Путин прогласи воена состојба во четири украински региони што ги анектираше


Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека потпишал закон за воведување воена состојба во четирите украински региони кои Кремљ се обиде да ги присоедини, што е кршење на меѓународното право, јави Си-Ен-Ен.

Региони се Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск.

Путин ова го соопшти за време на состанокот на рускиот Совет за безбедност.

Тој додаде дека шефовите на тие области ќе добијат дополнителни овластувања за обезбедување сигурност на граѓаните.