ЕУ ќе го финансира купувањето оружје за украинската армија


Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво. „На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со …

ЕУ ќе го финансира купувањето оружје за украинската армија Read More »

Германија ќе ги зголеми трошоците за одбраната


Светот влезе во „нова ера“ со руската инвазија на Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на вонредната седница на Бундестагот. „Со инвазијата на Украина, влеговме во нова ера. Во Украина луѓето не само што ја бранат својата татковина, тие се борат за слобода и за својата демократија, за вредностите што ги споделуваме со нив“, …

Германија ќе ги зголеми трошоците за одбраната Read More »

Украина поднесе тужба против Русија во Хаг


Украина поднесе тужба против Русија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, објави денеска на Твитер претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Русија мора да биде одговорна за манипулирање со приказната за геноцид со цел да се оправда агресијата. Бараме итна одлука на судот, кој и наложува на Русија веднаш да ги прекине воените дејствија и …

Украина поднесе тужба против Русија во Хаг Read More »

Русија имаше повеќе жртви за 24 часа отколку за осум години во Сирија


  Лондонски „Економист“ објави дека Русија за 24 часа имала повеќе жртви отколку за осумте години во Сирија. Украинската заменик министерка за одбрана Хана Маљар тврди дека руските сили изгубиле околу 4.300 војници. За Гардијан не беше можно веднаш самостојно да ја потврди бројката. „И покрај тоа што има далеку помалку оружје и војници, Украина …

Русија имаше повеќе жртви за 24 часа отколку за осум години во Сирија Read More »

Украинските војници на Змискиот остров кои го измаршираа рускиот брод можеби уште се живи


  Украинските војници за кои се верува дека загинале додека бранеле остров, откако му рекле на рускиот воен брод „да се е.е“, можеби сѐ уште се живи, според украинската Државна гранична стража. Првичните извештаи велат дека 13-те граничари загинале откако одбиле да го предадат Змискиот остров, кој се наоѓа на 300 километри западно од Крим, …

Украинските војници на Змискиот остров кои го измаршираа рускиот брод можеби уште се живи Read More »

Уништен конвој на чеченски борци близу Киев, убиен и генерал


  Чеченскиот генерал Магомед Тушаев е убиен во војната во Украина, објави на Твитер поранешниот амбасадор во Австрија, украинскиот политичар Олександр Шерба (51). „Рускиот генерал од Чеченија Магомед Тушаев нема да се врати дома од Украина. Што изгуби во Украина, Магомед, а? Русијо, оди дома“, напиша Шерба на Твитер. Според извори на Канал 24, украинската …

Уништен конвој на чеченски борци близу Киев, убиен и генерал Read More »

Лукашенко: „Ова што е сега во Украина е ништо. За два-три дена почнува војната, а потоа масакр“


  „Во Украина нема ниту еден белоруски војник, ниту еден куршум“, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко по гласањето на референдумот за промена на уставот што денеска се одржува во таа земја. „Таму нема наши војници. Зборував со Макрон за тоа вчера. Му реков дека таму нема војници… нема белоруски куршуми“, рече Лукашенко, објаснувајќи дека …

Лукашенко: „Ова што е сега во Украина е ништо. За два-три дена почнува војната, а потоа масакр“ Read More »

И Трамп се смени – ја осуди руската инвазија на Украина, Зеленски го нарече „храбар“


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во саботата ја осуди руската инвазија на Украина и рече дека се моли за Украинците, менувајќи го својот тон од пофалбите за рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела. Забелешките на Трамп на собирот на конзервативните гувернери во Флорида дојдоа неколку часа откако Соединетите Американски Држави и нивните сојузници …

И Трамп се смени – ја осуди руската инвазија на Украина, Зеленски го нарече „храбар“ Read More »

Се огласи Путин, а се огласи и Зеленски


  Рускиот претседател Владимир Путин утрово имаше кратко телевизиско обраќање, прва неговата јавна изјава од петокот. Путин ја нарече руската инвазија на Украина како „специјална операција за давање помош на народните републики во Донбас“ и го поздрави „херојството“ на руските специјални сили кои се борат во Украина. Новинската агенција Интерфакс јави дека Путин рекол: „Посебна …

Се огласи Путин, а се огласи и Зеленски Read More »

Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли руската понуда за разговори во Белорусија. Тој нагласи дека Минск бил соучесник во руската инвазија, но ја остава вратата отворена за преговори на други локации. „Варшава, Братислава, Будимпешта, Истанбул, Баку. Ги предложивме сите“, рече тој во онлајн обраќање. Кремљ денеска соопшти дека неговата делегација е подготвена да се …

Зеленски вели дека е подготвен за разговори со Русија, но не во Белорусија Read More »

ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина


Најмалку 64 цивили се убиени, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела, соопшти агенцијата за помош на ОН. „Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати“, се вели во статусниот извештај …

ОН: Најмалку 64 цивили убиени во Украина Read More »

Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина во Белорусија


Руска делегација пристигна во Белорусија на разговори со украинската страна, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Во согласност со договор, руска делегација составена од претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација, пристигна во Белорусија на разговори со Украинците, изјави Песков. – Ќе бидеме подготвени …

Кремљ вели дека е подготвен за разговори со Украина во Белорусија Read More »

(Видео) Пристигнуваат снимки од Харков: Руски тенкови на улиците, некои запалени


Утрово Русите влегоа во Харков, вториот по големина украински град по Киев. Ова го потврди и локален политичар. Тој исто така рече дека има тешка борба на улиците и дека украинските сили го елиминираат непријателот. Тој ги повика жителите да останат во засолништа. На социјалните мрежи се шират снимки од руски возила во Харков. На …

(Видео) Пристигнуваат снимки од Харков: Руски тенкови на улиците, некои запалени Read More »

Зеленски: Украина формира странска легија за волонтери од странство


Украина формира странска „меѓународна“ легија на волонтери од странство, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. „Ова ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја“, нагласи Зеленски во изјавата.

Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца


Инвазијата на Русија врз Украина навлезе во чевртиот ден. Киев ја издржа ноќта под жесток напад на руските сили. Во текот на ноќта градот беше осветлен од две силни експлозии. Во нападите врз украинските градови имаше жртви, меѓу кои и деца. Русија, пак, се соочува со се построги санкции од меѓународната заедница. Во утринските часови …

Киев издржа уште една ноќ под силен напад, Русите влегоа во Харков, меѓу жртвите има деца Read More »

Пекол на полската граница: Стотици илјади измрзнати и изморени Украинци бегаат од војната


Медика – Топлите зраци на утринското сонце ги отстрануваат последните знаци на мраз од автомобилите паркирани во бескрајни редови покрај патот. Медика – главниот граничен премин меѓу Полска и Украина – полека се буди, а исто така и десетици мажи и жени кои ја поминаа ноќта на паркинзи, чекајќи ги своите најблиски да пристигнат. Од …

Пекол на полската граница: Стотици илјади измрзнати и изморени Украинци бегаат од војната Read More »

Руските војници во Украина дезориентирани: Не знаеме во кого да пукаме, сите личат на нас


 Руските војници во Украина се дезориентирани, оценил  американски претставник за британски „Индепендент“. Според него,  тие се гладни и при крај со залихи, а некои руски војници се и збунети бидејќи не знаат што всушност прават во Украина.  Овој висок официјален претставник на САД  изјавил дека руските војници биле слушнати како се жалат дека украинскиот отпор …

Руските војници во Украина дезориентирани: Не знаеме во кого да пукаме, сите личат на нас Read More »

Путин не може да го урне ни интернетот, Елон Маск обезбедил сателит за Украина


Сателитскиот систем Starlink на Елон Маск, што обезбедува сигурен пристап до интернет, сега е активен во Украина. Овој потег уследи откако вицепремиерот на Украина го повика  Маск да им помогне, бидејќи системот SpaceX не бара никакви кабли со оптички влакна.Корисниците на земјата пристапуваат до сигналите за широкопојасен интернет што се враќаат на земјата со помош на …

Путин не може да го урне ни интернетот, Елон Маск обезбедил сателит за Украина Read More »

ЕУ ќе го замрзне имотот на руската централна банка


  Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина. Фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ ќе отстрани „одредени“ руски банки од платниот систем SWIFT, како одговор на клучното барање на Киев. Таа …

ЕУ ќе го замрзне имотот на руската централна банка Read More »

Руските војници гранатирале болничко возило и детска болница за лечење рак


Руски војници пукале во амбулантно возило, при што убиле две лица и раниле едно во близина на градот Керсон. Руските сили го гранатирале медицинското возило, кревајќи го во воздух. Возачот и пациентот изгореле живи, објави сајтот Сегодња. Пациентот бил повреден поради руско гранатирање претходно истиот ден. Руски проектил ја погоди и детската болница за рак …

Руските војници гранатирале болничко возило и детска болница за лечење рак Read More »