата поставени од Обвинителството и судиите. Американските медиуми пишуваат дека Трамп постојано се повикувал на амандманот да не одговара на прашања по […]

Русија ги обвинува ЕУ, Полска, Украина и санкциите за намалената испорака на гас


Испораките на рускиот гас до Европската Унија (ЕУ) се значително намалени, но, тоа не е последица на дејствувањето на Русија, туку на антируските санкции и потезите на Полска и Украина, се наведува во денешното соопштение на руската Амбасада во Берлин, јавија руски медиуми. „Снабдувањето на ЕУ со руски гас е значително намалено, но, тоа не […]

Климатските проблеми пострашни од економските и енергетските


Директорот на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер, предупредува дека последиците од економската криза предизвикани од проблемите со снабдувањето со енергија би можеле да бидат помали во споредба со последиците од штетите од топлотните бранови и сушата и повика на итна акција во борбата против климатските промени. Според него последователните топлотни бранови, заедно со шумските […]

Велика Британија, Данска и Германија најавија дополнителна воена помош за Украина


 Велика Британија и Данска ќе ѝ испратат на Украина дополнителна финансиска и воена помош. Двете земји информираа за помошта за време на состанокот на европските министри за одбрана во Копенхаген, каде се договара долгорочна поддршка за Украина. Велика Британија, која на Украина веќе ѝ донираше напредни системи за оружје и обезбеди обука за неколку илјади […]

„Жена, мајка, христијанка“ и фашист води пред изборите во Италија


Џорџија Мелони, лидер на екстремно десничарските Браќа на Италија, се обиде да го детоксифицира постфашистичкото движење во земјата и со тоа го доведе на допир до власта.Со оглед на тоа што нејзината партија е на врвот во анкетите, а самата Мелони ужива највисок рејтинг од кој било шеф на партија, таа се постави себеси како […]

Енергетската криза не ја заобиколи ни Норвешка


Додека енергетската криза, предизвикана со руската инвазија на Украина, длабоко ја потресува Европа, Норвешка, земја меѓу најголемите извозници на електрична енергија на континентот, најавува можност за ограничување на извозот на струја. Норвешка и самата се нашла пред можен недостиг зимоска. Поради нискиот водостој во јужниот дел на земјата, Владата на Норвешка може да ги стави […]

Во Израел тројно зголемена имиграцијата од Русија и од Украина


Имиграцијата во Израел од Украина и Русија тројно е зголемена по руската инвазија врз Украина, објави израелското Централно биро за статистика. Од 24 февруари, кога почна инвазијата до 31 јули, од Украина во Израел пристигнале 12.175 имигранти, а од Русија 18.891. За пет месеци во Израел вкупно пристигнале 31.000 имигранти, што е за 318 отсто […]

Рекорден раст на цените на храната во САД


Вкупните цени на храната во САД во јули се зголемени за 10,9 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Тоа е најголем раст на храната од 1979 година, според податоците објавени од Министерството за труд. Неколку основни производи како житариците и одредени млечни производи бележат рекорден пораст од година во година. – Додека основната стапка на инфлација се намали во однос на претходниот месец, главно поради падот на цените […]

ОН негираат дека Анкара од Киев добила поевтино жито


Обединети нации негираат дека Турција добила попуст од 25 отсто на цените на житото од Украина во согласност со Договорот од Истанбул поддржан од ОН. – Направивме многу истражувања, колку што е можно и можам да ви кажам дека немаше попуст во Договорот за Црноморската иницијатива, што беше потпишан во Истанбул. Изјави портпаролот на генералниот секретар на […]

Со пандемијата се нормализира пиењето штетни количини алкохол


Пандемијата од корона вирус го нормализира пиењето штетни нивоа алкохол, наведуваат од британска хуманитарна организација и здравствените работници. Добротворната организација за злоупотреба на супстанци Барод наведува дека бројот пациенти зависни од алкохол се зголемил за 41 отсто во споредба со периодот пред пандемијата, пишува Би-би-си. Велс лани забележал најголем број смртни случаи од алкохол во […]

Сателитски снимки: Еден куп руски авиони уништени во базата на Крим


Според сателитски снимки, најмалку осум воени авиони се уништени во експлозијата што се случи во вторникот во руската воздухопловна база на Крим. Причината за експлозијата се уште не е позната. Според официјалната верзија на руското министерство, експлозијата се случила поради детонација на муниција, но не открија како дошло до детонацијата, пишува CNN. Украина не презеде […]

Нивото на Рајна би можело да падне под критичниот минимум и да ја загрози индустријата


Нивото на реката Рајна деновиве може да падне под критичното ниско ниво, предупредија германските власти, што го отежнува транспортот на стоки – вклучително јаглен и бензин – во време кога Европа е зафатена од суша и енергетска криза. „Ова е особено точно за Рајна, која има многу низок водостој, но останува прооден за помалите бродови“, […]