Најмалку седум жртви во два напади во Калифорнија


САД– Најмалку седум лица се убиени во две одвоени престрелки во Калифорнија, на фарма за печурки и бродска компанија јужно од Сан Франциско, а еден осомничен е уапсен, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Сан Матео. Напаѓачот е идентификуван како 67-годишниот Чанг Ли Зао. Тој бил уапсен без отпор два часа по вчерашниот напад, откако неговиот автомобил бил забележан […]

Демократската опозиција го обвинува Вучиќ дека ја предава Србија


  Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ изјави дека она што го кажал Александар Вучиќ за уцената што ѝ била упатена на Србија за да го прифати европскиот план за Косово, говори дека за време на оваа власт Србија била целосно понижена земја. „Вучиќ цела деценија се фали дека Србија за време на неговото владеење […]

Уапсен поранешен директор на ФБИ, примал пари од олигархот Дерипаска


  Поранешниот истакнат функционер на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) Чарлс Мекгонигал е обвинет за кршење на американските санкции против Москва, бидејќи примал пари од рускиот олигарх Олег Дерипаска, соопшти обвинителството во Њујорк. Мекгонигал, кој ја водеше контраразузнавачката единица на ФБИ во Њујорк до неговото пензионирање во 2018 година, беше уапсен во саботата, пренесува […]

Во Германија покренати обвиненија за велепредавство против пет лица


Германија– Обвиненија за велепредавство се покренати против пет лица кои наводно планирале да го киднапираат германскиот министер за здравство и, според извештаите, биле подготвени да убијат за да ја соборат германската влада, соопшти денеска германскиот државен обвинител. Во средината на јануари 2022 година, обвинетите формирале група чија цел била „насилно да предизвикаат услови слични на […]

ЕУ одобри нов пакет помош за Украина во вредност од 500 милиони евра


Белгија – Европската унија денеска и одобри дополнителна воена помош на Украина во вредност од 500 милиони евра, додека Берлин е под притисок на Киев да му да испорача германски тенкови „Леопард“. Британските медиуми пренесуваат дека на денешната средба во Брисел на шефовите на дипломатиите на 27-те земји членки е постигнат договор за седмиот пакет […]

Во повеќе области на Италија е издадено предупредување за екстремни временски услови


Италија – За неколку области на Италија издадено е предупредување за екстремни временски услови, откако многу делови од земјата се погодени од студеното време, обилни дождови, дожд и силен ветер, јави италијанската агенција АНСА. Во регионите Марке и дел од Емилија Ромања, службата за цивилна заштита издаде портокалова тревога за опасно време, што е последно […]

Пригожин го истроши трпението на Путин: Кремљ разочаран од „Вагнер“ по битките кај Бахмут


  Неуспешните обиди на групата „Вагнер“ да го освои градот Бахмут во Украина, каде што се водат жестоки борби, доведоа до фактот дека нејзиниот основач Евгениј Пригожин го загуби својот авторитет во очите на рускиот претседател Владимир Путин, кој одлучи да се фокусира на реформирање на редовната армија. Според американскиот Институт за проучување на војната […]

Украина признава: „Многу е тешко“ да се направи пробив на исток


  Висок украински функционер на истокот од земјата вели дека вооружените сили ги контролираат сегашните позиции, но „да се оди напред е многу тешко“, бидејќи Русите собрале значителни резерви. „Продолжуваат многу жестоки борби во нашиот регион Луганск. Тешко е. Но, ситуацијата е апсолутно стабилна и контролирана од вооружените сили на Украина“, изјави Серхи Хајдеј, шеф […]

„Вагнер“ загуби 80 отсто од платениците регрутирани во затворите


  Не повеќе од 10.000 платеници на групата „Вагнер“ од 50.000 осуденици регрутирани во руските затвори останаа на фронтот, изјави за програмата „Моите руски права“ на Јутјуб Олга Романова, шеф на добротворната фондација „Русь сидящая“. „Според нашите податоци, до крајот на декември биле регрутирани 42-43 илјади [затвореници]. Сега тие се, најверојатно, веќе над 50 илјади. […]

Шпанските десничари побараа оставка на премиерот Санчез


 Демонстрантите кои учествуваа на десничарските „анти-Санчез“ протести во Мадрид во саботата побараа неодложна оставка од шпанскиот премиер Педро Санчез чија Влада, според нив, е закана за демократијата и е „најлошата“ во поновата историја на Шпанија, објави „Еурактив“. На главниот плоштад во Мадрид се собраа антивладини демонстранти, според некои информации околу 500 илјади, додека податоците на […]

Москва го протера амбасадорот на Естонија поради „русофобија“


  Русија ги намали дипломатските односи со Естонија и го протера амбасадорот на земјата по обвинувањата за „русофобија“. Потегот доаѓа откако Естонија беше домаќин на состанок на западните одбранбени претставници во главниот град Талин минатата недела, за да вети натамошна воена поддршка за Украина. „Во последниве години, естонското раководство намерно ја уништува целата структура на […]

САД најавија дека ќе ја означат групата „Вагнер“ како „транснационална криминална организација“


  Американските власти најавија дека ќе ја означат руската платеничка група „Вагнер“ како „транснационална криминална организација“, бидејќи оваа паравоена организација до војната во Украина – каде што користи затвореници – делуваше како безмилосен инструмент на руската моќ во сенки во десетици земји, пред се во Сирија и Африка, пишуваат светските медиуми. Соединетите Држави ќе ја […]

„Њујорк тајмс“: Руски агенти стојат зад писмата-бомби во Шпанија


  Припадници на руското воено разузнавање поттикнале соработници на екстремно десничарска организација со седиште во Русија, неодамна да испратат серија писма до Шпанија, чии најистакнати цели се премиерот, министерот за одбрана, други функционери и странски дипломати. До овој заклучок дошле американски и европски претставници, според откритијата на „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на извори во американската […]

Се откажуваат летови во Британија поради минусни температури и магла


Најголемата авио-компанија „Бритиш ервејс“ во Велика Британија откажа околу 80 летови поради исклучително ниските температури на воздухот и маглата. Авио-компанијата синоќа најави дека ќе мора да го намали бројот на летови за околу 15 отсто поради временските услови и ограничувањата на контролата на летање. Ноќеска, температурата падна на -8,4 степени Целзиусови, што е најниска температура […]

Недостигот на неквалификувани работници е закана за просперитетот на Германија


Германската државна развојна банка KfW го идентификува постојаниот недостиг на квалификувани работници и падот на продуктивноста на трудот како сериозна закана за просперитетот на Германија, јави ДПА. – Нивото на благосостојба во Германија практично се зголеми во изминатите 70 години, но доаѓа крајот на овие времиња, бидејќи основата за нејзиниот понатамошен раст пропаѓа, е заклучокот на KFW, врз основа на […]

Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија


Русија го намалува нивото на дипломатските односи со Естонија, како одговор на значителното намалување на бројот на вработени во руската Амбасада во Талин и уништувањето на односите со Москва во целина, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „На 23 јануари во руското Министерство за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Естонија, Маргус Лајдре. Беше изразен […]

Анкета: Мнозинството во Белгија се за авторитарно владеење


 Педесет и два отсто белгиски граѓани се изјаснуваат за авторитарно владеење и отфрлање на демократските институции, покажуваат податоците од социолошката студија претставена во локалните медиуми, пренесе БТА. Меѓу ова мнозинство, 89 отсто поддржуваат враќање на смртната казна. Се прецизира дека уделот на оние кои поддржуваат промена на структурата на државата расте од 52 отсто пред […]

Убиецот од Калифорнија е 72-годишен Кинез


Полицијата во Калифорнија го пронајде мртов мажот кој вчера изврши масакр во Калифорнија. Станува збор за 72-годишен Кинез Ху Кан Тран, а бил пронајден мртов во комбе, односно се самоубил. Инцидентот се случи во Монтереј Парк, 11 километри од Лос Анџелес, каде што имало прослави за Кинеската нова година. Се истражува мотивот за нападот. Според […]

Бразил и Аргентина размислуваат за воведување заедничка валута


Бразил – Бразилскиот и аргентинскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез во заедничко соопштение објавија дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучила и воведување заедничка валута. Проектот првично би бил билатерален, но идејата е иницијативата на крајот да вклучи и други земји од Јужна Америка. „Нашата намера […]

Свиња уби месар во кланица во Кина


Месар во Хонг Конг загина при обид да убие свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен. Месар (61), кој работел во кланицата „Шеунг Шуи“ на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол. Животното требало да се онесвести, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот се здобил со смртоносна […]