Блинкен ја обвини Северна Кореја дека е во „фаза на провокација“ поради тестирањето оружје


Северна Кореја е во „фаза на провокација“ со нејзините неодамнешни тестирања на балистички ракети, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен и неговите јужнокорејски и јапонски колеги, Чунг Еуи-јогн и Хајаши Јошимаса, вчера на состанокот во Хололули, на Хаваи, го потврдија своето единство против севернокорејската закана. Пјонгјанг треба да ги „запре нелегалните активности и да …

Блинкен ја обвини Северна Кореја дека е во „фаза на провокација“ поради тестирањето оружје Read More »

Германија го губи трпението поради руското лобирање на екс-канцеларот


Блиското пријателство на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер со претседателот Владимир Путин и неговите профитабилни деловни односи со Русија со години неволно се толерираат во Германија. Но, додека заканувачките облаци се надвиснуваат над Украина, а сојузниците ја доведуваат во прашање решителноста на Германија, Шредер се повеќе се смета за потенцијален товар за новиот канцелар и …

Германија го губи трпението поради руското лобирање на екс-канцеларот Read More »

Во затвор во Никарагва почина сандинистичкиот херој Хуго Торес


Поранешниот херој на сандинистичката герила, Хуго Торес, кој последните години се бореше против актуелниот претседател на Никарагва, Даниел Ортега, а за кого своевремено го ризикуваше својот живот, вчера почина во затвор на 73-годишна возраст. Затворен на 13 јуни минатата година во познатиот затвор „Ел Чипоте“ во Манагва, Хуго Торес Хименез беше еден од 46-те политички …

Во затвор во Никарагва почина сандинистичкиот херој Хуго Торес Read More »

Демонстрантите не отстапуваат, и натаму блокиран сообраќајот меѓу САД и Канада


И синоќа продолжија судирите меѓу канадската полиција и демонстрантите, кои го блокираа клучниот мост кон САД, и тоа повеќе од седум часа откако властите во воведоа вонредна состојба и одлучија да ја прекинат блокадата на овој важен трговски коридор. Демонстрантите против строгите владини ограничувања наметнати од пандемијата, го зазедоа и пет дена го држат под …

Демонстрантите не отстапуваат, и натаму блокиран сообраќајот меѓу САД и Канада Read More »

Швајцарците одлучуваат дали да се забранат тестирањата врз животни


Гласачите во Швајцарија денеска на референдум ќе одлучат дали нивната земја ќе биде првата во светот што ќе забрани тестирања врз животните. На граѓанското изјаснување ќе се разгледа и прашањето за заострувањето на контролата врз рекламирањето цигари. Кампањата, што се стреми да стави крај на сите експерименти врз глувци, стаорци и други животни, собра доволно …

Швајцарците одлучуваат дали да се забранат тестирањата врз животни Read More »

Киднапирани петмина службеници на ОН во Јемен


Петмина членови на персоналот на Обединетите нации се киднапирани во јужен Јемен додека по завршената теренска мисија се враќале во Аден, соопштија Обединетите нации. -Персоналот е киднапиран во петокот во провинцијата Абјан, изјави Расел Гики, портпарол на висок претставник на ОН во Јемен. „Обединетите нации се во близок контакт со властите за да обезбедат нивно …

Киднапирани петмина службеници на ОН во Јемен Read More »

Орбан на уште три месеци ги замрзнува цените на горивата и на основните намирници


  Унгарија ќе го продолжи ограничувањето на цената на горивото за уште три месеци, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, што е најновата антиинфлациска мерка што ја објави неговата влада. – Ограничувањето на цената функционираше, па го продолжуваме за уште три месеци, рече Орбан, пренесе Ројтерс. Тоа значи дека ограничувањето на малопродажната цена на горивото …

Орбан на уште три месеци ги замрзнува цените на горивата и на основните намирници Read More »

Бајден: САД се подготвени за дипломатија, но и за други сценарија


Американскиот претседател Џо Бајден во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин изјави дека ако Русија ја нападна Украина, САД заедно со сојузниците и партнерите ќе одговори со санкции против Москва. – Ако Русија преземе понатамошна инвазија врз Украина, САД заедно со сојузниците одлучно ќе одговори и ќе воведе брзи и тешки санкции против …

Бајден: САД се подготвени за дипломатија, но и за други сценарија Read More »

Во Киев неколку илјади Украинци порачаа дека ќе се спротивстават на инвазијата


Неколку илјади Украинци учествуваа во денешниот собир во Киев, со цел да покажат единство поради наводната закана од руска инвазија. Демонстрантите организираа протестен марш низ центарот на Киев и извикуваа „Слава на Украина“, а носеа  и транспаренти на кои пишуваше „Украинците ќе се спротивстават“ и „Напаѓачот мора да умре“. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски им …

Во Киев неколку илјади Украинци порачаа дека ќе се спротивстават на инвазијата Read More »

ЦИА повторно ги прислушува Американците, тврдат двајца сенатори


Двајца демократски сенатори изразија загриженост дека Централната разузнавачка агенција (ЦИА) повторно ги шпионира Американците со спроведување на нова програма за следење податоци. ЦИА „тајно“ вршела надзор без налог преку новоотворената програма, тврдат сенаторите Рон Вајден и Мартин Хајнрик, пренесува Би-Би-Си. Во писмото до разузнавачките служби, двајцата сенатори повикаа да се отстрани декласификацијата на програмата.  

Американска подморница е забележана во територијалните води на Русија


Подморница на американската морнарица од типот „Вирџинија“ е забележана во регионот на Курилскиот остров Уруп во руските територијални води, соопшти руското Министерство за одбрана, пишува Спутник. Руската фрегата „Маршал Шапошников“ користела специјални средства. После тоа, американската подморница ги напуштила руските води. По инцидентот со американската подморница, одредот на бродови на руската Пацифичка флота продолжила со …

Американска подморница е забележана во територијалните води на Русија Read More »

Одекна експлозија во Донбас, на територијата контролирана од Киев


  Експлозија одекна во Донбас, на територијата контролирана од Киев, објави на каналот Телеграм, главниот уредник на медиумската група „Русија север“ и телевизијата РТ, Маргарита Симонјан, повикувајќи се на лидерот на самопрогласената ДНР. Денис Пушилин. Многу корисници на Телеграм напишале дека во Доњецк одекнала експлозија, но тие извештаи ги демантираше претставникот на Народната полиција ДНР, …

Одекна експлозија во Донбас, на територијата контролирана од Киев Read More »

Полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите од центарот на Париз


Демонстрантите од цела Франција, кои најавија протести во Париз како дел од таканаречениот „Конвој на слободата“, и покрај големиот број полицајци, оклопни возила и контролни пунктови, успеаја да се пробијат до центарот на градот. Paris police have banned “freedom convoys” from entering the city this weekend as hundreds of vehicles set out from across France …

Полицијата со солзавец ги растерува демонстрантите од центарот на Париз Read More »

САД ги повлекуваат речиси сите американски војници од Украина


 Американските власти наредија повлекување на 160 војници од Украина, кои беа задолжени за обука на украинските сили, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, додавајќи дека војниците ќе бидат прераспоредени некаде во Европа. Војниците кои ќе бидат повлечени се дел од Националната гарда Флорида, а одлуката е донесена како мерка на претпазливост, имајќи ја предвид …

САД ги повлекуваат речиси сите американски војници од Украина Read More »

Макрон и Путин разговараа речиси два часа за украинската криза


 Претседателот на Франција, Емануел Макрон, како што соопшти Елисејската палата, денеска телефонски разговараше еден час и 40 минути со неговиот руски колега Владимир Путин за намалување на растечката тензија во руско-украинската криза, јави дописникот на МИА. Макрон го предупреди Путин дека „искрениот дијалог не е компатибилен со воената ескалација“ на украинската граница. Макрон и Путин, …

Макрон и Путин разговараа речиси два часа за украинската криза Read More »

Канадската полиција ги отстранува демонстрантите од границата со САД


Канадската полиција денеска почна да ги отстранува демонстрантите од мостот Амбасадор, што е лоциран на границата помеѓу Канада и САД. Демонстрантите шести ден го блокираат мостот Амбасадор поради епидемиолошките мерки воведени поради Ковид-19. Мостот Амбасадор е еден од најфреквентните гранични премини, а поради неговата блокада прекината е трговијата помеѓу Канада и САД. Судот во Онтарио …

Канадската полиција ги отстранува демонстрантите од границата со САД Read More »

Тинејџер во Шпанија си ги уби родителите и братот – се скарале за оценките


  Момче на возраст од 15 години во вторникот ги уби своите родители и помалиот брат во нивната куќа во блзина на шпанскиот град Алисанте, наводно поради кавга за неговите лоши оцени во училиште, објавно е денеска. Ги убил со пушката на татко му Момчето, најпрво со татковата ловечка пушка ја застрелал мајка му, по …

Тинејџер во Шпанија си ги уби родителите и братот – се скарале за оценките Read More »

Лавров: САД шират пропаганда за наводна руска инвазија


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна дека Вашингтон води „пропагандна кампања“ за евентуална руска агресија, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. – Пропагандната кампања иницирана од САД и нивните сојузници за „руска агресија“ врз Украина има за цел да провоцира, да ги …

Лавров: САД шират пропаганда за наводна руска инвазија Read More »

Зеленски: Предупредувањето за непосредна руска инвазија само шират паника


 Додека се поголем број земји апелираат до своите граѓани да заминат од Украина поради тоа што Русија може да ја нападне земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се шири паника. Американските предупредувања за непосреден напад на Русија врз Украина предизвикува паника и не им помага на Украинците, истакна Зеленски. Тој додаде дека „паниката е …

Зеленски: Предупредувањето за непосредна руска инвазија само шират паника Read More »

Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина


Германија –  Германија е последната земја  која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА. „Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин. САД …

Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина Read More »