Американска подморница е забележана во територијалните води на Русија


Подморница на американската морнарица од типот „Вирџинија“ е забележана во регионот на Курилскиот остров Уруп во руските територијални води, соопшти руското Министерство за одбрана, пишува Спутник.

Руската фрегата „Маршал Шапошников“ користела специјални средства. После тоа, американската подморница ги напуштила руските води.

По инцидентот со американската подморница, одредот на бродови на руската Пацифичка флота продолжила со вежбите што ги изведувала на тој простор.