Москва стави новинари и музичари на листата „странски агенти“


На списокот е и еден од најпознатите руски рок музичари Андреј Макаревич

 

Министерството за правда на Руската Федерација го вклучи ТВ водителот Михаил Шатс во регистарот на масовни медиуми – „странски агенти“, а музичарот Андреј Макаревич, новинарите Дмитриј Гордон и Катерина Гордеева во списокот на поединци – „странски агенти“.

Покрај тоа, главниот уредник на „Новаја газета. Европа“ Кирил Мартинов, блогерот Кирил Федоров, новинарот Сергеј Лоико, поранешната општинска советничка Јулија Гаљамина и политикологот Сергеј Медведев, како и Новости ДОО (правно лице на телевизиската компанија ТВК).

Во регистарот на поединци – „странски агенти“ беа вклучени и соработникот на Алексеј Навални, Иван Жданов, политикологот Фјодор Крашениников и бизнисменот и филантроп Борис Зимин. Сите тие, според одделот, добиваат средства од Украина и се занимаваат со политички активности.

Андреј Макаревич е еден од најпознатите руски рок-музичари. Тој заедно со неговата група „Временска машина“ беше активен уште во советско време, а бендот постои и денес. Макаревич дознал дека е прогласен за „странски агент“ од новинарите. Во коментар за РТВI, тој изјави дека нема да направи ништо за ова. „Види, трошејќи си го животот борејќи се со овие ветерници… Мислам дека беше прашање на време. Тие што ги нарекуваат странски агенти немаат никаква врска со концептот ‘странски агент’, бидејќи тие не се ‘агенти’ и не се ‘странски агенти’. Тие само ги стигматизираат несаканите луѓе“, рече музичарот.