„Еуроактив“ има нов сопственик, медиумска куќа од Антверпен


Стариот и новиот сопственик: Кристоф Леклер (лево) и Херб Исберт

 

„Медиахуис“со седиште во Антверпен, Белгија, е новиот сопственик на бриселското издание „Еурактив“.

Основачот на „Еурактив“ и поранешен сопственик Кристоф Леклер ја продаде публикацијата што ја основаше во 2000 година за необјавена сума.

„Медиахуис“ е една од најголемите медиумски групи во Европа и поседува некои од најстарите и најпрестижните весници, како што се холандскиот НРЦ, белгискиот „Стандард“, луксембуршкиот „Луксембургер ворт“, „Ајриш индипендент“, како и бројни ТВ канали, веб-страници и радио станици, каде работат над 2.500 новинари.

Кристоф Леклер ќе продолжи да го претставува европскиот тинк-тенк МедиаЛаб.

На церемонијата на која присуствуваа менаџментот на Mediahuis и речиси 100 луѓе од персоналот на „Еурактив“ во Брисел, Леклер рече дека „Еурактив“ можел да продолжи самостојно, но одлуката за продажба на медиумската куќа била донесена бидејќи и „Еурактив“ и „Медиахуис“ веруваат дека иднината им припаѓа на оние кои се способни да создадат „европски медиумски шампиони“.

Херт Исберт, извршен директор на „Медиахуис“, истакна дека новинарската слобода и квалитетното новинарство кое заслужува да биде добро платено е во центарот на системот на вредности на групата. Тој рече дека она што го привлече „Медиахуис“ е фактот што „Еурактив“ е повеќејазичен медиум. „Еурактив“ има франшиза во 12 земји и излегува на 13 јазици.

„Политико“ и „Еурактив“ се главни конкурентуи за европските вести во Брисел. Германският концерн „Аксел Шпрингер“ го купи  „Политико“, чија централа е во САД, во октомври 2021 година за нешто повеќе од милијарда долари. Американското издание на „Политико“ има 700 вработени, а европското 200.