Украинците ги уништија сите железнички пруги што ги спојуваат со Русија


 

Украинските железници ги уништиле сите пруги на премините кои ја поврзуваат земјата со Русија како одговор на инвазијата од Москва.

„Железниците на Украина ги прекинаа сите односи и интеракции со Железниците на Русија. Понудивме на железниците на Руската Федерација мир и прекин на војната, но тие продолжија да довезуваат тенкови и друга воена опрема во Украина на нејзините граници“, се наведува во официјалното соопштение.

Уништени се железничките премини меѓу земјите од каде превезуваа стока која носеше милиони долари во економиите на двете земји.

„Диспечерската комуникација со Руската Федерација исто така е прекината. Барањето на РЗД повторно да се поврзе со украинската железница немаше никаква врска со хуманитарна мисија, беше залуден обид да се обнови испораката на воена опрема. Добија одговор од нашиот диспечер – тоа е став на целата компанија“, соопштија Украинците.

Компанијата во потполност ќе го преориентира товарниот сообраќај на Европа и ќе продолжи да го развива патот на свилата заобиколувајќи ја Русија.

„Компанијата е спремна да стане полноправен член на логистичкиот синџир на Европската унија. Железницата исто така ќе продолжи да го развива транспортот со азиските земји, меѓу кои и Кина, и да пружа квалитетна и брза логистика меѓу Азија и Европа, но без Русиај“, заклучуваат.