Во Днипро за еден ден ги поправија кратерите од руските ракети


 

Вчера изгледаше како град со многу рани предизвикани од руските ракети кои претежно доаѓаа од Црното Море, а денес украинскиот град Днипро се разбуди како никогаш да ги немало кратерите. Украинските комунални служби покажаа извонредна агилност да ги закопаат кратерите од руските ракети и да го асфалтираат патот за неговите жители што помалку да се потсетуваат на нападот, а и сообраќајот да тече без прекин.