Киев: Русија врши „екоцид“ во Украина


Војната во Украина уништува шуми, ги загадува ораниците што се полни со мини, а и водата е загадена, предупреди украинскиот министер за животна средина Руслан Стрилец. Тој во обраќањето пред учесниците на неформалниот состанок на ЕУ во Прага, која претседава со Унијата, рече дека руската инвазија уништила три ​​милиони хектари украински шуми. Според него, во Украина […]

Хабек позитивен на корона вирус по посетата на Прага и Виена


По враќањето од посетата на Чешка и Австрија, германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек е позитивен на тест за Ковид-19. Прво брзиот, а потоа и ПЦР тестот бил позитивен, соопшти неговиот Кабинет во Берлин. Хабек се вратил во Берлин од Виена со симптоми на настинка. Тој веднаш се изолирал и ги откажал сите настани на кои требало лично да присуствува.

Владата на Драги пред колапс, Италија на работ


  РИМ – Владејачката коалиција на италијанскиот премиер Марио Драги е во ризик од колапс, бидејќи популистичкото Движење 5 ѕвезди се заканува да ја напушти неговата влада. 5 Ѕвезди ветува дека ќе го бојкотира клучното гласање во парламентот во четврток, дестабилизирајќи ја италијанската влада исто како што нејзината економија страда од суша, зголемени цени на […]

Убиени командирот и неговиот заменик на руската моторизирана стрелачка дивизија


  Полковник Алексеј Горобец, командант на 20. гардиска моторизирана стрелачка дивизија, стационирана во Волгоград, загина во војната во Украина. На 12 јули, информацијата за неговата смрт беше потврдена за локалното издание „Блокнот“ од неговата сопруга Ана Горобец. Исто така во Украина, беше убиен и заменик-командантот на оваа дивизија, полковник Олексеј Аврамченко. На 13 јули, волгоградското […]

Повеќе од 130 бродови со украинско жито се заглавени во Црното Море


  Сообраќаен метеж од повеќе од 130 товарни бродови натоварени со украинско жито чека во Црното Море за да помине во Дунав додека преговарачите од Москва, Киев, ОН и Турција започнаа разговори во Истанбул за олеснување на украинскиот земјоделски извоз. Бродовите чекаат да пристапат до излезните правци преку каналите на устието Сулина и Бистре за […]

Зошто Путин не сака да се споменуваат имињата на генералите што ја водат војната? За да не стане некој многу популарен


  Руските провладини медиуми редовно известуваат за „достигнувањата“ на руската војска во Украина, но споменувањата на конкретни одговорни команданти се исклучително ретки. Судејќи според извештаите од руските пропагандни медиуми, се чини дека самите генерали го поминуваат целото свое време или примајќи медали од Владимир Путин или давајќи им медали на нивните подредени. Тоа, како што […]

Бајден: Врските меѓу САД и Израел се посилни од било кога


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во Израел на почетокот на неговата турнеја по Блискиот Исток, прва откако ја презеде функцијата. Претседателскиот авион слета на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив во 15 часот по локално време. Бајден таму беше пречекан од израелскиот претседател Исак Херцог и премиерот Јаир Лапид. Бајден им […]

Унгарија прогласи вонредна енергетска состојба, забрани извоз на енергетски производи


Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на владата во среда за да разговара за проблемите со снабдувањето кои влијаат на европскиот енергетски пазар, изјави портпаролот на Орбан во изјавата, пренесува Ројтерс. Владата нареди забрана за извоз на енергетски производи и ја укина повеќегодишната ценовна граница за комуналните услуги за домаќинствата кои користат енергија над просечното […]

Папата Франциск првпат именува жени во советодавниот одбор на бискупи


Папата Франциск денеска именуваше три ќени за членки на Ватиканската канцеларија која ги проверува номинациите за бискупи, со што жените добиваат право на глас во управувањето со католичката црква. Дикастериумот за бискупи ја надгледува работата на повеќето од 5.300 епископи, кои водат епархии ширум светот. Дикастериумот е составен од кардинали, бискупи и првпат и од […]

Во Велика Британија од Ковид-19 досега починале 200.247 луѓе


  Англија– Повеќе од 200.000 луѓе починаа од Ковид-19 во Велика Британија од почетокот на епидемијата, што ја прави една од земјите со најголем број смртни случаи во Европа. Вкупно 200.247 смртни случаи од Ковид-19 се регистрирани од почетокот на епидемијата, а 294 луѓе починале минатата недела, покажуваат податоците на Канцеларијата за национална статистика. Како што пишува Гардијан, до […]

Голем пораст на новозаразени со коронавирусот во Австрија


Австрија – Во Австрија драстично се зголемува бројот на новозаразени со коронавирусот и во последните 24 часа се регистрирани 15.149 нови случаи, што е бројка што претходно беше забележана на почетокот на април. Минатата среда беа регистрирани нешто повеќе од 12.000 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во последните 24 часа починаа девет лица заразени со корона. […]

Земјотрес во Перу


  Перу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер. Епицентарот е забележан на југот на земјата, 70 км од Арекипе, град во кој живеат повеќе од 800.000 луѓе. Потресот се случил на длабочина од 66км, а граѓаните на страницата ЕМСЦ пишуваат дека бил со средна јачина. REPORTE SÍSMICOIGP/CENSIS/RS 2022-0434Fecha y […]

Во Истанбул преговори за извоз на жито од Украина


 Руската делегација пристигна во Истанбул, каде денеска треба да се одржи нова рунда преговори меѓу Русија, Украина, Турција и Обединетите нации за извоз на жито од Украина, изјави за руските медиуми неименуван дипломатски извор. Според изворот, големи се шансите да се постигне консензус за извоз на украинско жито на преговорите кои се водат на тајна локација. Украина […]

Европол: Опасноста од тероризам во ЕУ останува висока


  Холандија– Опасноста од тероризам во Европската унија останува висока и покрај намалениот број на напади, се наведува во последниот извештај на Европол. Во извештајот за состојбата и трендот на тероризмот на ЕУ за 2022 година (EU Terrorism Situation & Trend Report 2022 TE-SAT 2022), кој Европол го претстави денеска во Хаг, се наведува дека опасноста првенствено доаѓа од поединечни сторители […]

Претседателот на Шри Ланка избега на Малдивите, гневот не стивнува


  КОЛОМБО, Шри Ланка – Претседателот на Шри Ланка побегна од земјата рано во средата, само неколку часа пред да вети дека ќе се повлече под притисок на демонстрантите лути поради економскиот хаос што предизвика сериозен недостиг на храна и гориво. Но, кризата што ја зафати островската држава со месеци беше далеку од завршена: илјадници […]

Големи шумски пожари во Франција, во тек евакуација (видео)


Пожарникарите се борат против големи шумски пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот, затоа што сушата и топлотниот бран створија идеални услови за ширење пожари. Шумксите пожари во областите Ландирас и Тесте-ду-Буч проголтаа околу 450 хектари земја. Од Бордо можење да се види голем столб црн чад, пренесе Франс инфо. #incendie #gironde #landiras pic.twitter.com/Q5HPZEujha — […]

За да се заштеди, Австрија препорачува туширање, а не капење


Граѓаните да се тушираат, а не да се капат. Тоа е една од препораките на австриското Министерство за енергетика со цел граѓаните да заштедат енергија. „Руската агресија на Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За тоа […]

Украина ги напаѓа руските сили на окупираните делови на јужна Украина


  Украина покрена ракетни напади од долг домет врз руските сили во јужна Украина и уништи магацин со муниција, соопшти некзината војска, додека Русија продолжува да го бомбардира истокот на земјата. Во нападот на Нова Каховка во герионот Херсон загинаа 52 лица, соопшти укрианската војска. Властите на градот кои ги постави Русија велат дека најмалку […]

Шри Ланка: Демонстрантите упаднаа во канцеларијата на премиерот


 Демонстрантите денеска упаднаа во канцеларијата на премиерот на Шри Ланка додека претседателот побегна од земјата само неколку часа пред да поднесе оставка поради катастрофалната економска криза што предизвика сериозен недостиг на храна и гориво. Во последниве денови, демонстрантите окупираа неколку владини згради барајќи од нивните највисоки лидери да се повлечат. Претседателот Готабаја Раџапакса, неговата сопруга и двајца телохранители се качија на авион на […]

Новата подваријанта на короната „Кентаур“ брзо се шири и ги загрижува виролозите


Виролозите изразија загриженост за појавата на уште една омикронска варијанта која забрзано се шири, а веќе пристигна во Велика Британија. Варијантата БА.2.75 на корона вирусот, која ја нарекоа „Кентаур“, првпат беше откриена во Индија на почетокот на мај. Овде, случаите нагло се зголемија оттогаш, очигледно побрзо од оние на високо преносливата варијанта БА.5, која исто […]