Нервоза на Форумот во Минхен – ова е крај на светот каков што го познаваме


Ако ја пресечете маглата од банални прокламации што произлегоа од главната сцена на Минхенската безбедносна конференција за западната солидарност и заедничката цел овој викенд, не можете, а да не ја забележите вознемиреноста и загриженоста под површината. И покрај тоа што западните лидери си честитаа за нивната великодушност кон Украина, на вооружените сили на земјата им […]

Повеќе од 30 загинати во поплавите и свлечиштата во Бразил


Поројните врнежи од дожд во крајбрежните области во југоисточниот дел на Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во кои загинаа 36 лица, а неколку стотици останаа без своите домови, соопштија локалните власти. Владата на сојузната држава Сао Паоло потврди дека 36 лица загинале, а стотици ги напуштиле своите домови или останале без покрив над […]

Бајден нема намера да ја посети Украина по патувањето во Полска


САД- Американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе ја посети Полска, но според претставник на Белата куќа, тој нема да ја посети Украина во пресрет на годишнината од почетокот на руската инвазија, јави ДПА. Бајден ќе изрази континуирана американска поддршка за Украина додека е во соседна Полска, каде што ќе биде од вторник наутро, изјави синоќа портпаролот […]

Почнува најголемиот саем за воена опрема во Абу Даби


 ОАЕ- Од 20 до 24 февруари Обединетите Арапски Емирати и градот Абу Даби ќе бидат домаќини на шеснаесеттата меѓународна изложба на оружје и воена опрема „IDEX 2023“ и седмото издание на Поморската воена изложба“ NAVDEX 2023“ – најголемите настани од таков вид во светот, каде се прикажуваат најновите иновации и технологии во меѓународниот одбранбен сектор, […]

Тешко болниот Џими Картер ќе се лечи само дома


САД– Поранешниот американски претседател Џими Картер одлучи да добие палијативна нега и „преостанатото време да го помине дома со семејството“ наместо дополнителна медицинска интервенција, соопшти во саботата Центарот Картер. Картер (98), кој живееше подолго по напуштањето на Белата куќа од кој било поранешен претседател во историјата на САД, беше демократ кој служеше од јануари 1977 […]

И Рамзан Кадиров ќе прави своја приватна армија на платеници


  Шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров, би сакал да организира своја приватна воена компанија по завршувањето на неговата јавна служба. Тој напиша за ова во објава во телеграма, каде што високо ја ценеше ефикасноста на јуришните трупи на „Вагнер“. „Не престанувам да се радувам на успесите на ‘Вагнер’. Се чини дека приватната воена компанија успеа […]

„Тајмс“ открива што се случува во бункерот на Зеленски


Англија– Британскиот весник „Тајмс“ објави текст во кој се зборува за ситуацијата во бункерот на Владимир Зеленски и во неговиот кабинет. Како што пишува весникот, британски новинар е во Киев и разговарал за бункерот со различни украински функционери кои се запознаени со ситуацијата во засолништето. Меѓу изворите се и советникот на Зеленски, Александар Родњански и […]

ОН: Најмалку 8,8 милиони луѓе се погодени од земјотресот во Сирија


Сирија – Најмалку 8,8 милиони луѓе се погодени од земјотресот во Сирија, соопшти претставничката на Обединетите нации во земјата, Најат Рожди, откако претходно координаторот за вонредни состојби на ОН за Сирија, Мартин Грифитс, призна дека хуманитарните организации на ОН не успеале да им помогнат на жртвите од земјотресот во северозападна Сирија која е под контрола на бунтовниците. На повеќето од нив […]

Неактивноста предизвикува 10.000 предвремени смртни случаи годишно во Европа


Франција – Многу луѓе кои живеат во Европската унија не вежбаат доволно, што доведува до повеќе од 10.000 предвремени смртни случаи годишно, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Повеќе од една третина од жителите на ЕУ не го достигнуваат нивото на вежбање препорачано од Светската здравствена организација (СЗО) од 150 минути умерено до енергично вежбање […]

САД и Јужна Кореја одржаа воена вежба


Јужна Кореја– САД и Јужна Кореја денеска одржаа заедничка вежба на воздухопловните сили во која учествуваа американски стратешки бомбардери заедно со други борбени авиони, еден ден откако Северна Кореја ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-15. Началникот на Генералштабот на Јужна Кореја соопшти дека вежбата, во која корејските авиони Ф-35А, Ф-15К и американските ловци Ф-16 ги […]

Мелони утре во Киев


Италија – Италијанската премиерка Џорџа Мелони утре ќе отпатува за Киев за да го посети украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска политички извор. Мелони, која стана премиерка во октомври, рече дека има намера да го посети Киев пред 24 февруари, првата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина. И покрај несогласувањата во десничарската владејачка […]

Русија го обвини Макрон за дволична дипломатија поради неговите изјави за поразот на Русија


Русија – Русија денеска го прекори Емануел Макрон затоа што рече дека сака да ја види Русија поразена, велејќи дека Москва сè уште се сеќава на судбината на Наполеон Бонапарта и го обвини францускиот претседател за дволична дипломатија кон Кремљ, со чие раководство постојано се обидуваше да се сретне. Макрон за весникот Le Journal du Dimanche изјави […]

Расте бројот на загинати во невремето во Нов Зеланд


Нов Зеланд– Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд денеска се искачи на 11, а неколку илјади луѓе сè уште се водат како исчезнати, откако невремето го погоди Северниот остров во земјата. Циклонот го погоди најсеверниот регион на Нов Зеланд на 12 февруари и се спушти долж источниот брег, предизвикувајќи голема штета. Премиерот Крис Хипкинс ја нарече Габриел најголемата природна катастрофа […]

Штрајк на граничниот персонал во Велика Британија: Патниците во автобуси чекаат повеќе од шест часа


Англија – Патниците во автобусите кои се враќаат во Велика Британија повеќе од шест часа чекаат на граничните премини поради штрајк на граничниот персонал. Операторот на фериботот „П и О“ ги советуваше патниците да одат во тоалет пред пристигнувањето и да дојдат подготвени со освежување, јави Би-Би-Си. Граничниот персонал во Калеи, Данкерк, Довер и терминалот Кокај на […]

Северна Кореја ги потврди тестирањата на балистички ракети


Северна Кореја– Северна Кореја денеска соопшти дека нејзиниот најнов тест на интерконтинентална балистичка ракета има за цел дополнително да го зајакне капацитетот на нуклеарен напад против непријателот. Земјата веќе се закани дека ќе преземе дополнителни чекори како одговор на планираната заедничка воена вежба на САД и Јужна Кореја. Вчерашното пробно истрелување на проектил, прво годинава, ги сигнализира намерите на […]

СЗО: Потребна е помош за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија


Швајцарија – Светската здравствена организација проценува дека хуманитарната помош е неопходна за 26 милиони луѓе во Турција и Сирија. Во Сирија, каде во земјотресот загинаа повеќе од 5.800 луѓе, властите во северозападниот дел на земјата под контрола на Дамаск не дозволуваат влез во областа, изјави директорот на Светската програма за храна, Дејвид Бисли. Тој изјави дека тоа […]

Во Турција, татко и ќерка повторно заедно, момче се уште ја бара својата мајка


  Прво се слушаа врисоци… потоа продорен плач… а потоа „татко, татко“ се слуша одново и одново. Четири годишното девојче Гада Ајан и нејзиниот татко Ахмет Ајан повторно се заедно откако биле закопани во куп урнатини што некогаш биле нивниот дом во јужна Турција. Тие беа заробени заедно кога нивниот дом се урна во земјотресот […]

Белата куќа јави за огромни загуби на „Вагнер“ во Украина, повеќето биле затвореници


Руската платеничка група „Вагнер“ претрпе повеќе од 30.000 жртви од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари минатата година, при што околу 9.000 нејзини членови загинаа во борби, соопшти во петокот Белата куќа. Соединетите држави проценуваат дека затворениците сочинуваат 90 отсто од групата Вагнер убиена од декември, изјави портпаролот на Советот за национална […]

Сунак: Вооружете ја Украина сега


Британскиот премиер Риши Сунак им порача на светските лидери дека сега мора да ја вооружат Украина и да се зафатат со зајакнување на нејзината долгорочна иднина против понатамошна руска агресија. Британскиот премиер, во денешниот говор на Минхенската безбедносна конференција, имаше двојна порака за Западот, јави ДПА. Тој рече дека на Украина и е потребна воена […]

Кина ќе претстави мировна иницијатива за Украина


Кина денеска соопшти ќе претстави мировна иницијатива за ставање крај на едногодишната војна во Украина, заснована на дијалог меѓу завојуваните страни и почитување на територијалниот интегритет. – Кина нема да стои настрана или да долева масло на огнот, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на безбедносна конференција во Минхен. – Ќе продолжиме да […]