Фесер: Германија подготвена да прифати дезертери од руската армија кои се изложени на ризик


Германија е подготвена да прифати дезертери од руската армија кои се изложени на ризик од сериозни репресии, изјави германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Оној кој храбро му се спротивставува на Путин и на тој начин се става во голема опасност може да побара политички азил во Германија“, рече Фесер. Германскиот […]

Бројот на жртви во немирите во Иран се искачи на 31 лице


Бројот на жртви во немирите во Иран се искачи на 31 лице. Иранската револуционерна гарда денеска го повика државното судство да ги осуди оние „кои шират лажни вести и гласини“ за 22-годишната Махса Амини. „Побаравме од судството да ги идентификува оние кои шират лажни вести и гласини на социјалните мрежи, како и оние на улиците […]

Русите нагрнаа кон границите по објавувањето на мобилизацијата


  Видеото на социјалните мрежи од копнените граници на Русија со неколку земји покажува долги сообраќајни колони од автомобили кои се обидуваат да ја напуштат земјата на денот откако претседателот Владимир Путин најави „делумна мобилизација“. Редици имаше на граничните премини кон Казахстан, Грузија и Монголија. Едно видео покажа десетици возила како се редат на контролниот […]

„Аерофлот“ ќе им ги врати парите за билети на мобилизирани Руси


Руската државна авиокомпанија „Аерофлот“ денеска соопшти дека ќе им ги врати парите за билети купени пред средата на оние Руси кои беа мобилизирани, јави „Си-ен-ен“. „Граѓаните кои подлежат на воен рок, а купиле билети пред 21 септември 2022 година (вклучително) имаат право на неволно (надвор од контрола на клиентот) враќање на парите за билетот“, се […]

(Видео) Синот на портпаролот на Путин не сака баш да војува: „Мора да разберете… ќе го решам на друго ниво“


Водителите на рускиот канал на Јутјуб, „Популарна политика“, основан од поддржувачи на Алексеј Навални, во средата му се јавиле на 32-годишниот син на Дмитриј Песков, прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин. Шегаџиите (прангстери), кои се преправале дека се службеници за регрутирање, му рекле на 32-годишниот Николај Песков дека тој е повикан во војска и треба […]

(Видео) Жените плачат, мажите заминуваат со автобуси: Снимки од мобилизацијата во Русија


Еден ден по прогласувањето на делумна мобилизација од Русија пристигнуваат снимки каде се гледа како луѓето се простуваат од мажите кои заминуваат во војна. На социјалните мрежи се појавија снимки од Русија, кои покажуваат како изгледа мобилизацијата во таа земја по вчерашната објава на Путин. Снимките пристигнуваат од различни делови на земјата, а една е […]

Русија ќе мобилизира еден милион луѓе, стои во тајниот параграф, открива „Нова газета Европа“


  Тајниот седми параграф од декретот за мобилизација му дозволува на Министерството за одбрана да мобилизира еден милион луѓе. Ова ова изданието „Нова газета Европа“, го изјави извор од претседателската администрација на Русија. Ден претходно, на веб-страницата на порталот за правни информации беше објавено скенирање на указот на Владимир Путин за воведување „делумна мобилизација“ во […]

„Путин блефира“, вели поранешниот руски премиер Михаил Касјанов


  Поранешниот руски премиер Михаил Касјанов тврди дека заканата на Владимир Путин за употреба на нуклеарно оружје во Украина е „блеф“ и предвиде колапс на неговиот режим во рок од две години. Касјанов, кој беше премиер под претседателот Путин помеѓу 2000 и 2004 година, пред да биде сменет и прогонет, рече дека „многу се сомнева“ […]

Најмалку девет жртви во немирите во Иран поради убиството на младата Амини


 Најмалку деветмина загинаа во конфликти меѓу Иранци и полицијата. Причината за немирите низ Иран е смртта на 22-годишната девојка убиена од полицијата затоа што неправилно носела хиџаб, јавија дел од локалните медиуми. There is a revolution happening in Iran. Iranian people are fighting back against the Islamic regime like never before. I support their noble […]

Две лица загинаа во земјотресот во Мексико


Две лица загинаа денеска во главниот град на Мексико во земјотресот со јачина од 6,8 степени. Земјотресот се случи утринава, три дена по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот и централниот дел на Мексико. И тогаш загинаа две лица. Епицентарот на денешниот земјотрес бил во државата Мичоакан во западно Мексико […]

„Смрт за диктаторот“: Растат протестите во Иран


  На почетокот тоа бела мали протести, пред здравствениот центар во Техеран, во кој 22-годишната Иранка по име Махса Амини почина откако беше приведена од „полицијата на моралот“ поради тоа што не носела шамија. До вторник, протестите се раширија низ Иран во излив на тага, гнев и пркос. Многуа беа предводени од девојки, кои ги […]

ЕК не се произнесе за барањето на Зеленски за специјален суд за Русија


 Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера од Њујорк побара воспоставување на специјален суд за воените злосторства на Русија, но Брисел претпочита да се користат постоечките законски рамки. Ова го изјави денеска портпаролот на Европската Комисија, Кристијан Виганд, на новинарско прашање кој е ставот на Комисијата за ова барање на Зеленски. -Свесни сме за повикот за специјален […]

Русија го ослободи и командантот на батолјонот „Азов“


  Во рамките на најголемата и досега најзначајната размена на заробеници меѓу Москва и Киев, Русија го ослободи и Денис Прокопенко, командантот на баталјонот „Азов“ која ја бранеше челичарницата во Мариупол. Според украинските власти, 215 лица се ослободени од руско заробеништво, меѓу кои: пет команданти за одбрана на „Азовстал“ 124 офицери 108 борци од „Азов“ […]

За првпат во Северна Ирска повеќе католици од протестанти


За првпат Северна Ирска има повеќе католици од протестанти, покажаа денешните резултати од пописот на населението. Дел медиуми пишуваат дека станува збор за историски потег за кој некои веруваат дека ќе помогне да се зголеми поддршката за покраината да се одвои од Велика Британија и да се приклучи на обединета Ирска. Според податоците од пописот […]

Виена повеќе не прима бегалци – се подготвува за зимата


  Властите на градот и покраината Виена, соопштија дека престануваат со понатамошен прием на бегалци поради пречекорување на квотата. „Во моментот овде доаѓаат помеѓу 50 и 100 луше од Украина. Се подготвуваме за претстојната зима, која може да донесе згооемен раст“, вели покраинскиот секретар за социјлани прашања Петер Хакер. Тој додава дека Виена се подготвува […]

Католиците за првпат се побројни од протестантите во Северна Ирска


  Католиците за прв пат ги надминаа протестантите во Северна Ирска, демографска пресвртница која најверојатно ќе ги интензивира политичките барања за референдум за обединување на Ирска. Долгоочекуваните податоци од пописот на Северна Ирска во 2021 година објавени во четвртокот, исто така, го потврдуваат порастот на граѓаните кои се одлучуваат за ирско наместо британско државјанство поттикнато […]

Медведев пак се заканува: „Русија го избра својот пат. Нема враќање“


  Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и премиер, а моментално заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, објави уште една порака на Телеграма која ја содржи неговата типично јастребска реторика. Тој вели: „Ќе се одржат референдуми, а републиките во Донбас и другите територии ќе бидат примени во Русија. Заштитата на сите територии што се приклучија […]

Русија разменила 200 украински бранители за да го добие Медведчук


Украина успеа да врати 215 украински војници, меѓу кои и повеќе од 100 бранители на Азовстал, од кои  пет команданти на Азовскиот полк, прогласен за терористичка организација во Русија. Размената беше изненадување на денот кога рускиот претседател Владимир Путин остро го ескалираше конфликтот со најава на делумна воена мобилизација – прва по Втората светска војна […]

Претседателот на рускиот Парламент ги повика пратениците да војуваат


Рускиот парламентарен лидер Вјачеслав Володин ги повика пратениците на Државната дума да учествуваат во војната во Украина по наредбата за делумна мобилизација. – Оние кои ги исполнуваат условите за делумна мобилизација треба да помогнат со нивното учество во специјалната воена операција, објави денеска шефот на Думата на својот канал на Телеграм, пренесува ДПА. – Нема […]

ЕУ бара Русија веднаш да ги ослободи затворениците на Крим


Европската Унија очекува веднаш сте нелегално затворени Украинци да бидат ослободени од страна на Русија, вклучително и на Крим, јави дописничката на МИА од Брисел. Руските власти на Крим, кои се сметаат за нелегитимни од страна на ЕУ, вчера прогласија казни против неколку политички претставници како првиот потпретседател на владата на кримскиот татарски народ, Нариман […]