Русија распореди одбранбен ракетен систем на Курилски Острови во близина на Јапонија


Руското Министерство за одбрана соопшти дека распореди мобилни одбранбени ракетни системи во северниот дел на Курилски Острови, лоцирани помеѓу Јапонија и рускиот полуостров Камчатка. Јапонија полага право на јужните Курилски Острови, кои се под контрола на Русија, кои Токио ги нарекува Северни територии. Москва и Токио спорат за Курилски Острови уште од крајот на Втора светка војна, […]

Директор на Укренерго вели дека без сомнеж биле консултирани енергетски инженери за вчерашниот бран руски напади


 Украина работи на враќање на електричната енергија откако вчерашниот бран руски ракетни напади предизвика прекин на електричната енергија низ целата земја, во услови кога се намалуваат температурите. – Од 70-те проектили лансирани од Москва, повеќето беа соборени, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочувајќи дека но некои сепак ја погодиле веќе оштетената украинска инфраструктура. Во сите […]

Индонезија забранува вонбрачен секс, забраната важи и за странците


Парламентот на Индонезија денеска ги усвои законските измени со кои се забранува вонбрачен секс и се воведуваат други важни измени во кривичниот законик на земјата. Забраната за вонбрачен секс се однесува како на локалното население, така и на странците. Според новиот закон, родителите или децата ќе можат да пријават невенчани парови во полиција доколку се […]

Захарова: Нема да се повлечеме од нуклеарната централа Запорожје, таа се наоѓа на руска територија


  Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека нуклеарната централа Запорожје останува под руска контрола. Нејзината изјава уследи откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара создавање на демилитаризирана и заштитена зона околу нуклеарната централа Запорожје и истата да биде под контрола на „трета страна“. – Не може да стане збор […]

МКС против предлогот за формирање нов Трибунал за руските воени злосторство во Украина


Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) го отфрли предлогот на Европската Унија за формирање специјален трибунал со поддршка на ОН. ЕУ предложи формирање на трибунал за гонење на злосторствата извршени во Украина, но МКС го отфрли предлогот, велејќи дека Судот е способен ефикасно да се справи со предизвикот. Главниот обвинител на МКС, поранешен адвокат […]

Аеродромот во Курск нападнат со дрон, се запали резервоар со нафта


Аеродромот во Курск беше нападнат од дрон, по што се запали резервоар со нафта, соопшти утрово гувернерот на Курската област во Русија Роман Старовојт. Тој на Телеграм напиша дека нема жртви и дека локализирањето на пожарот е во тек. Сите специјални служби се на местото на инцидентот, напиша Старовојт. Руското Министерство за одбрана вчера објави […]

Најмалку 33 загинати во свлечиште во северозападна Колумбија


  Најмалку 33 лица загинаа, а девет лица се спасени откако пред два дена свлечиште затрупа автобус во северозападна Колумбија, изјави вчера министерот за внатрешни работи на оваа латоноамериканска земја АЉлфонсо Прада. Како што пренесуваат западните медиуми, несреќата се случила меѓу Пуебла Рико и Санта Сесилија, во провинцијата Рисаралди, на околу 230 километри северозападно од […]

Северна Кореја истрела неколку артилериски проектили


  Северна Кореја денеска истрела повеќе артилериски проектили во морето како одговор на вежбите на Јужна Кореја долж границата, јави новинската агенција КЦНА. Ова следува еден ден откако Северна Кореја соопшти дека истрелала повеќе од 130 проектили во морето, од кои некои паднале во тампон зоната меѓу двете Кореи. Сеул тврди дека ова е кршење […]

Путин потпиша закон со кој се забрануваат нетрадиционални сексуални односи


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон кој ги опфаќа интернетот, медиумите, книгите, аудиовизуелните услуги, кинематографијата и рекламирањето. Во согласност со основниот закон, се зголемува бројот на забранети информации кои можат да им се пласираат на децата, како што се пропаганда и демонстрации на нетрадиционални сексуални односи и (или) кои укажуваат на предноста на тие односи, […]

Полицијата во Дизелдорф го евакуираше божиќниот пазар поради дојава за опасност


 Полицијата во Дизелдорф превентивно го евакуирала и затворила божиќниот пазар во стариот дел на градот, откако добила дојава за опасност, објави германскиот весник „Билд“. Весникот наведува дека полицијата го евакуирала пазарот откако неименувано лице се заканило дека ќе помине со камион низ пазарот. Пред нешто повеќе од една недела, полицијата во Берлин ги затвори патиштата […]

Во авионите ќе почне да се користи мобилен телефон најдоцна до крајот на јуни 2023 година


Англија– Патниците во авион во Европската Унија (ЕУ) наскоро ќе може да ги користат своите мобилни телефони за време на летовите. Европската комисија одлучи дека авиокомпаниите можат да обезбедат 5G технологија во авионите. Ова значи дека патниците веќе не мора да го ставаат својот мобилен уред на „авионски режим“ иако сè уште не се знаат […]

Маж во Германија уби едно и тешко рани друго девојче


Германија– Германската полиција денеска соопшти дека маж убил 14-годишно девојче, а тешко ранил друго, 13-годишно, додека оделе пешки кон училиште. Полицијата во југозападниот град Улм соопшти дека девојчињата биле итно пренесени во болница по нападот кој се случил околу 7:30 часот во блискиот град Илеркирхберг. Нема информации за оружјето со кое мажот ги нападнал. Осомничениот побегнал во блиската куќа […]

Путин се провозе по Кримскиот мост


  Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот го посети Кримскиот мост, каде што се сретна со градежните работници и го помина реконструираниот дел. Мостот го поврзува полуостровот Крим со континентална Русија и беше оштетен во украински напад на почетокот на октомври. Оттогаш се ремонтира. Кремљ во текот на викендот објави дека Путин во догледно време […]

Еврокомесарот за економија повтори дека зимава ќе има рецесија во Европа


  Европа ќе западне во рецесија оваа зима и растот нема да се врати пред пролетта, изјави денеска европскиот комесар за економија Паоло Џентилони. – Ќе имаме рецесија оваа зима“, изјави тој за новинарите пред состанокот на Еврогрупата во Брисел. На денешниот состанок на Еврогрупата, со кој ќе претседава нејзиниот претседател Паскал Донахју, министрите ќе разговараат за целокупната буџетска […]

Најмалку 12 загинати во лизгање на земјиштето во Колумбија


 Најмалку 12 лица загинаа во лизгање на земјиште при што е затрупан автобус во северозападна Колумбија, во провинцијата Рисаралда, соопштија денеска колумбиските власти. „За жал, 12 лица загинаа, петмина се спасени, а спасувачите работат на извлекување на останатите тела од автобусот“, изјави Виктор Мануел Тамајо, гувернер на Рисаралда. Официјални лица велат дека во автобусот имало […]

Во Австрија полицијата ќе може да запленува автомобили поради пребрзо возење


Австриските власти подготвуваат закон според кој полицијата ќе може покрај возачката дозвола да им го одземе и автомобилот на возачите кои значително ја надминале дозволената брзина. „Едноставно, на нашите патишта има премногу луѓе кои не можат да бидат убедени, возачи за кои не функционираат казните и дополнителното образование. На тие лица мора да им се […]

На Западот ќе му требаат до 15 години да ги надополни залихите на артилериска муниција потрошени за војната во Украина


Ќе бидат потребни 10 до 15 години за да се надополнат залихите на западната артилериска муниција користени за поддршка на војската на Украина во борбата против руската агресија, изјави сопственикот на големиот производител на оружје Чехословачка групација (Czechoslovak Group). И покрај дотурот на муниција во Украина, сопственикот на ЦСГ, Михал Стрнад, рече дека на украинските […]

Германски активисти почнаа климатски протести во Берлин и во Минхен


Климатски активисти денеска ги блокираа клучните сообраќајници во двата најголеми германски града, Берлин и Минхен, сигнализирајќи повторно започнување на нивната кампања на протести против климатските промени. Пет членови на групата „Последна генерација“ се залепија на улицата пред централната железничка станица во Берлин, соопшти полицијата. Уште два слични протести се одржаа и на други места во центарот на градот. Во […]

Експлозии во два аеродроми во Русија, оштетени стратешки бомбардери (Видео)


  Два руски аеродроми каде се подготвуваше голем напад врз Украина беа погодени со беспилотни летала. Во воздухопловната база „Енгелс-2“, во близина на градот Саратов во југозападна Русија, на 5 декември во раните утрински часови се урна дрон од непознато потекло. Во експлозијата беа оштетени два бомбардери „ТУ-95“, кои претходно беа користени за напади врз […]

Финската Влада го повика парламентот да го усвои Основниот договор за НАТО


 Финската Влада денеска соопшти дека го повикала Парламентот формално да го усвои Основниот договор за НАТО, за да ја подготви земјата за членство во воената алијанса кога Унгарија и Турција ќе го одобрат барањето. – Нашиот напредок кон членството во НАТО е важен за нас Финците, но и за членките на НАТО, рече министерот за […]