Мобилизацијата во Москва завршува денеска 


Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека канцелариите за мобилизација во Москва денеска ќе бидат затворени, пренесува AFP.

Ова, според руските власти, е крај на мобилизацијата во главниот град. Собирните пунктови за мобилизирани лица ќе се затворат на 17 октомври 2022 година во 14 часот, најави Собјанин.

Најавата на градоначалникот дојде три дена откако претседателот Владимир Путин вети дека ќе ја заврши мобилизациската акција „во рок од две недели“.

Рускиот лидер рече дека веќе се мобилизирани 222 илјади луѓе од целните 300 илјади. Москва, која вообичаено има многу помалку војници од посиромашните и пооддалечените региони на Русија, е прва што ја укинува мобилизацијата.