Поради војната поскапе и асфалтот – го увезувале од Русија


 

Од британската Управа за патишта соопштија дека зголемена е цената за асфалтот за 22 отсто, а тоа поскапување се одразува на безбедноста на патиштата.

Европа ги чувствува последиците од руската инвазија на Украина. Речиси невозможно е да се пронајде сектор во кој не се чувствуваат последиците.

Така и Кралскиот автомобилски клуб ги критикуваше извештаите за моменталната состојба на патиштата во таа земја.

За што се работи? За дупките на патиштата! Според податоците на клубот, 60 отсто од асфалтот што се користи за крпење на дупките на коловозот доаѓа од Русија, земја која го ограничи зивозот на овој материјал како одмазда за економските санкции кои ѝ ги наметна меѓународната заедница.

Ефектот на оваа рестрикција е јасен. Од британската Управа за патишта соопштија дека зголемена е цената на овој важен материјал за 22 отсто, а тоа поскапување се одрази на безбедноста на патиштата.

Прелиминарната студија на ситуацијата, спроведена пред судирот, веќе покажа дека се потребни вложувања за поправка на патиштата од дури 12 милијарди фунти. Но, многу проекти сега сстојат поради поскапување на метеријалите.

За да се носи со стопанската криза, британската влада за третина го намали буџетот наменет за субвенционирање на локалните заедници, а тоа исто така влијае на квалитетот и одржувањето на патиштата.