Тинејџер во Шпанија си ги уби родителите и братот – се скарале за оценките


 

Момче на возраст од 15 години во вторникот ги уби своите родители и помалиот брат во нивната куќа во блзина на шпанскиот град Алисанте, наводно поради кавга за неговите лоши оцени во училиште, објавно е денеска.

Ги убил со пушката на татко му

Момчето, најпрво со татковата ловечка пушка ја застрелал мајка му, по што го убил помалиот брат, објави полицијата. Таткото во моментот не бил дома, а кога се вратил два часа подоцна, тинејџерот го убил и него.

Трагедијата се случила во нивната куќа во вторникот. Семејството живеел о во блзина на градот Алисанте, а спотед полицијата, убиецот ги сокрил телата во блиската шупа.

Три дена ги криел телата, го признал злосторството

Потоа, три дена седел дома, се до петокот, кога во намера да ги посетат, дошле две тетки на момчето. Како што пишува регионалниот весник Diario Levante, ним тој им го признал злосторството.

Тамошните медиуми пишуваат дека момчето се скарало со родителите затоа што му забраниле пристап до интернет, поради лошите оценки.
Полицијата не ги потврдува овие наводи, порачувајќи дека истрагата е во тек. Од таму потврдуваат само дека момчето е во притвор и дека го признал злосторството.