Пиварницата во Лавов ќе прави молотови коктели место пиво


Пиварницата Правда со седиште во Лавов се префрла на производство на молотови коктели. Пиварницата ги објави плановите откако Министерството за одбрана на Украина им наложи на цивилите да направат молотови коктели за да се спротивстават на инвазијата на руските сили.

Украина ќе формира „ИТ армија“


Украина ќе формира „ИТ армија“ за борба против дигиталните упади на Русија, изјави вицепремиерот Михаило Федоров. „Создаваме ИТ армија“, напиша Федоров во твит. „Ќе има задачи за сите. Продолжуваме да се бориме на кибер фронтот. Првата задача е на каналот за кибер специјалисти“.

 Германија ќе го затвори својот воздушен простор за руски летови


 Германските власти соопштија  дека државата се подготвува да го затвори својот воздушен простор за руски авиони. Министерот за транспорт Фолкер Висинг ја поддржува таквата мерка и нареди да се преземат сите подготовки за тоа, објави неговото министерство на Твитер. Неколку часа претходно, товарен авион на DHL, регистриран во Германија, нагло го заобиколи рускиот воздушен простор, …

 Германија ќе го затвори својот воздушен простор за руски летови Read More »

Најнови случувања околу руската инвазија на Украина


Русија им нареди на своите војници да напредуваат „од сите правци“ додека гранатира  украинската војска со крстосувачки ракети.Пентагон вели дека половина од руската инвазивна сила е веќе во Украина, но е фрустрирана од неочекуваниот цврст украински отпор, при што претседателот Володимир Зеленски тврди дека неговите војници го „исфрлиле од колосек“ рускиот план. Украинските војници го …

Најнови случувања околу руската инвазија на Украина Read More »

Функционер на НАТО тврди дека на руските војници им снемува дизел и мотивација


 Висок воен функционер на НАТО тврди дека Русија бавно напредува во Украина во обид да остави време за преговори, јави Си-Ен-Ен. „Тие имаат проблеми“, објасни официјалниот претставник, укажувајќи на најновите разузнавачки информации на алијансата. „Им недостига дизел, тие продолжуваат да успоруваат и моралот е очигледно проблем“. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека на нивните …

Функционер на НАТО тврди дека на руските војници им снемува дизел и мотивација Read More »

Украина ги затвора границите со Русија и со Белорусија


Украина ги затвора границите со Русија и Белорусија, изјави украинскиот премиер Денис Шмихаил. Во видео изјава објавена на Телеграм, тој рече дека само на граѓаните на Украина ќе им биде дозволено да преминат од Русија и Белорусија во Украина. Сепак, тој не кажа кога ќе стапи на сила затворањето на границата.

Русија праќа „пламенофрлачи“ во Украина


Си Ен Ен вечерва покажа снимка како украинската граница ја преминува воено возило наречено „пламенофрлач“ кое  е забрането за употреба со меѓународните договори . Со целосно салво ова оружје ќе опустоши површина од 200 x 400 метри, убивајќи од прекумерен притисок, изгореници и задушување. Воените експерти на Си Ен Ен тоа го оценуваат како знак …

Русија праќа „пламенофрлачи“ во Украина Read More »

Путин наводно бил бесен што војната уште трае, објави естонски европратеник


  Естонскиот политичар и пратеник во Европскиот парламент Рихо Терас, кој беше командант на естонските одбранбени сили од 2011 до 2018 година, на Твитер објави дека рускиот претседател Владимир Путин е во неволја бидејќи неговиот напад врз Украина не напредувал толку брзо како што мислел дека ќе напредува. „Украински припадник на тајната служба ме информираше …

Путин наводно бил бесен што војната уште трае, објави естонски европратеник Read More »

(ВИДЕО) Украинци со обидуваат да запрат тенк со раце


Видеото е снимено во северноисточниот град на Украина, Бакмач, каде што жителите се обидуваат да запрат колона со тенкови да продолжи натаму – стоејќи пред нив и запирајќи ги со раце. Снимката го обиколи целиот свет бидејќи ја покажува неверојатната подготвеност  на Украинците да дадат отпор и да ја одбранат земјата.  Video of Ukrainians in …

(ВИДЕО) Украинци со обидуваат да запрат тенк со раце Read More »

Неверојатното патување на Зеленски – од комедија до воен лидер


  Кога Володимир Зеленски растеше во југоисточна Украина, неговото еврејско семејство зборуваше руски, а неговиот татко еднаш му забрани на младиот Зеленски да оди во странство за да студира во Израел. Наместо тоа, Зеленски студирал право дома. По дипломирањето, тој најде нов дом во филмското глумење и комедијата – растејќи во 2010-тите за да стане …

Неверојатното патување на Зеленски – од комедија до воен лидер Read More »

Сообраќајните табли сменети, сите правци ги праќаат руските војници „да се ебат“


Украинското Министерство за внатрешни работи побарало од жителите да ги симнат уличните знаци и таблите со имиња на сите градови и други места  за да ги збунат руските трупи што доаѓаат. Државната агенција за патна сигнализација,пак, отишла  чекор понатаму, па објави една од таблите на која грубо преведено сите насоки покажуваат  „одете да се ебете“. …

Сообраќајните табли сменети, сите правци ги праќаат руските војници „да се ебат“ Read More »

Бајден: Имаме две опции, една од нив е трета светска војна


Американскиот претседател Џо Бајден, во емисијата на Брајан Тајлер Коен, изјави дека во моментов има две опции, од кои едната е трета светска војна. „Имаме две опции. Да ја започнеме третата светска војна и да влеземе во војна со Русија, физички. Втората опција е да се осигураме дека земјата која се однесува толку спротивно на …

Бајден: Имаме две опции, една од нив е трета светска војна Read More »

Полска прес агенција повика руски ТАСС да се исфрли од здружението на агенциите


Полската прес агенција (ПАП) повика на исфрлање на руската новинска агенција ТАСС од Европската алијанса на новински агенции (ЕАНА). Ваквиот потег го иницираше извршниот директор на ПАП, Војчех Сурмач, пренесе Укринформ. „Го повикувам Управниот одбор да почне процедура за итно отстранување на агенцијата ТАСС од Европската алијанса на новински агенции. Руската агенција на невиден начин …

Полска прес агенција повика руски ТАСС да се исфрли од здружението на агенциите Read More »

Руската армија урна брана за да го врати водоснабдувањето на Крим


Руските војници ја урнаа браната, изградена во 2014 година, што го отсече Севернокримскиот канал од реката Днепар, прекинувајќи го снабдувањето со вода за Крим и зазедоа аеродром на југ што ќе им овозможи побрзо да напредуваат кон Мариупол, објавија руските медиуми. По блокадата, лидерот на Кримската Република Сергеј Аксјонов им нареди на граѓаните да го …

Руската армија урна брана за да го врати водоснабдувањето на Крим Read More »

Бајден: Реакциите на Финска и Шведска ја покажуваат погрешната проценка на Путин


„Не само што НАТО е пообединет, туку погледнете што се случува во врска со Финска, погледнете што се случува во врска со Шведска, погледнете што се случува во другите земји. Мислам дека Путин доби сосема спротивен ефект од тој што го посакуваше, изјави американскиот претседател Џо Бајден во интервју за инфлуенсерот Брајан Тајлер Коен, пренесуваат …

Бајден: Реакциите на Финска и Шведска ја покажуваат погрешната проценка на Путин Read More »

Украинците ги уништија сите железнички пруги што ги спојуваат со Русија


  Украинските железници ги уништиле сите пруги на премините кои ја поврзуваат земјата со Русија како одговор на инвазијата од Москва. „Железниците на Украина ги прекинаа сите односи и интеракции со Железниците на Русија. Понудивме на железниците на Руската Федерација мир и прекин на војната, но тие продолжија да довезуваат тенкови и друга воена опрема …

Украинците ги уништија сите железнички пруги што ги спојуваат со Русија Read More »

(Видео) Колона тенкови се движи кон границата кај Харков


Огромна колона тенкови се движи кон границата кај Харков, јавува Си-Ен-Ен. Си-Ен-Ен претходно објави дека најголемата борба денеска е околу Харков. WOW @fpleitgenCNN is live on CNN right now showing an enormous column of Russian tanks moving toward the border near Kharkiv as night has fallen in Russia and Ukraine pic.twitter.com/Ge14jiO51x — Nora Neus (@noraneus) …

(Видео) Колона тенкови се движи кон границата кај Харков Read More »

Војна преку ТикТок: нова алатка на Русија за пропагандна машина


  Руското видео на ТикТок има сè: мачка, кученца и пулсирачки ритам во позадина. Тоа е слатко, може да се гледа и едвај се чини дека е предмет на државна пропаганда. Во 2014 година, Русија го преплави интернетот со лажни профили, туркајќи дезинформации за нејзиното преземање на Крим. Осум години подоцна, експертите велат дека Русија …

Војна преку ТикТок: нова алатка на Русија за пропагандна машина Read More »

Неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи


Според пишувањето на париски „Либерасион“ неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи, јави дописникот на МИА. Користејќи јавни податоци за движењето на приватните авиони, активист на постојано ажурирана веб-страница ја објавува локацијата на олигарсите на Путин. Според овие податоци, многу од нив заминале од Москва за Франција. Така …

Неколку олигарси блиски до Путин ја напуштиле Москва и се кријат на француските Алпи Read More »

Викторија Нуланд за руска телевизија: Кремљ лажеше со недели


  Заменик-државниот секретар на САД, Викторија Нуланд во синоќешното интервју за независната руска телевизија Дожд даде тешки оценки за Владимир Путин, руското раководство и инвазијата во Украина. Овие оценки е тешко да се чујат во руската јавност во време на војната во Украина кога медиумите се под строга контрола. Нуланд рече дека САД се подготвени …

Викторија Нуланд за руска телевизија: Кремљ лажеше со недели Read More »