Американски борбени авиони пресретнаа два руски бомбардери над Алјаска


Руски стратешки бомбардер „Ту-95“

САД–   Американски борбени авиони пресретнале два руски бомбардера во близина на американската држава Алјаска, соопштија американските власти, јави ДПА.

Два борбени авиона Ф-16 на американските воздухопловни сили пресретнаа вчера два руски бомбардери Ту-95 кои на 17 октомври влегоа во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска, соопштија официјални лица.

НОРАД истакна дека тоа не го гледа како закана ниту како провокација, а исто така рутински го следи движењето на странските авиони и ги придружува надвор од зоната за идентификација на противвоздушната одбрана доколку е потребно.