Тревога: Со Ковид-19 заразени 90 отсто од популацијата


 

Речиси 90 отсто од популацијата во третата најмногубројна покраина во Кина, Хенан се заразени со вирусот на корона.

Ова го соопшти директорот на здравствената комисија за централната покраина Хенан, Кен Кванченгу.

Кванченгу на конференција за новинарите изјави дека од 6 јануари стапката на зараза во покраината Хенан е 89 отсто, пренесе Би-Би-Си, Во Хенан живеат 99,4 милиони луѓе, што значи дека околу 88,5 милиони се веројатно заразени.

Бројките од покраината Хенан се во спротивност со податоците за Ковид кои ги објавува владата во Пекинг.

Според Пекинг, од укинувањето на политиката за нулти Ковид во Кина во декември лани се заразиле само 120 илјади луѓе, додека 30 починале.

Кина од 8 јануари ги ублажи ограничувањата на патувањата во земјата и странство иако ширум земјата се шири нов бран инфекции.

Надлежните од владите во ЕУ на 4 јануари издадоа препорака за државите членки, патниците кои летаат од Кина во ЕУ да треба да имаат негативен корона-тест пред да се качат во авион.