Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија. Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации. „Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, рече тој во онлајн обраќање. Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се …

Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија Read More »

ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина


Најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела, соопшти агенцијата за помош на ОН. „Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати“, се вели во статусниот извештај …

ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина Read More »

Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина во Белорусија


Руска делегација пристигна во Белорусија на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците, изјави Песков. – Ќе бидеме подготвени …

Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина во Белорусија Read More »

(Видео) Пристигнуваат снимки од Харков: Руски тенкови на улиците, некои запалени


Утрово Русите влегоа во Харков, вториот по големина украински град по Киев. Ова го потврди и локален политичар. Тој исто така рече дека има тешка борба на улиците и дека украинските сили го елиминираат непријателот. Тој ги повика жителите да останат во засолништа. На социјалните мрежи се шират снимки од руски возила во Харков. На …

(Видео) Пристигнуваат снимки од Харков: Руски тенкови на улиците, некои запалени Read More »

Зеленски: Украина формира странска легија за волонтери од странство


Украина формира странска „меѓународна“ легија на волонтери од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. „Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја“, нагласи Зеленски во изјавата.

Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца


Инвазијата на Русија врз Украина навлезе во чевртиот ден. Киев ја издржа ноќта под жесток напад на руските сили. Во текот на ноќта градот беше осветлен од две силни експлозии. Во нападите врз украинските градови имаше жртви, меѓу кои и деца. Русија, пак, се соочува со се построги санкции од меѓународната заедница. Во утринските часови …

Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца Read More »

Пекол на полската граница: Стотици илјади измрзнати и изморени Украинци бегаат од војната


Медика – Топлите зраци на утринското сонце ги отстрануваат последните знаци на мраз од автомобилите паркирани во бескрајни редови покрај патот. Медика – главниот граничен премин меѓу Полска и Украина – полека се буди, а исто така и десетици мажи и жени кои ја поминаа ноќта на паркинзи, чекајќи ги своите најблиски да пристигнат. Од …

Пекол на полската граница: Стотици илјади измрзнати и изморени Украинци бегаат од војната Read More »

Руските војници во Украина дезориентирани: Не знаеме во кого да пукаме, сите личат на нас


 Руските војници во Украина се дезориентирани, оценил  американски претставник за британски „Индепендент“. Според него,  тие се гладни и при крај со залихи, а некои руски војници се и збунети бидејќи не знаат што всушност прават во Украина.  Овој висок официјален претставник на САД  изјавил дека руските војници биле слушнати како се жалат дека украинскиот отпор …

Руските војници во Украина дезориентирани: Не знаеме во кого да пукаме, сите личат на нас Read More »

Путин не може да го урне ни интернетот, Елон Маск обезбедил сателит за Украина


Сателитскиот систем Starlink на Елон Маск, што обезбедува сигурен пристап до интернет, сега е активен во Украина. Овој потег уследи откако вицепремиерот на Украина го повика  Маск да им помогне, бидејќи системот SpaceX не бара никакви кабли со оптички влакна.Корисниците на земјата пристапуваат до сигналите за широкопојасен интернет што се враќаат на земјата со помош на …

Путин не може да го урне ни интернетот, Елон Маск обезбедил сателит за Украина Read More »

ЕУ ќе го замрзне имотот на руската централна банка


  Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина. Фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ ќе отстрани „одредени“ руски банки од платниот систем SWIFT, како одговор на клучното барање на Киев. Таа …

ЕУ ќе го замрзне имотот на руската централна банка Read More »

Руските војници гранатирале болничко возило и детска болница за лечење рак


Руски војници пукале во амбулантно возило, при што убиле две лица и раниле едно во близина на градот Керсон. Руските сили го гранатирале медицинското возило, кревајќи го во воздух. Возачот и пациентот изгореле живи, објави сајтот Сегодња. Пациентот бил повреден поради руско гранатирање претходно истиот ден. Руски проектил ја погоди и детската болница за рак …

Руските војници гранатирале болничко возило и детска болница за лечење рак Read More »

Пиварницата во Лавов ќе прави молотови коктели место пиво


Пиварницата Правда со седиште во Лавов се префрла на производство на молотови коктели. Пиварницата ги објави плановите откако Министерството за одбрана на Украина им наложи на цивилите да направат молотови коктели за да се спротивстават на инвазијата на руските сили.

Украина ќе формира „ИТ армија“


Украина ќе формира „ИТ армија“ за борба против дигиталните упади на Русија, изјави вицепремиерот Михаило Федоров. „Создаваме ИТ армија“, напиша Федоров во твит. „Ќе има задачи за сите. Продолжуваме да се бориме на кибер фронтот. Првата задача е на каналот за кибер специјалисти“.

 Германија ќе го затвори својот воздушен простор за руски летови


 Германските власти соопштија  дека државата се подготвува да го затвори својот воздушен простор за руски авиони. Министерот за транспорт Фолкер Висинг ја поддржува таквата мерка и нареди да се преземат сите подготовки за тоа, објави неговото министерство на Твитер. Неколку часа претходно, товарен авион на DHL, регистриран во Германија, нагло го заобиколи рускиот воздушен простор, …

 Германија ќе го затвори својот воздушен простор за руски летови Read More »

Најнови случувања околу руската инвазија на Украина


Русија им нареди на своите војници да напредуваат „од сите правци“ додека гранатира  украинската војска со крстосувачки ракети.Пентагон вели дека половина од руската инвазивна сила е веќе во Украина, но е фрустрирана од неочекуваниот цврст украински отпор, при што претседателот Володимир Зеленски тврди дека неговите војници го „исфрлиле од колосек“ рускиот план. Украинските војници го …

Најнови случувања околу руската инвазија на Украина Read More »

Функционер на НАТО тврди дека на руските војници им снемува дизел и мотивација


 Висок воен функционер на НАТО тврди дека Русија бавно напредува во Украина во обид да остави време за преговори, јави Си-Ен-Ен. „Тие имаат проблеми“, објасни официјалниот претставник, укажувајќи на најновите разузнавачки информации на алијансата. „Им недостига дизел, тие продолжуваат да успоруваат и моралот е очигледно проблем“. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на нивните …

Функционер на НАТО тврди дека на руските војници им снемува дизел и мотивација Read More »

Украина ги затвора границите со Русија и со Белорусија


Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, изјави украинскиот премиер Денис Шмихаил. Во видео изјава објавена на Телеграм, тој рече дека само на граѓаните на Украина ќе им биде дозволено да преминат од Русија и Белорусија во Украина. Сепак, тој не кажа кога ќе стапи на сила затворањето на границата.

Русија праќа „пламенофрлачи“ во Украина


Си Ен Ен вечерва покажа снимка како украинската граница ја преминува воено возило наречено „пламенофрлач“ кое  е забрането за употреба со меѓународните договори . Со целосно салво ова оружје ќе опустоши површина од 200 x 400 метри, убивајќи од прекумерен притисок, изгореници и задушување. Воените експерти на Си Ен Ен тоа го оценуваат како знак …

Русија праќа „пламенофрлачи“ во Украина Read More »

Путин наводно бил бесен што војната уште трае, објави естонски европратеник


  Естонскиот политичар и пратеник во Европскиот парламент Рихо Терас, кој беше командант на естонските одбранбени сили од 2011 до 2018 година, на Твитер објави дека рускиот претседател Владимир Путин е во неволја бидејќи неговиот напад врз Украина не напредувал толку брзо како што мислел дека ќе напредува. „Украински припадник на тајната служба ме информираше …

Путин наводно бил бесен што војната уште трае, објави естонски европратеник Read More »

(ВИДЕО) Украинци со обидуваат да запрат тенк со раце


Видеото е снимено во северноисточниот град на Украина, Бакмач, каде што жителите се обидуваат да запрат колона со тенкови да продолжи натаму – стоејќи пред нив и запирајќи ги со раце. Снимката го обиколи целиот свет бидејќи ја покажува неверојатната подготвеност  на Украинците да дадат отпор и да ја одбранат земјата.  Video of Ukrainians in …

(ВИДЕО) Украинци со обидуваат да запрат тенк со раце Read More »