Граната погоди станбена зграда во центарот на Киев, станарите плачат (ВИДЕО)


 Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека граната испукана од руските сили погодила станбена зграда во центарот на Киев. Зградата се уште гори  утрово и има огромна штета – уништени се повеќе домови.  Пожарникари им помагаат на повредените.Според советник на министерот за внатрешни работи ракетата не предизвикала жртви. Но, Антон Херашченко нагласи дека Русија не зборува вистина дека не ја гранатира цивилната инфраструктура. Според советникот, најмалку 40 такви локации биле погодени, и дека  руските трупи гранатирале цивилни локации.

Со ова се остваруваат најавите на разузнувачките служби на САД дека за да го деморализира населението и војниците Русија ќе почне да напаѓа цивилни цели. Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба,  побара од светот целосна изолација на Русија, по ракетните напади врз станбени делови на Киев. Кулеба на Твитер објави дека Киев преживеал уште една ноќ под ударите на руските копнени сили и проектили.

„Барам од светот целосно да ја изолира Руската Федерација. Протерајте ги амбасадорите. Ембарго за нафта. Уништете ја руската економија“, наведува Кулеба во твитот.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, претходно објави дека руските вооружени сили синоќа извршиле напад со крстосувачки ракети од море и од воздух врз воени објекти во Украина. 

Нашите звори од Киев јавуваат дека низ градот има многу руски групи за саботажа кои се облечени во украински цивилни или воени униформи, но дека украинската армија досега успешно ги одбива нападите.