Британска медицинска сестра убила седум бебиња


Луси Летби (32) обвинета е за убиство на пет момчиња и две девојчиња, како и за обид за убиство на 10 други бебиња во болницата „Грофицата од Честер“.

Обвинетата во судот во Манчестер се изјаснила за невина по 22 точки од обвинението.

„Пред декември 2015 година, податоците за морталитет на бебињата во неонаталното одделение на болницата биле споредливи со други слични единици. Но, во текот на следните 18 месеци дошло до значителен пораст на смртноста на бебињата“, рече во текот на судењето обвинителот Ник Џонсон.

Додава дека лекарите забележале оти ненињата кои колабирале не реагирале на соодветната терапија и навремената реанимација“, пишува Би-би-си.

Некој ги труел со инсулин

Меѓу неколкуте случаи кои ги наведе обвинителот се и момчиња кои се отруени неколку дена по раѓањето. Џонсон вели дека нивото на шеќер во крвта им паднало до опасни нивоа.

„Во двата случаи некој ги отрул со инсулин. Луси Летби тогаш била на должност, па ние тврдиме дека таа ги отрула“, додава.

Секое од момчињата имало брат близнак од кои едниот не преживеал по нападот затоа што во крвта му е вбризган воздух.

Била чудна, но се чинело дека е добар човек

Летби беше уапсена во 2018 година поради сомнеж за убиство на седум бебиња. До апсењето дојде по долготрајна истрага за високата стапка на смртност на бебињата в болница.

Летби во 2014 година во разговор за локалните медиуми изјавила дека почнала да работи во болница откако дипломирала во 2011 година.

Нејзиниот пријател Џордан Сандс за локалните медиуми изјави дека е шокиран од апсењето: “Беше чудна, но се чинеше како добра личност“.

Нејзините соработници изјавија дека била одговона кон својата работа, а еден ја опиша како „прекрасна личност“. Судењето на Летби е во тек и може да трае до шест месеци.