Украинската нуклеарка Запорожје исклучена од електричната мрежа по руските напади
Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од редовно снабдување со електрична енергија по големиот бран руски ракетни напади низ целата земја, соопштија операторите. Постројката окупирана од Русија во јужниот град Енерходар сега се напојува со дизел генератори за итни случаи, соопшти утрово украинскиот нуклеарен оператор Енергоатом на Телеграм, додавајќи дека снабдувањето со гориво може да трае 10 дена. […]