ОН: Австралија ги прекрши човековите права на домородно островско население


 Комитетот на ОН за човекови права денеска заклучи дека Австралија ги прекршила човековите права на жителите на островите во теснецот Торес, во близина на нејзиниот северен брег, со тоа што не ги заштитила од ефектите на климатските промени. Тужбата беше поднесена пред три години од жители на островите во теснецот Торес и нивните деца, а […]

Русија нема да мобилизира дел ИТ експерти, банкари, новинари од државни медиуми


Дел руски ИТ експерти, банкари, новинари од државни медиуми нема да бидат повикани на воена служба во Украина во рамките на мобилизацијата. За ова денеска информираше руското Министерство за одбрана. Министерот за одбрана Сергеј Шојгу претходно неделава соопшти дека Русија ќе се обиде да повика дополнителни 300.000 војници за руската војна во Украина. Кремљ тоа […]

Кинезот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот е пронајден жив


Мажот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан е пронајден жив, објавија локалните медиуми, пренесува АП. Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември. Тој по 17 дена бил пронајден […]

Берлускони: Путин ја нападна Украина за постави „пристојни луѓе“ во Киев


  Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика бурни реакции со изјава за Владимир Путин непосредно пред општите избори во Италија во недела, пренесе ДПА. Берлускони (85) синоќа во ТВ интервју тврдеше дека лидерот на Кремљ бил притиснат да ја нападне Украина. – Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри да ја […]

Кадиров одби мобилизација во Чеченија: Веќе дадовме доволно војници


Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров, кој се смета за близок сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија. Тој во гостување во телевизиско шоу рече дека Чеченија „веќе го надминала планот за 254 проценти“. – Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254 отсто. Таквите показатели беа постигнати порано со формирањето на нови […]

Дуда: Можната употреба на нуклеарно оружје е очајнички и луд потег


 Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за полската државна телевизија ТВП изјави дека никој во ОН „не бледнее од страв“ поради заканите кои доаѓаат од Русија, вклучително и за нуклеарно оружје. – Рускиот лидер на некој начин направи грешка кога сугерираше нуклеарна закана бидејќи реакцијата е спротивна. Земјите кои беа внимателни во проценките за Русија […]

Иранскиот претседател го напушти интервјуто за Си-ен-ен, откако Аманпур одби да стави шамија на главата


Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од долго планираното интервју со ѕвездата на Си-ен-ен Кристијан Аманпур на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во средата, откако таа го одби барањето да носи шамија. Околу 40 минути пред интервјуто да започне, додека ги чекале претседателот, неговиот помошник и пренел на Аманпур дека претседателот „предложил“ таа […]

Шпанија се соочува со сериозен недостиг од педијатри


Речиси 600.000 деца и адолесценти во Шпанија немаат педијатар или друг лекар кој ќе се грижи за нив, покажуваат податоците на Шпанското здружение на педијатри од примарната здравствена заштита. Главниот град Мадрид и областа Навара се заедниците со најголем недостиг од овие професионалци. Потоа следат Андалузија и Каталонија. Се проценува дека за пополнување на ваквите […]

Во централна Кина црвен аларм поради недостиг на вода


Во централната кинеска провинција Џиангси за првпат е прогласен „црвен аларм“ поради недостиг на вода, бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво. Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци нивото од 19,43 метри падна на само 7,10 […]

Мобилизацијата на Путин може да биде крај на неговиот режим


Ослободувањето од страна на украинските трупи на  регионот Харков, претходно окупиран од Русија, создаде толку сериозна закана за целиот руски фронт што Путин мораше итно да објави мобилизација. Причината за растечките воени проблеми на Путин е позната: нема доволно војници, само „топовско месо“. Ако итно не ја засили својата војска со десетици илјади регрути, фронтот […]

Финска: Сообраќајот на границата со Русија е зголемен


Сообраќајот во Финска, на нејзината југоисточна граница со Русија продолжува да биде зголемен, изјавија граничарите  за „Ројтерс“ во петокот, додавајќи дека бројот на руски државјани што влегле во земјата е повеќе од двојно зголемен во четвртокот во споредба со претходната недела. Финска размислува да им забрани на повеќето Руси да влезат во земјата откако се […]

Фиона викендов се очекува да удри на брегот на Канада


Ураганот Фиона е на пат кон Канада, откако повеќе денови се задржа над Карибите, а вчера помина покрај Бермудските острови како бура од трета категорија, јави Си-ен-ен. Ураганот се очекува да удри на брегот на Канада во сабота наутро. -Ова може да биде канадска верзија на ураганот Сенди, бидејќи носи комбинација од карактеристики на ураган и зимска бура, изјави канадскиот метеоролог Крис Фогарти. Ураганот […]

Во окупираните делови на Украина почнаа референдуми за припојување кон Русија


Во окупираните делови на Украина почнаа референдуми за присоединување кон Русија, пренесува АФП. Набрзина организираните референдуми во окупираните делови на Украина ќе траат четири дена. Прашањата на гласачкото ливче малку се разликуваат по регион. Во Доњецката Народна Република, прашањето, кое се поставува само на руски, ќе гласи: „Дали сте за приклучување на ДНР кон Руската […]

Иранскиот претседател вети истрага по смртта на Амини


Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека смртта на девојката која почина откако беше приведена од полицијата, што предизвика протести во Иран, ќе биде истражена. – Бидете уверени дека истрага сигурно ќе биде отворена, им рече Раиси на новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, наведувајќи дека извештајот од обдукцијата не утврдил злоупотреба […]

Сергеј Лавров кажа што кажа и го напушти Советот за безбедност


  ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Соединетите Американски Држави ги повикаа другите земји да ѝ кажат на Русија да престане со нуклеарните закани и да стави крај на „ужасот“ од нејзината војна во Украина додека највисоките дипломати на сите три земји зборуваа – но не се сретнаа баш – на состанокот на Советот за безбедност на ОН […]

Путин втеран во ќош е поопасен од кога било, анализа на „Њујорк тајмс“


  Заканувачкото телевизиско обраќање на Владимир Путин во средата беше многу повеќе од обид да го промени курсот на неговата непоколеблива војна против Украина. Се обиде да ја преврти војната за агресија против соседот во одбрана на загрозената „татковина“, тема што одекнува кај Русите натопени во патриотската историја. Путин, рускиот претседател, имаше за цел да […]

Орбан сака санкциите за Русија да се укинат до крајот на годината


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан сака санкциите на ЕУ кон Русија да бидат укинати до крајот на годината, објави во четвртокот провладиниот дневен весник „Маѓар немзет“. Орбан, кој бараше блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин во последниве години, често ги оспоруваше санкциите што беа воведени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина. Според Орбан, […]

Русин со билет во еден правец: „Не дозволувам Путин да ме претвори во убиец“


Неколку часа откако Владимир Путин ја шокираше Русија со објавувањето на првата мобилизација по Втората светска војна, Олег ја прими поканата за регрутација во поштенското сандаче, со наредба  да се упати до локалниот центар за регрутирање во Казан, главниот град на републиката Татарстан. Како 29-годишен наредник во руските резерви, Олег рече дека отсекогаш знаел дека ќе […]

Над 1.300 уапсени во Русија на протестите против мобилизацијата (Видео)


Над 1.300 лица се уапсени во Русија по протестите што експлодираа во повеќе градови низ земјата , откако претседателот Владимир Путин објави делумна мобилизација. Независната мониторинг група за протести ОВД-Инфо соопшти дека според информациите што ги собрала од 38 руски градови, до доцна вечерта биле приведени повеќе од 1.311 лица. Over 1,300 people were detained […]

Блинкен: Не можеме да дозволиме Путин да помине неказнето


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја повика меѓународната заедница да го принуди рускиот претседател Владимир Путин „да ја плати сметката поради инвазијата на Украина“. „Не можеме да му дозволиме на претседателот Путин да помине неказнето“, рече шефот на американската дипломатија на седницата на Советот за безбедност посветена на Украина. „Меѓународниот поредок кој нè собра […]