Путин ги анектира окупираните територии и ја повика Украина на мировни преговори


  Владимир Путин потпиша „пристапни договори“ со кои се формализира руската нелегална анексија на четири окупирани региони во Украина, што го означува најголемото насилно преземање на територија во Европа од Втората светска војна. Церемонијата на потпишување, одржана во спротивност на меѓународното право, се одржа во Големата палата во Кремљ во присуство на политичките елити во […]

„Нова надеж“ – Зеленски го вклучи Лук Скајвокер да ѝ помогне на Украина


  Лук Скајвокер – т.е., Марк Хамил, актерот што го игра во „Војна на ѕвездите“ – е именуван за амбасадор на проектот за собирање средства што го води украинската влада. Хамил ќе биде амбасадор на проектот „Армија на дронови“, се наведува на официјалната веб-страница на украинскиот претседател. Проектот вклучува набавка и одржување на дронови, како […]

Бродовите на „Маерск“ ќе пловат побавно за да заштедат гориво


Данскиот логистички гигант „Маерск“ најави дека во иднина неговите контејнерски бродови ќе пловат побавно за да заштедат од скапото гориво, што е промена од пандемиската политика на брзи испораки. „Маерск“ годинава очекува стабилен или дури и намален обем на транспорт преку океаните поради пониските лични трошоци во САД и намаленото расположение предизвикано од руската инвазија […]

Руската полиција доби забрана да патува во странство


  Министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев ѝ забрани на полицијата да ја напушти Русија по најавата за мобилизација. Ова го пренесуваат неколку руски медиуми. Телеграмскиот канал пишува дека наредбата за забрана за патување е потпишана на 23 септември. Според него, службениците на редот кои купиле авионски билети или тури по најавата за мобилизација нема […]

Украинските сили ја опколиле руската група војници кај клучниот град Лиман (Видео)


  Американскиот институт за проучување на војната (ИСВ) во дневниот преглед на војната во Украина пишува дека украинската војска ја опколила руската група во близина на градот Лиман (регионот Донецк). ИСВ, повикувајќи се на неименуван руски воен дописник, известува дека украинските војници ја пробиле руската одбрана во близина на селото Ставки, 10 километри северно од […]

Убиен висок функционер на руските окупациски власти во Херсон


  Алексеј Катериничев, претставник на окупаторските власти на регионот Керсон во Украина, загина како резултат на прецизен удар на украинската војска од ракетен систем со повеќекратно лансирање ХИМАРС. Ова за ТАСС го изјави заменик-шефот на таканаречената воено-цивилна администрација (МАЦ) на окупираниот регион Кирил Стремусов. Според него, ноќта на 30 септември две ракети ја погодиле зградата […]

Италија ја укинува обврската за носење маски во јавниот превоз


Италијанците повеќе нема да бидат задолжени да носат маски во јавниот превоз, соопшти Министерството за здравство. Во соопштението се наведува дека условот за носење маски во возовите, автобусите и траектите, кој истекува денеска, нема да се обнови. Маските остануваат задолжителни само за болниците и домовите за стари лица. Италија е една од земјите што беше […]

Протестите во Иран не запираат, досега 83 загинати


  Протестите продолжија во неколку градови низ Иран во четвртокот против смртта на млада жена во полициски притвор, објавија државните и социјалните медиуми, a група за човекови права соопшти дека најмалку 83 лица биле убиени во речиси двенеделните демонстрации. Махса Амини (22) од иранскиот курдски град Сакез, беше уапсенa овој месец во Техеран поради „несоодветна […]

(Видео) Претседателот на руски Дагестан побесне поради мобилизацијата


  Претседателот на руската република Дагестан, ско се суди според снимката објавена синоќа, побесне на руските војници задолжени за мобилизација, кои се возеле низ градот Дербент и преку звучник повикувале „сите машки државјани да се јават во мобилизациските канцеларии.“ „Како офицерите за мобилизација во Дербент може на таков начин да ги повикуваат луѓето да се […]

Масакр врз цивили во Украина: Руски сили истрелаа ракети кон конвој, 23 загинати


Руски сили утринава истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, објави Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје. Станува збор за конвој цивили кои со автомобили оделе да ги земат своите роднини од териториите под руска окупација. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви […]

Ван дер Белен води во предизборната претседателска трка во Австрија


 Актуелниот австриски претседател Александар ван дер Белен, на една недела пред претседателските избори, во анкетите на јавното мислење води пред другите противкандидати со 56 отсто од гласовите. Ван дер Белен, на изборите закажани за 9 октомври, од Австријците бара да му го овозможат вториот претседателски мандат. Истражувањето на институтот „Лазарсфелд“ покажува дека Ван дер Белен […]

Експлозија во образовен центар во Кабул, најмалку 19 жртви


  Најмалку 19 лица загинаа, а десетици се ранети во самоубиствен напад врз едукативен центар во авганистанската престолнина Кабул, соопшти полицијата.   Се уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но многу од жителите на областа каде што се случи експлозијата се Хазари, етничко малцинство кое беше цел на претходни напади од терористичката организација […]

Путин денеска ќе ги анектира четирите окупирани украински региони кон Русија


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска во 14 часот по средноевроспко време, на церемонија во Големата сала во Кремљ, ќе ги припои кон Русија четирите окупирани украински региони-Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера најави дека Путин ќе ги потпише документите за анексија во присуство на лидерите на четирите региони кои […]

Ураганот Ијан повторно зајакна, се приближува до Јужна и Северна Каролина


  Ураганот Ијан повторно зајакна и денеска ќе се приближи до брегот на Јужна Каролина, објави Националниот центар за урагани (НХЦ).   Иан, кој ослабна до тропска бура откако ја опустоши Флорида, сега е оддалечен околу 540 километри од Кејп Феар, Северна Каролина, а ветровите дуваат со брзина од 120 километри на час.   „Иан […]

Зеленски ги повика припадниците на малцинствата во Русија да се спротивстават на мобилизацијата


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика припадниците на малцинствата низ Русија да се спротивстават на обидите за мобилизација, порачувајќи им дека не мора да загинат во „срамната војна“. Зеленски го изјави ова во видео порака пред церемонијата денеска во Кремљ што ќе го одбележи припојувањето на четири украински региони под руска окупација кон Русија. […]

Остин: Прерано е да се каже кој би можел да стои зад прекинот на гасоводот Северен поток


  Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека се уште е рано да се каже кој би можел да стои зад прекинот на гасоводот „Северен поток“. „Кога зборуваме за нападот – или оштетување на гасоводот, мислам дека во овој момент има многу шпекулации. Но, искрено, додека не се спроведе целосна истрага, никој нема да […]

Путин ги потпиша указите за признавање на независноста на Хесонската и Запорошката област


  Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги потпиша указите за признавање на регионите Керсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо прифатените принципи и норми на меѓународното право, признавајќи го и потврдувајќи го принципот на еднаквост и самоопределување на народите, содржани во Повелбата на Обединетите нации, земајќи ја предвид волјата на народот на […]

Уште еден руски директор се „самоуби“ – на балконот од куќата


  Руски извршен директор е пронајден мртов на балконот на неговиот дом во Москва – само последното во серијата „самоубиства“ кои изгледаат сомнителни. Павел Пчелников (52), ПР-менаџер за Руските железници, беше пронајден застрелан во неговиот дом во зелената населба Коломенска рано во средата. Тоа го прави најмалку десеттиот Русин од висок профил кој доживеал смрт […]

Војната во Украина е резултат на распадот на СССР, тврди Путин


  Владимир Путин го обвини Западот дека е подготвен да предизвика „револуции“ и „крвопролевање“ во која било земја. Во коментарите без докази, рускиот претседател исто така тврди дека конфликтите во земјите од поранешниот СССР, вклучително и Украина, се резултат на распадот на Советскиот Сојуз. „Доволно е да се погледне што се случува сега меѓу Русија […]

Кралска драма во Данска: Кралицата им ги одзеде титулите на четири внуци


  Се појави јаз во данското кралско семејство по одлуката на кралицата Маргрета да им ги одземе кралските титули на четворица од осумте нејзини внуци за да ја направи монархијата „отпорна во иднината“. Маргрета (82), која годинава прослави половина век на тронот, во четвртокот објави дека од следната година децата на нејзиниот помал син, принцот […]