Шолц нареди трите нуклеарни централи во Германија да работат до средината на април


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нареди трите национални нуклеарни централи да останат во функција до средината на април следната година, за да се избегнат можните недостигања во снабдувањето со електрична енергија.
Како што соопшти кабинетот на Шолц, германскиот канцелар денеска ја соопштил својата одлука преку писмо што го испратил до Владата.
Министерот за економија Роберт Хабек, кој припаѓа на Партијата на зелените, тврди дека само две електрани треба да останат во функција по 31 декември, датумот закажан за затворање на сите електрани.
Министерот за финансии, пак, Кристијан Линднер од партијата Слободни демократи смета дека сите три електрани треба да продолжат со работа и по април.