Русија воведува задолжителна воена обука во училиштата


Од септември руските деца ќе треба да посетуваат задолжителна основна воена обука на училиште, соопшти британското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за образование, исто така, ги објави детали и плановите за учениците претходно оваа година.

Во училиштата ќе биде воведен предмет наречен „основи на животната безбедност“, кој ќе вклучува обука со автомати и рачни гранати од серијата АК, воени вежби и поздрави.

Предметот ќе стане задолжителен од 1 септември 2023 година со слична програма за студенти која стапи на сила од декември 2022 година.

Министерството за одбрана, исто така, укажа на правецот во кој оди воена Русија: „Иницијативите ја нагласуваат сè помилитаризираната атмосфера во Русија, како и веројатното намерно повикување на Советскиот Сојуз: слична обука беше задолжителна во училиштата до 1993 година“.

Министерството за одбрана, исто така, твитна: „Велика Британија ќе испорача тенкови „Челинџер 2“ во Украина заедно со земјите партнери – што ќе ја покаже силата на меѓународната поддршка за Украина“.