Русија под голем украински напад со дронови во повеќе области


  Руските региони во вторникот, 28 февруари, беа под масовен напад со беспилотни летала, кој стана најголем од почетокот на војната во Украина и зафати територии на стотици километри од линијата на фронтот. По регионите Брјанск и Белгород, кои директно се граничат со Украина, под удар беа и Московскиот регион, Ленинградската област и Краснодарската територија. […]

Белата куќа бара од федералните агенции да го забранат ТикТок на нивните уреди


Американските федерални агенции имаат рок од 30 дена да ја отстранат ТикТок од нивните уреди, популарната апликација во кинеска сопственост, нареди Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа. Апликацијата за споделување видео содржини во сопственост на кинеската компанија Byte Dance, ТикТок наиде на критики од американските пратеници кои сметаат дека апликацијата е закана за […]

Човек кој „загинал“ во земјотресот во Сирија се „врати од мртвите“ на погребот


Повеќе чудесни приказни пристигнуваа во деновите по земјотресите во Сирија и во Турција, но оваа е единствена. Ахмад Ал-Агриби е ископан од под урнатините на зградата што паднала во градот Атриб во Сирија. Болничарите утврдиле дека неа реагира и го префрлиле неговото тело во мртовечница. Таму останал два дена, додека членови на неговото семејство не […]

Финска е чекор поблиску до НАТО, нема да ја чека Шведска


Финска – Во Парламентот на Финска денеска ќе се одржи завршната расправа за приклучување во НАТО и однапред ќе се гласа со цел што побрзо земјата да влезе во таа воена алијанса, одлучувајќи дека нема чека на претходна потврда на Турција и Унгарија, ниту на изборите во својата земја на почетокот на април. Владата на премиерката […]

Штетите од земјотресите во Турција надминуваат 34 милијарди долари


САД – Земјотресот со јачина од 7,8 степени и бројните последователни потреси во јужна Турција од 6 февруари, предизвикаа штета од над 34 милијарди долари, процени Светската банка. Таа институција наведе дека во проценката не се земени предвид трошоците за реконструкција, кои веројатно се двојно повисоки. Исто така, не се земаат предвид штетите предизвикани во […]

Русите го притискаат Бахмут, но Украина доби неочекуван „сојузник“


Руските сили вршат притисок во офанзива на истокот на Украина, додека се обидуваат да го опколат малиот рударски град бахмут, каде во моментот се одвиваат најжестоките битки на украинското боиште. Русија се обидува да ги прекине ранливите линии за снабдување на украинските бранители во градот и да ги натера да се предадат или да се […]

Песков: Прерано е да се каже дали Путин ќе се кандидира за нов претседателски мандат во 2024 година


Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се уште не кажал дали повторно ќе се кандидира на претседателските избори, закажани за 2024 година. Путин не е расположен за кампања, бидејќи во моментов е многу зафатен, изјави Песков за московскиот весник „Известија“ во денеска објавен коментар. -Се уште не сме слушнале да […]

Домаќинствата во Европа се мачат да ги платат сметките поради зголемените трошоци за живот


  Започна со енергијата, но кризата со зголемените трошоци за живот сега се прошири на сите сектори и ја погодува цела Европа и пошироко. Проблемот има многу компоненти, но онаа што најмногу ги засега политичките лидери и најмногу влијае врз домаќинствата е инфлацијата и растот на цените на храната. Во февруари цените на гасот во […]

Зеленски: Ситуацијата во Бахмут е се потешка


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа призна дека ситуацијата околу Бахмут, на истокот на земјата, се влошува. -Ситуацијата станува се посложена, рече тој во редовното дневното обраќање до сонародниците. „Непријателот систематски уништува се што може да се искористи за заштита на нашите позиции“, додаде тој, нарекувајќи ги украинските војници кои учествуваат во таа битка „вистински херои“. […]

„Билд“: САД и Германија ѝ дале на Украина шест месеци да ги поврати териториите


  Украина има рок од шест месеци да ги врати териториите окупирани од Русија. Западот потоа ќе се обиде да го натера Киев на мировни преговори, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори во американската и германската влада. Според нив, тоа ќе се случи доколку вооружените сили на Украина не постигнат значителен успех на […]

Мигрант кој преживеа бродолом во Италија: Криумчарите ги фрлаа децата в море


  Мигранти кои го преживеаја бродоломот во близина на италијанскиот брег ги обвинија криумчарите, односно трговците со луѓе, дека фрлале деца во морето за да ја намалат тежината на бродот и на тој начин полесно побегнале на крајбрежната стража. Инаку, вчера потона брод со мигранти при што загинаа најмалку 60 луѓе, меѓу кои и деца. […]

Стотици килограми кокаин пронајдени на плажа во Франција


Француските власти денеска соопштија дека пронашле неколку стотици килограми кокаин на плажа во северниот дел на земјата. На една плажа биле пронајдени сокриени околу 30 кеси во кои имало меѓу 700 и 800 килограми кокаин, соопштија локални судски извори во Шербур. Во југозападниот дел на Франција, на крајот на 2019 година беа откриени 1.600 килограми […]

Италијанската полиција заплени 170.000 евра од пратеничка на ЕП поради злоупотреба на средства од ЕУ


Италијанската полиција во градот Бреша денеска соопшти дека запленила повеќе од 170.000 евра од екстремно десничарската пратеничка во Европскиот парламент (ЕП) Стефанија Камбели, како дел од истрагата за злоупотреба на средствата од ЕУ наменети за нејзините парламентарни асистенти. Властите минатиот четврток запленија банкарски сметки и луксузни автомобили како дел од истрагата во рана фаза, водена […]

Путин го одликуваше Стивен Сигал со Орден за пријателство


Русија- Рускиот претседател Владимир Путин денеска го одликуваше американскиот актер Стивен Сигал со Орден за пријателство. Во указот објавен на официјалниот интернет портал за правни информации, се наведува дека Стивен Фредерик Сигал (70) е награден за неговиот голем придонес во развојот на меѓународната културна и хуманитарна соработка“. Во ноември 2016 година, Путин потпиша декрет со […]

Седум торнада ја погодија Оклахома, најмалку 12 повредени


Силни бури придружени со налети на ветер и торнада ги погодија Оклахома и Канзас, при што беа повредени 12 лица, додека некои жители на Мичиген се без струја петти ден по ред по минатонеделната ледена бура. Седум торнада ја погодија Оклахома, а две торнада го погодија Канзас, објави Си-Ен-Ен. Околу 32 километри јужно од Оклахома […]

Фон дер Лајен ќе се сретне со британскиот крал Чарлс


Англија– Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе се сретне и со кралот Чарлс за време на нејзината посета на Велика Британија за да ги финализира преговорите со британската влада за новиот договор за трговските правила за Северна Ирска по Брегзит. Комисијата потврди дека Фон дер Лајен ќе се сретне и со кралот […]

Медведев се закани со апокалипса на светот


  Во Москва предупредија на „апокалипса“ доколку Западот продолжи да испраќа оружје во Украина за да ѝ помогне на земјата во нејзината борба против руските сили. Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев рече дека ефектите од потенцијалната глобална нуклеарна катастрофа ќе траат со децении „додека урнатините не престанат да емитуваат радијација“ – повторувајќи ги неговите претходни […]

Парализиран авиосообраќајот во Германија поради штрајкови


Штрајковите на вработените во јавните служби денеска ги блокираа аеродромите во Келн и Дизелдорф, а прекинот на летовите може да трае до изутрина. „Ситуацијата на аеродромите е мирна, бидејќи повеќето патници биле известени за штрајкот, па не доаѓаа“, изјави претставник на аеродромот во Келн/Бон. Огромното мнозинство од планираните 305 летови во Дизелдорф, кој е најпрометниот […]

Поранешниот сопруг и семејството обвинети за убиството и распарчувањето на позната манекенка од Хонгконг


  Четири члена од истото семејство обвинети во врска со грозоморното убиство на манекенката од Хонгконг, Аби Чои, се појавија на суд во понеделникот, откако полицијата соопшти дека пронашла делови од нејзиното распарчено тело, објави јавната телевизија РТХК. За нејзиното убиство обвинети се поранешниот сопруг на Чои, Алекс Квонг (28), неговиот брат Ентони (31) и […]

Путин пак менува генерали во кампањата во Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин продолжува да го менува раководството на руската армија во заднина на стагнирачката кампања во Украина, во која руската група го менуваше својот командант најмалку пет пати. По серијата украински напади на длабокиот заден дел на армијата, вклучително и Мариупол заземен пролетта, Министерството за одбрана одлучи да ја смени подреденоста на […]