„Не сакаат да умрат залудно“: Цел руски баталјон од Крим одбил да се бори во Украина


  Извидувачкиот баталјон од Крим одби да се бори во Украина поради големи загуби и неподготвеност да „гине залудно“. Ова произлегува од наредбата на командантот на единицата за жестока опомена на командантот на баталјонот, пишува телеграмскиот канал АСТРА повикувајќи се на документот, а пренесува „Москва тајмс“. „Одби, бидејќи има многу големи загуби. Тие не сакаат […]

Руското МО бара зголемување на бројот на војници од еден на 1,5 милиони


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предложи зголемување на бројот на војници во руската армија, од сегашните еден милион на 1,5 милиони во услови на борби во Украина. Тој, исто така, најави зголемување на старосната граница за воена служба. – Неопходно е да се зголеми бројот на вооружени војници на 1,5 милиони војници, вклучително […]

Божик дојде порано: Украинската црква дозволи прослава за прв пат на 25 декември


  Украинските православни верници отсекогаш го прославувале Божик на 7 јануари – но тоа ќе се промени за многумина оваа година, со тоа што Православната црква на Украина (ПЦУ) за прв пат им дозволи на своите конгрегации да го прослават на 25 декември. Овој потег создава линија на поделба со Русија, која слави на 7 […]

Думата ги замрзна правните постапки против учесниците во војната со Украина


Државната дума денеска на трето и последно читање го усвои предлог-законот со кој се замрзнуваат правните постапки против мобилизираните и доброволците кои учествуваат во воените дејствија. Мерката е донесена во екот на тековната руска агресија врз Украина. Со текстот се утврдува унифициран список на основи за замрзнување на судски постапки и извршни постапки. Списокот вклучува, […]

Околу 100.000 ИТ експерти ја напуштиле Русија годинава


Околу 100.000 ИТ експерти ја напуштиле Руската Федерација од почетокот на 2022 година, што е  10% од вкупниот број руски, рече министерот за дигитален развој Максут Шадаев. Според него, 80 отсто од нив продолжиле да работат за руски компании во пријателски земји. „Клучната мерка за која предлагаме да разговараме е да не се воведе строго […]

Гутереш изрази загриженост поради забраната жените во Авганистан да студираат на универзитети


Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изрази длабока загриженост поради одлуката на талибанците да им забранат на жените да студираат на универзитети во Авганистан. Гутереш апелираше до талибанските власти да „обезбедат еднаков пристап до образование“ на сите нивоа, рече неговиот портпарол Стефан Дижарик. – Генералниот секретар повторува дека со ускратување на образованието не само што […]

Ши барал од Медведев воздржаност и политичко решение за Украина


Кина се надева дека сите страни во украинската криза ќе ја задржат воздржаноста и ќе ги решат безбедносните проблеми со политички средства, му рекол кинескиот претседател Ши Џинпинг на заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев за време на состанокот во Пекинг, јави денеска кинеската агенција Синхуа. Според агенцијата, Ши му рекол на Медведев […]

Конгресот бара Трамп да ги објави податоците за даночните плаќања за период од шест години


Специјалната комисија на Претставничкиот дом на Конгресот гласаше јавно да се обелоденат информации за тоа колку поранешниот американски претседател Доналд Трамп платил даноци во период од шест години, пренесе Би-Би-Си.   Тој потег стави крај на речиси четиригодишната правна битка на демократите околу добивањето на документите, за што одлучи Врховниот суд на САД минатиот месец. […]

Тинејџери во Австралија преживеаја бура на море со часови на даски за веслање


 Четворица тинејџери во вторникот се пронајдени живи на остров во југозападна Австралија, откако ноќта ја минале во немирни води, плутајќи околу 30 километри, соопштија локалните власти. Во објава на Твитер, полицијата на Викторија соопшти дека групата од две 18-годишни момчиња и две девојчиња, на возраст од 18 и 19 години, во понеделникот тргнала од градот […]

Најмалку две жртви во земјотресот во Калифорнија


 Најмалку две лица загинаа и десетина се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вчера ја погоди северна Калифорнија. Земјотресот оштети домови и патишта, прекина некои комунални линии и остави без вода и струја неколку илјади жители од областа во близина на градот Рио Дел. Земјотресот се случи на околу 350 километри северно […]

Владата во Италија ги забрани мобилните телефони на часови


Владата на италијанската премиерка Џорџа Мелони објави писмо потпишано од министерот за образование Џузепе Валдитара со кое се забранува употреба на мобилни телефони за време на часовите. Во текстот се наведува дека употребата на мобилни телефони претставува „елемент на одвраќање“ и чин на „непочитување кон наставниците“. Главниот приоритет наведен во писмото е враќање на авторитетот […]

Во Велика Британија штрајк на вработените во Брзата помош


Илјадници работници од Итната помош во Британија за денеска најавија штрајк, откако синдикатите и Владата не постигнаа договор за зголемување на платите. Синдикатите бараат зголемувањето на платите да биде во чекор со инфлацијата, која во ноември беше 10,7 отсто, додека британската Влада одговори дека двоцифрено зголемување на платите дополнително ќе ја поттикне инфлацијата и нуди […]

Зеленски денеска се очекува во посета на Вашингтон


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се очекува во Вашингтон на неговото прво меѓународно патување од почетокот на војната на 24 февруари, објавија светските агенции, додавајќи дека тој би можел да се обрати во Конгресот и да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа. Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси објави писмена изјава […]

Авганистан: Талибанците ги забранија универзитетите за жените


  Талибанците најавија затворање на универзитетите за жените во Авганистан, се наведува во писмото на министерот за високо образование. Министерот вели дека овој потег е за понатамошно известување. Се очекува да стапи на сила веднаш. Тоа дополнително го ограничува пристапот на жените до формално образование, бидејќи тие веќе биле исклучени од повеќето средни училишта. Една […]

Во рециклажен двор во Британија, најдено тело на бебе


  Полицијата во Кембриџшир соопшти дека најдено е тело на новороденче во двор за рециклирање, а веројатно таму завршило откако некој претходно го фрлил во канта за ѓубре. Додаде дека телото е најдено на 29 ноември и дека веројатно стигнали од кантите на подрачјето на Петерборо и околните места, Марша, Витлесеј, Мелбурн или улицата покрај […]

Амазон постигна договор со ЕУ, избегна казна


Белгија– Амазон денеска постигна спогодба со Европската унија за три истраги бидејќи се согласи да ги промени практиките што предизвикаа загриженост и на тој начин да избегне казна што може да изнесува 10 отсто од вкупниот годишен приход. Во првиот случај, Амазон беше обвинет дека ја користи својата големина, моќ и податоци со кои располага за […]

Зеленски го посети Бахмут, градот каде што се водат најтешките борби


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети градот Бахмут на првата линија на фронтот за да се сретне со воени претставници и да им додели награди на војниците, соопшти неговиот кабинет. Ројтерс објави дека претходно тој ги обновил повиците за повеќе оружје откако руските беспилотни летала погодиле енергетски цели во трет воздушен напад врз електроенергетските […]

Илон Маск го викаат во Европскиот парламент на дискусија за Твитер


  Илон Маск е поканет да дојде во Европскиот парламент за да учествува во јавна дискусија за Твитер, јави ДПА, повикувајќи се на писмо во кое имала увид. Во поканата до Маск се вели дека платформата не треба „ненамерно да стане катализатор за говор на омраза, мешање во изборите и лажни информации“. Писмото е со датум од вчера и […]

Путин праќа војници во самоубиствени напади


КИEВ – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го посети разурнатиот град Бахмут во источна Украина – клучниот јазол во фронтот долг 1.300 километри за кој вели дека е „најжешката точка“ во војната и ја олицетворува подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги фрли своите војници во самоубиствени напади. Во доцното ноќно видео обраќање во […]

Тензии на границата Индија-Кина, војската на двете страни


  Индија распореди најмногу воени трупи, повеќе од кога и да е, на границата со Кина, рече денеска индискиот министер за надворешни работи Субраманџам Џајшанкар. „Денеска индиската војска е распоредена на границата со Кина како никогаш претходно и тоа е направено за да се спротивставимен на кинеското распоредување војска кое е зголемено од 2020 година“, […]