Кина ќе претстави мировна иницијатива за Украина


Кина денеска соопшти ќе претстави мировна иницијатива за ставање крај на едногодишната војна во Украина, заснована на дијалог меѓу завојуваните страни и почитување на територијалниот интегритет. – Кина нема да стои настрана или да долева масло на огнот, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на безбедносна конференција во Минхен. – Ќе продолжиме да […]

САД формално ја обвинуваат Русија за злосторства против човештвото во Украина, вели Харис


Соединетите Држави утврдија дека Русија врши злосторства против човештвото во Украина, објави во саботата заменик-претседателката Камала Харис, што е најновото салва во напорите на Западот да ја повика Москва на одговорност за нејзините злосторства за време на војната. Во обраќањето на Минхенската безбедносна конференција, Харис наведе дека Русија е одговорна за „широк и систематски напад“ […]

Италија ќе се соочи со голема суша, областите околу реката По веќе се исушени


Италија може да се соочи со уште една година на тешка суша по малите врнежи оваа зима, а големи површини долж реката По веќе се суви што предизвикува загриженост за земјоделството, хидроенергијата и водата за пиење, пишува „Гардијан“. Весникот наведува дека огромни области околу реката По, најдолгата река во Италија која минува низ неколку северни […]

Евакуирани згради, затворени мостови… Бурата Ото ја погоди Скандинавија


Поради бурата Ото која ја погоди Скандинавија, во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани. Ветровите достигнаа брзина и до 145 километри на час во југозападна Норвешка, а метеоролозите во Данска прогласија портокалова временска тревога за јужниот дел на […]

Германска агенција за радијација: Ризикот од нуклеарна катастрофа во Украина сè уште е висок


Ризикот од катастрофа во нуклеарна централа во Украина поради борби или губење на надворешно напојување останува висок, и покрај тоа што заканата не е во фокусот на вниманието, изјави шефот на германската Федерална канцеларија за заштита од радијација. Инге Паулини рече дека постои значителен ризик да се случи несреќа што ќе има далекусежни последици сè […]

Северна Кореја истрела балистичка ракета


Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета кон морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја. Потегот на Северна Кореја доаѓа пред претстојните заеднички вежби на САД и Јужна Кореја во Вашингтон следната недела. – Северна Кореја истрела неидентификувана балистичка ракета во Источното Море, изјави началникот на здружениот генералштаб на Јужна […]

Американската армија купува артилериска муниција за речиси милијарда долари


  Американската војска објави договор вреден речиси милијарда долари за зголемување на производството на артилериска муниција од 155 милиметри, која Украина ја користи во големи количини. Воените компании General Dynamics Ordnance&Tactical Systems и American Ordnance ќе се натпреваруваат за поединечни нарачки на муниција во рамките на договорот во вредност од 993,7 милиони долари, се наведува […]

Властите во Дамаск ја блокирале помошта за областа под контрола на опозицијата


Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) апелираше да се овозможи испорака на помош од Дамаск во северозападниот дел на земјата, која е под контрола на опозицијата. – Се обидовме да влеземе во Идлиб преку демаркационата линија и досега, за жал, бевме блокирани, изјави Фабрицио Карбони, регионален директор на МКЦК за Блискиот и Средниот Исток. – […]

Бројот на загинати во земјотресите во Турција и Сирија надмина 45.000 лица


Повеќе од 45.000 луѓе загинаа во земјотресите што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи многумина сè уште се водат за исчезнати. Според последните податоци, во Турција загинале 39.672 лица, а во соседна Сирија повеќе од 5.800. Турските спасувачки тимови и денеска продолжуваат да […]

Американската војска тврди дека убила еден од водачите на ИД во Сирија


Хамза ал Хомси, еден од главните водачи на терористичката организација Исламска држава, е убиен во североисточна Сирија во хеликоптерски напад под команда на американската армија, а во акцијата се ранети четворица американски војници. ИД денеска изврши напад во централна Сирија, во градот Сукна, во кој загинаа најмалку 36 цивили, објави Сириската опсерваторија за човекови права […]

Маж уби шестмина во Америка, рани неколкумина


  Шест луѓе се убиени во најновото крвопролевање во рурално подрачје во сојузната американска држава Мисисипи во САД: Властите во округот Тата уапсила маж кого го поврзува со убиствата откако го виделе во возило на пат како пука во луѓето, јави „Дејли меил“. Еден маж е убиен во продавница, додека жена е пронајдена мртва во […]

ММФ постигна договор со Украина, следат дискусии за кредитирањето


Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека е постигнат договор на ниво на тимови со Украина, што го отвора патот за разговори за програма за заеми за поддршка. Во соопштението ММФ наведува дека инфлацијата во Украина почнала да се забавува и дека оваа година се очекува постепено економско закрепнување.

Украинската Влада ги повика жителите на Бахмут да го напуштат градот


Украина– Украинската Влада денеска ги повика преостанатите жители на Бахмут да го напуштат градот, за кој со месеци се водат жестоки битки. – Ако сте разумни, граѓани кои го почитуваат законот и патриоти, мора веднаш да го напуштите (Бахмут), им порача украинската вицепремиерката Ирина Верешчук на останатите неколку илјади луѓе во Бахмут. Претходно, украинската Влада објави дека во Бахмут […]

Почнуваат воени вежби на Русија, Кина и Јужна Африка, ќе се тестира и ракетата „Циркон“


Јужна Африка –  Русија, Кина и Јужна Африка почнуваат денеска заеднички воени вежби во Индискиот Океан, во близина на брегот на Јужна Африка, демонстрирајќи ги нивните блиски врски во време на руска инвазија врз Украина и заладените односи на Кина со Западот. Десетдневните вежби наречени „Моси II“ ќе се совпаднат со првата годишнина од руската […]

Членството на Финска во НАТО сега е во рацете на Турција


Германија – Судбината на кандидатурата на Финска за членство во НАТО е во рацете на Турција, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто. Финска и Шведска поднесоа барања за влез во НАТО во мај по руската инвазија на Украина. Сепак, членката на алијансата Турција се спротивставува на нивното членство, обвинувајќи ги за засолнување организации што ги смета […]

Русија ја внесува нафтата во ЕУ преку Бугарија, но не за долго


Софија — Можноста на Русија да ја продава сурова нафта стана многу  потешка откако беше договорена забрана да го транспортира своето црно злато со бродови до ЕУ и откако стапи на сила ограничувањето на ЕУ за цената на извозот на руската нафта од 60 долари за барел. Податоците сугерираат дека овие мерки имаат влијание. Извозот на […]

Зеленски на Михенската конференција: „Мора да го победиме Голијат“


  Украинскиот претседател го започнa својот говор на Минхенската безбедносна конференција што беше отворена денеска со мала маневарска критика. Панелот на кој зборуваше Зеленски е наречен „Давид на Днепар“, заснован на библиската парабола за Давид како го победи надмоќниот Голијат со праќка. Зеленски вели дека името не одговара на размерите на војната и заканата. Загрозена […]

По една година војна, животот во Киев е речиси нормален


Противтенковски „ежови“ лежат на тротоарот пред луксузно бистро. Млади дрвја растат на игралиште погодено од ракета. Една година по инвазијата на руските сили, Киев ја држи главата високо, и покрај честите ракетни напади. Првите руски бомбардирања во раните утрински часови на 24 февруари лани го шокираа главниот град на Украина и ги принудија повеќето од […]

Португалија ја затвори програмата „Златна виза“


  Португалија престана да издава дозволи за престој за инвестирање со суспендирање на програмата „Златна виза“. Ова на прес-конференција во Лисабон го соопшти премиерот на Португалија, Антонио Коста, пренесува „Публико“. Во исто време, постојните дозволи за престој може да се продолжат под одредени услови, прецизираше шефот на владата. „Што се однесува до веќе издадените златни […]

Почна штрајкот во седум германски аеродроми, откажани 2.300 летови


Во седум германски аеродроми денеска се одржува 24-часовен штрајк кој може да погоди речиси 300.000 патници, додека членовите на синдикатот бараат зголемување на платите. „Утрово терминалите се празни“, рече портпаролот на аеродромот во Хамбург додавајќи дека таму се појавиле само мал дел од очекуваните 32.000 патници. Според податоците на здружението АДВ аеродроми, со откажување на […]