Лондон: Руските воени сили не ги постигнуваат очекуваните цели


Русија не ги постигнала своите првични цели – борбите надвор од Киев биле ограничени на единиците на руските специјални сили, оценува британското Министерство за одбрана. Џејмс Хипи, државен потсекретар во МО, зборувајќи на денешната програма на „Би-Би-Си Радио 4“, рече дека целите да се заземат клучните украински градови не се реализирани. Тој додаде дека Велика …

Лондон: Руските воени сили не ги постигнуваат очекуваните цели Read More »

Кличко: Има најмалку 35 повредени во ноќешните престрелки низ Киев


Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека 35 лица се повредени во борбите што се воделе низ улиците на Киев изминатата ноќ. Меѓу повредените има и две деца. Не е разјаснето дали бројката се однесува исклучуво на цивилни лица. Кличко додава дека нема поголемо руско воено присуство во Киев, но оти се активни групи руски …

Кличко: Има најмалку 35 повредени во ноќешните престрелки низ Киев Read More »

Руските сили тврдат дека уништиле повеќе од 800 воени цели во Украина


Руските вооружени сили уништиле повеќе од 800 објекти на украинската воена инфраструктура, соопшти денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков. „Руските вооружени сили уништија 821 украински воен објект, вклучувајќи 14 воени писти, 19 контролни центри и комуникациски центри, 24 противвоздушни системи С-300 и одбранбени ракетни системи Оса, како и 48 радари“, додаде …

Руските сили тврдат дека уништиле повеќе од 800 воени цели во Украина Read More »

Хајнц Фишер: Путин се смени, стана како Сталин


Поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер, коментирајќи ја ситуацијата со Украина, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, се променил како личност. Фишер кој со Путин се има сретнато осумпати, за виенскиот неделник „Профил“ дека шефот на руската држава отсекогаш далувал мошне рационално. Вели дека никогаш не се почувствувал измамен од страна на Путин. „Мислам …

Хајнц Фишер: Путин се смени, стана како Сталин Read More »

Зеленски бара одлука за членство на Украина во ЕУ


 Украинскиот претседател Володомир Зеленски побара да се донесе одлука за членство на Украина во Европската унија. „Ова е клучен момент еднаш засекогаш да се затвори долгогодишната дискусија и да се одлучи за членството на Украина во ЕУ“, објави тој на Твитер. Паралелно, лидерите на Полска, Литванија и Германија договорија денес средба во Берлин за да …

Зеленски бара одлука за членство на Украина во ЕУ Read More »

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми рекламирање


Фејсбук им забрани на руските државни медиуми да прикажуваат реклами и да монетизираат на платформата, каде било во светот. Фејсбук, исто така, ќе продолжи да применува етикети на дополнителни руски државни медиуми, објави на Твитер шефот за безбедносна политика Натаниел Глејхер. „Внимателно ја следиме ситуацијата во Украина и ќе продолжиме да ги споделуваме чекорите што …

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми рекламирање Read More »

„Оваа војна ќе трае“, предупредува Макрон


 Светот мора да се подготви за долга војна меѓу Русија и Украина откако Москва започна инвазија на својот прозападен сосед, предупреди денеска францускиот претседател Емануел Макрон. „Ако можам да ви кажам една работа утрово, тоа е дека оваа војна ќе трае“, рече Макрон на годишниот саем за земјоделство во Франција. „Оваа криза ќе потрае, оваа …

„Оваа војна ќе трае“, предупредува Макрон Read More »

Зеленски: Се уште сум тука, нема да го оставиме оружјето


Украинскиот претседател Зеленски утрово објави уште едно видео од центарот на Киев. „Има многу лажни информации на интернет дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и дека има евакуација“, рече тој. „Јас сум тука. Нема да го оставиме оружјето. Ние ќе ја браниме нашата држава бидејќи нашето оружје е нашата вистината“. Тој ги …

Зеленски: Се уште сум тука, нема да го оставиме оружјето Read More »

Тешки борби во повеќе украински градови, улични битки во Киев


Украинското Министерство за внатрешни работи ги предупреди цивилите во главниот град Киев дека борбите се водат на улиците. „По улиците на нашиот град има активни борби. Ве молиме бидете смирени и бидете исклучително внимателни! Доколку сте во прифатилиште, не го напуштајте сега. Ако сте дома – не приоѓајте до прозорците, не одете на балкони. Скријте …

Тешки борби во повеќе украински градови, улични битки во Киев Read More »

Граната погоди станбена зграда во центарот на Киев, станарите плачат (ВИДЕО)


 Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека граната испукана од руските сили погодила станбена зграда во центарот на Киев. Зградата се уште гори  утрово и има огромна штета – уништени се повеќе домови.  Пожарникари им помагаат на повредените.Според советник на министерот за внатрешни работи ракетата не предизвикала жртви. Но, Антон Херашченко нагласи дека Русија не зборува …

Граната погоди станбена зграда во центарот на Киев, станарите плачат (ВИДЕО) Read More »

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина


Русија, како и што се очекуваше, вечерва стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН против нападот на Москва на Украина, јавио ДПА од Њујорк. На гласањето во зградат ан Ист Ривер, Русија го искористи правото на вето за да ја блокира резолуцијата. Кина се воздржа од изјаснување, заедно со уште две земји …

Русија стави вето, Кина воздржана, за Резолуцијата на СБ на ОН за инвазијата врз Украина Read More »

Зеленски најави тешка ноќ за Киев: Не чека руски јуриш, мораме да издржиме


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва во видео порака до нацијата најави дека земјата и особено главниот град Киев ги очекува тешка ноќ, бидејќи се очекува руската армија да се обиде да упадне во Киев, пренесе ДПА. Во речиси петминутиот говор Зелински ја повика јавноста да го брани главниот град на Украина со сите средства. Инаку …

Зеленски најави тешка ноќ за Киев: Не чека руски јуриш, мораме да издржиме Read More »

Германскиот шеф на тајната служба бил во Киев, изненаден од инвазијата, и денеска бил итно евакуиран


  Претседателот на германската Федерална разузнавачка служба (БНД), Бруно Кал, мораше набрзина да биде евакуиран од Киев откако рускиот напад врз Украина, наводно, го изненадил. Според германскиот медиум „Фокус“, Кал отпатувал во главниот град на Украина пред неколку дена за да разговара со неговите украински колеги за информации околу ситуацијата. Според извештајот, Кал ја пропуштил …

Германскиот шеф на тајната служба бил во Киев, изненаден од инвазијата, и денеска бил итно евакуиран Read More »

Британија воведе санкции против Путин и Лавров


  Велика Британија веднаш ќе воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, покрај пакетот санкции објавен во четвртокот, им рекол премиерот Борис Џонсон на лидерите на НАТО за време на самитот попладнево, според Даунинг стрит. Џонсон ги повика британските сојузници веднаш да ја исклучат Русија од системот за …

Британија воведе санкции против Путин и Лавров Read More »

Русите го „разбудија“ Чернобил, закана и од другите четири нуклеарки во Украина


Украинската потврда дека руските војници ја презеле контролата врз нуклеарната централа во Чернобил предизвика стравувања дека борбите во областа може да доведат до еколошка катастрофа. „Ризикот од случајно гранатирање што ќе предизвика вистинска нуклеарна катастрофа е реален“, рече Ив Марињак, француски нуклеарен експерт од здружението Негават. Нуклеарните реактори во Чернобил, местото на најразорната нуклеарна катастрофа …

Русите го „разбудија“ Чернобил, закана и од другите четири нуклеарки во Украина Read More »

Западот бара од Кина да застане зад суверенитетот на Украина


Во разговорите со неговите колеги од ЕУ, со францускиот и со британскиот, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји посочил дека Пекинг не стои зад руската војна, иако дипломатите предупредуваат дека тоа ќе се види според реакцијата на Кина во ОН. Во разговор со француски функционер за  украинската криза  Ванг рекол дека е  „неопходно да …

Западот бара од Кина да застане зад суверенитетот на Украина Read More »

И Фијон се засрами, најави повлекување од позициите во руските компании


Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон изјави дека ќе поднесе оставка од членството во бордот во руските петрохемиски и нафтени компании Сибур и Зарубешнефт, објави „Ле Журнал ду Диманш“. Тој беше критикуван за неговите врски со Русија и за останувањето во бордовите на тие компании откако Русија ја започна својата инвазија на Украина. Тој се приклучи …

И Фијон се засрами, најави повлекување од позициите во руските компании Read More »

Русија се уште не успева да ги освои украинските градови


Русија денес оствари територијални придобивки, но тие главно беа во руралните области, додека Украина ја задржува контролата врз нејзините клучни градови, проценија западни извори. Сепак,Русите издадоа остро предупредување: Москва може да прибегне кон неселективна употреба на индиректен оган, преку артилериски системи и термобарично оружје, доколку продолжи да не ги исполнува своите временски рокови и цели. …

Русија се уште не успева да ги освои украинските градови Read More »

Ердоган лут: Западните сили само делат совети на Украина, ова не е солидарност


НАТО би требало поодлучно да дејствува во однос на руската инвазија врз Украина, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ердоган пред медиумите во Истанбул на сличен начин испрати критики и до Европската унија поради „неделувањето“ и отстуството од демонстрација на „сериозен, конкретен став“. „Западните сили само и делат совети на Украина“, рече Ердоган, додавајќи …

Ердоган лут: Западните сили само делат совети на Украина, ова не е солидарност Read More »

Советот на Европа ја суспендира Русија од членството


Советот на Европа денеска ја почна процедурата за суспендирање на членството на Русија во оваа организација, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки. Русија е членка на 47-членото тело за човекови права од 1996 година. Таа беше исклучена од Парламентарното собрание на Советот на Европа поради анексијата на Крим во 2014 година, но во 2019 година беше …

Советот на Европа ја суспендира Русија од членството Read More »