Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија


  Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега ја нарече Католичката црква „совршена диктатура и совршена тиранија“, две недели откако папата Франциско рече дека „има дијалог“ со Манагва. – Кој ги избира свештениците? Кој ги избира кардиналите? Кој го избира папата? … тоа е совршена диктатура, совршена тиранија!, изјави Ортега во говорот по повод 43-годишнината од формирањето […]

Драматични сцени од Флорида: „Ова е историски ураган“


  Ураганот Ијан со катастрофална сила удри во заливскиот брег на Флорида, погодувајќи ја државата со разорни ветрови, пороен дожд и опасни океански бранови што ја направија една од најмоќните бури во историјата што ги погодила САД. Ијан го погоди островот Кајо Коста како ураган од четврта категорија со постојан ветер од 241 километар на […]

Омилената олимпијка на Путин ја напушти Русија и не планира да се врати


  Омилената олимпијка на Владимир Путин во синхронизирано пливање, Анастасија Давидова (39), ја напушти Русија „без планови за враќање“. Петкратната освојувачка на златен медал и генерален секретар на Рускиот олимписки комитет изненади со нејзиното заминување од тимот, а тоа се смета за симболичен удар за рускиот претседател. Давидова сѐ уште не дала изјава, но се […]

Шпанија размислува за намалување на работната недела на 35 часа


  Министерството за финансии на Шпанија разгледува предлози за зголемување на платите за 3,5 отсто на јавните службеници, како и за намалување на работната недела на 35 часа, јавија шпанските медиуми. Генералниот секретар на работничките комисии Унаи Сордо во интервју за ТВ каналот „24 часа“ не сакаше да шпекулира со бројките, но јасно го кажа […]

Бела куќа: Москва ги фалсификува резултатите од референдумите


  Од Белата куќа денеска истакнаа дека САД не ги признаваат резултатите од референдумите во југоисточна Украина и истакнуваат дека секој аспект од овие гласања „беше исценииран“ и одржан „под закана на оружје“. -Руските власти ги фалсификуваа резултатите од овие референдуми за потоа да кажат дека украинскиот народ се изјаснил да биде дел од Русија, […]

Пратеници на ЕП бараат прекин на преговорите со Србија поради Русија


Европскиот парламент ќе побара од Европската унија да ги прекине преговорите за членство со Србија додека таа не воведе санкции кон Русија, се вели во нацртот на новата стратегија на ЕУ во процесот на проширување, до која Радио Слободна Европа имаше пристап. „Дајте приоритет на усогласувањето на земјите-членки со заедничката надворешна и безбедносна политика на […]

ЕУ објави ограничување на цената на руската нафта во новиот пакет санкции


  Европската комисија предлага ограничување на цената на руската нафта како дел од нејзиниот најнов пакет санкции против Москва поради нејзината војна со Украина. Новиот пакет доаѓа по најавата на Кремљ за делумна мобилизација, референдуми за анексија во областите окупирани од Русија во Украина и закани за употреба на нуклеарно оружје. Пакетот, исто така, има […]

Илјадници Чеси излегоа на улиците, протестирајќи против НАТО и ЕУ


Неколку десетици илјади Чеси се собраа денеска во Прага на протест против владиното управување со енергетската криза и членството на земјата во НАТО и Европската унија. Протестите на главниот плоштад во Прага на националниот празник беа организирани од екстремната десница и други екстремни политички групи како што се комунистите, а полицијата процени дека има десетици […]

САД работат на воведување нови санкции за Русија по референдумот во Украина


 САД соработуваат со сојузниците и партнерите брзо да наметнат остри економски трошоци за Москва поради „лажните“ референдуми што Русија ги одржува во окупираните региони на Украина, се вели во подготвените забелешки од шефот на координацијата за санкции на Стејт департментот на САД. Џејмс О’Брајан, во сведочењето подготвено за Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече […]

Владите на Бугарија и на Полска ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Русија


Владите на Бугарија и Полска ги повикаа своите граѓани кои сè уште се во Русија веднаш да ја напуштат таа држава. Според Гардијан, тоа би можело да биде потег кој ќе доведе до уште поголем метеж на граничните премини, со оглед на тоа што се повеќе луѓе бегаат од Русија од мобилизацијата. МНР на Бугарија […]

ЦИА ја предупреди Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море


 Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) ја предупредила Германија пред неколку недели за можни напади врз гасоводи во Балтичкото Море, објави германскиот магазин „Шпигел“, откако беа пријавени истекувања на гас од гасоводи од Русија до Германија. Повикувајќи се на неименувани извори, „Шпигел“ пишува дека германската Влада го добила предупредувањето од ЦИА летоска. Се додава дека […]

Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток


Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“. САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението. Во […]

ЕК предложи нов пакет санкции против Русија


  Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево го презентираше новиот пакет санкции по нелегалните референдуми во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што изјави фон дер Лајен, новите санкции предвидуваат нови забрани за увоз на дополнителни производи од Русија во ЕУ, но и нов список на производи што не смеат […]

Нови украински пробиви во регионот Донецк


  Украинските сили постигнаа дополнителни успеси во источниот регион Донецк, според геолокацираното видео на социјалните мрежи и извештаите на руски воен блогер во областа. Видеата на социјалните мрежи покажаа контингент украински војници како го креваат националното знаме во градот Новоселивка, а геолокацираното видео покажува украински воени возила како се движат низ блискиот кварт Зелена Долња. […]

Ердоган остро ги осуди „референдумите“


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше руските „еднострани референдуми“ во окупираните области на Украина во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски. Ердоган, наводно, ги опиша референдумите како „извор на загриженост“ што „ќе го отежне заживувањето на дипломатскиот процес“. Турција, членка на НАТО, има блиски врски и со Москва и со Киев, при […]

Руските гасоводи можеби се уништени засекогаш, пишува „Тагесшпигел“


  Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ известува дека германските власти претпоставуваат дека три делници од „Северент тек 1 и 2“ би можеле да бидат „засекогаш неупотребливи“, бидејќи солената вода би ги кородирала цевководите доколку не се поправат брзо. Поради сложеноста на нападот, експертите и оние во германските владини кругови веруваат дека тој би можел да го […]

Сто илјади Руси избегале во Казахстан за една недела


  Околу 100.000 Руси преминале во соседен Казахстан во последната недела, според висок владин претставник во земјата. Од 100.000 Руси кои влегле во Казахстан, повеќе од 64.000 веќе ја напуштиле земјата, рече во средата Марат Кожеев, заменик-министер за внатрешни работи на Казахстан. Тој не кажа каде патуваат. „Ниту едно кривично дело или кривично дело со […]

Продадена првата од запленетите јахти на руските олигарси


  Непознат купувач ја купи луксузната јахта „Аксиома“ од рускиот олигарх Димитри Пумпиански на задолжителна аукција во Гибралтар за 37,5 милиони долари, објави судот на британската прекуморска територија на јужниот дел на Шпанија. „Аксиома“ долга 73 метри е првата јахта во сопственост на олигарх што сменила раце поради санкциите кои произлегуваат од руската агресивна војна […]

Пет земји-членки на НАТО учествуваат во воената вежба во Унгарија


Повеќе од 1.200 војници од пет земји-членки на НАТО со употреба на тенкови, хаубици и борбени хеликоптери почнаа воени вежби во близина на  Будимпешта, што ќе траат до крајот на септември. Во воената вежба Храбар воин 2022 учествуваат војници од Унгарија, САД, Италија, Словачка и од Хрватска, кои користат хеликоптери Апачи, тенкови Леопард 2, самоодни […]

И Австрија ја враќа контролата на границата со Словачка


  Австрија од вечерва воведува контроли на границата со Словачка, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи. Одлуката уследи откако Владата на Чешка најави дека од 29 септември привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција. Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракусан изјави дека годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално […]