Партијата на Путин предлага референдуми за анексија на украинските територии на 4 ноември


 

Партијата Единствена Русија на Владимир Путин предлага на 4 ноември да се одржи референдум за анексија на украинските територии кои се под контрола на руските сили.

„Доњецк, Луганск и многу други руски градови конечно повторно ќе го најдат своето матично пристаниште. И рускиот свет, денес поделен со формални граници, повторно ќе го најде својот интегритет, изјави секретарот на Генералниот совет на Единствена Русија Андреј Турчак, се вели во соопштението на партијата објавено денеска.

Русија на 4 ноември го слави Денот на националното единство.

– Би било соодветно и симболично да се одржат референдуми во Донбас и ослободените територии на 4 ноември, рече Турчак.