Во Днипро за еден ден ги поправија кратерите од руските ракети


  Вчера изгледаше како град со многу рани предизвикани од руските ракети кои претежно доаѓаа од Црното Море, а денес украинскиот град Днипро се разбуди како никогаш да ги немало кратерите. Украинските комунални служби покажаа извонредна агилност да ги закопаат кратерите од руските ракети и да го асфалтираат патот за неговите жители што помалку да […]

В четврток во Астана средба Путин – Ердоган


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин в четврток во Астана ќе има средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган за да разговара за ситуацијата во Украина и билатералните односи, соопшти денеска Кремљ. Состанокот ќе се одржи во главниот град на Казахстан, на маргините на регионалниот самит во Астана, додаде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков […]

Санкции за Белорусија доколку се вклучи во украинскиот судир


Франција– Шефицата на француската дипломатија Кетрин Колона во изјава за француското радио денеска кажа дека Белорусија би можела да се соочи со санкции доколку се повеќе се вклучува во конфликтот во Украина. Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека им наредил на безбедносните сили да се распоредат во близина на украинската граница, заедно со руските […]

Нехамер ја критикува ЕК поради недејствувањето за зголемениот број мигранти во Европа


Германија–  Австрискиот канцелар Карл Нојхамер остро ја критикуваше Европската комисија заради недејствувањето во врска со големиот раст на бројот на мигранти. „Очекувам Европската комисија да почне да дејствува, бидејќи се повеќе членки на ЕУ се незадоволни“, изјави Нехамер во интервју за германскиот весник „Велт“. Тој праша зошто ЕК како заштитник на сите договори конечно не се […]

Британска медицинска сестра убила седум бебиња


Луси Летби (32) обвинета е за убиство на пет момчиња и две девојчиња, како и за обид за убиство на 10 други бебиња во болницата „Грофицата од Честер“. Обвинетата во судот во Манчестер се изјаснила за невина по 22 точки од обвинението. „Пред декември 2015 година, податоците за морталитет на бебињата во неонаталното одделение на […]

Милијардерот Јури Милнер се одрече од руското државјанство


Израелско-рускиот милијардер Јури Милнер рече дека се одрекол од руското државјанство откако ја напуштил земјата в 2014 година, пишува Хина. Милнер е основач на интернет-инвестициската компанија „ДСТ Глобал“ и богатството го стекна потпирајќи се на кинески технолошки компании како „Алибаба“ и JD.com. „Моето семејство и јас Русија засекогаш ја напуштивме во 2014 година, по руската […]

Врз Запорожје и утринава истрелани нови 12 ракети, една жртва на новиот руски напад


 Едно лице утринава загина во новиот руски ракетен напад врз Запорожје, каде врз јавни институции беа истрелани 12 ракети С-300, објави на каналот Телеграм регионалната воена управа на овој украински град. Агенцијата Укринформ, цитирајќи ги локалните украински власти, наведе дека две ракети погодиле автосалон, при што загинало едно лице. Другите ракети погодиле една образовна и […]

Воените јастреби на Кремљ бараат повеќе разорни удари врз Украина


  Баражот од ракетни напади на Москва врз градовите низ цела Украина предизвика славенички коментари од руските официјални лица и про-Кремљ експерти, кои во последниве недели активно ја критикуваа руската војска за серија срамни неуспеси на бојното поле. Руските националистички коментатори и воените дописници на државните медиуми го пофалија нападот во понеделникот како соодветен и […]

На вчерашното ракетирање на Украина Русија потроши 400 милиони долари


  Украински „Форбс“ пресмета колку го чинеше рускиот буџет масовниот ракетен напад врз украинските градови на 10 октомври. Ракетирањето чинело меѓу 400-700 милиони долари. Според изданието, 84 крстосувачки ракети биле истрелани на територијата на Украина, а во нападот биле вклучени и 24 беспилотни летала, повикувајќи се на официјални изјави. Цената на истреланите проектили, забележува „Форбс“, […]

Зеленски: Украина не може да се заплаши


По жестоките вчерашни руски ракетни напади врз многу големи градови во Украина, претседателот Володимир Зеленскиј ноќеска повторно ја нагласи волјата на неговата земја да се спротивстави. Во вчерашните ракетни напади загинаа 14 лица, а 97 беа ранети, соопштија службите за итни случаи, додека цел на нападите беа крстосници, паркови и туристички места. Експлозии беа пријавени […]

Илјадници граѓани од источна Германија излегоа на протести против владината енергетска политика


  Неколку илјади германски граѓани синоќа повторно протестираа во неколку источногермански провинции против енергетската политика на владата, инфлацијата и последиците од војната во Украина, пренесе Хина. Според првите полициски проценки, објавени синоќа, на улиците на повеќе од 15 градови во покраината Мекленбург-Западна Померанија излегле околу 7.000 демонстранти. Во градовите Шверин и Нојбранденбург, демонстрантите бараа енергетска […]

Бајден му вети на Зеленски напредни системи за воздушна одбрана


  Во телефонски разговор синоќа, американскиот претседател Џо Бајден му вети на претседателот Володомир Зеленски продолжување на “континуираната поддршка за Украина потребна за нејзина одбрана, вклучувајќи и напредни системи за воздушна одбрана”, се наведува во изјавата од Белата куќа. Во разговорот Бајден “изрази сочувство за блиските на убиените и ранетите во овие жестоки напади”. „Тој, […]

Украина престана да извезува струја


  Украинското Министерство за енергетика денеска соопшти дека ќе го запре извозот на електрична енергија по огромниот руски ракетен напад врз енергетската инфраструктура. „Денешните ракетни напади, кои ги погодија термоцентралите и друга инфраструктура за снабдување со електрична енергија, ја принудија Украина од утре да го прекине извозот на електрична енергија со цел да го стабилизира […]

Макрон: Ова суштински ја менува војната


Францускиот претседател Емануел Макрон, реагирајќи на денешниот масовен ракетен напад врз украинските градови, ги осуди „намерните и насочени напади врз цивили“. „Ова претставува суштинска промена во природата на оваа војна“, им рече Макрон на новинарите за време на посетата на францускиот регион Мајен. Макрон додаде дека веднаш по неговото враќање во Париз, ќе се сретне […]

Германија ќе и обезбеди на Украина системи за противвоздушна одбрана


Германија– Германија во рок од неколку дена ќе и го испорача првиот од четирите противвоздушни ракетни системи ИРИС-T СЛМ на Украина, соопшти денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт. „Обновениот ракетен истрел против Киев, како и против многу други градови, покажува колку е важно Украина брзо да биде опремена со системи за противвоздушна одбрана. Руските […]

Новиот руски командант во Украина ја покажа бруталноста само два дена по именувањето


  Бранот напади насочени кон градовите низ Украина доаѓа два дена откако Русија назначи озлогласен генерал за свој прв генерален командант за војната во Украина. Генералот Сергеј Суровикин (56) е ветеран командант и генерал на воздухопловните сили кој ја водеше руската воена кампања во Сирија во 2017 година, каде беше обвинет за надгледување на бруталното […]

Илјадници на улица во европските градови: Се штрајкува за високите цени, инфлацијата…


  Неколку илјади демонстранти во бројни германски градови бараа замрзнување на цените на станарините додека инфлацијата во цела Европа достигнува високи нивоа, во Прага се протестира против високите цени на намирниците, а во Рим за подобри работни услови, социјална правда и политиките на крајната десница. „Многу сме задоволни од одѕивот кој ни е показател во […]

Џулијан Асанж се заразил со Ковид во затвор


  Англија- Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (пикс) е позитивен на тестот за Ковид, рече неговата сопруга во понеделникот, додека се бори со неговата екстрадиција во Соединетите држави. „Џулијан се чувствуваше лошо минатата недела, но почна да се чувствува лошо во петокот“, рече Стела Асанж, цитирана од новинската агенција Прес асоцијација. „Почна да кашла и […]

Дали има „бугарска врска“ во експлозијата на мостот кај Крим?


  Претседателот на Русија, Владимир Путин, експлозијата на Кримскиот мост ја нарече терористички напад, чии автори, гаранти и извршители се украинските специјални служби. Претседателот на Истражниот комитет Александар Бастрикин на средбата со претседателот додаде дека во организацијата на нападот биле вклучени руски државјани и странски држави. Според Бастрикин, истражителите ја утврдиле трасата на камионот што […]

Наградата „Вацлав Хавел“ за 2022 година за рускиот опозиционер Владимир Кара-Мурза


  Франција– Наградата за човекови права „Вацлав Хавел“, што ја доделува Советот на Европа, годинава ја доби  41-годишен руски опозиционер Владимир Кара-Мурза, кој беше уапсен поради спротивставување на војната во Украина, јави дописникот на МИА од Стразбур. Наградата за Кара-Мурза, проследена со 60.000 евра, е заради неговата храброст да се спротивстави на војната во Украина. Тој […]