Унгарија нема да го уапси Путин доколку дојде во земјата


Унгарија нема да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинет на премиерот Виктор Орбан, Гергели Гуљаш, појаснувајќи дека за тоа не постои правна основа. Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Минатиот петок судот во Хаг издаде налог за апсење […]

(Видео) Тотален бунт во Франција, милиони луѓе на улица


  Во цела Франција денеска се одржуваат масовни протести во кои учествуваат милиони луѓе. Сообраќајот беше блокиран во многу градови, работници го блокираа терминалот на парискиот аеродром. Масовните протести продолжија откако претседателот Емануел Макрон вети дека ќе продолжи со пензиската реформа што предизвика критики и го налути населението. Paris airport Charles de Gaulle occupied, roads […]

Путин е разочаран во Пригожин: „Вагнер“ ќе биде испратен во Африка


  Евгениј Пригожин губи и на вистинскиот фронт во Украина и на бирократскиот во Русија. Поради ова, шефот на „Вагнер“ има намера делумно да ги ограничи своите активности на боиштата и повторно да се фокусира на операциите во Африка, каде што веќе создаде меѓународен воено-деловна мрежа. За ова на Блумберг му кажаа луѓе запознаени со […]

Околината на Лос Анџелес ја погоди најсилното торнадо во последните 40 години


Најмалку едно лице е повредено откако торнадо, што е ретка појава во калифорнија, вчера го погоди градот Монтебело, југоисточно од Лос Анџелес. Националната метеоролошка служба му даде оценка на торнадото EF-1 со проценети максимални ветрови од 110 mph (175 km/h), најсилното торнадо што ја погодило областа Лос Анџелес од 1983 година. Портпаролот на градот Мајкл […]

Медведев: Апсењето на Путин би значело објавување војна против Русија


 Апсење на рускиот претседател Владимир Путин врз основа на налогот за апсење издаден минатата недела од Меѓународниот кривичен суд (МКС) би претставувало „објавување војна“ против Москва, предупреди Дмитриј Медведев, член на Советот за безбедност на Русија. „Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што е […]

Први протести во Франција по законските измени за пензиските реформи


 Француските синдикати, кои од јануари организираат протести против пензиската реформа, за денеска најавија нови протести и тоа ќе бидат први по неодамнешното усвојување на Законот за пензиски реформи. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека дополнителни 12.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени низ целата земја, од кои 5.000 ќе бидат во Париз. […]

На американскиот Самит за демократија ќе учествуваат 120 лидери


САД – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати покани до 120 светски лидери за вториот Самит на демократијата, што е закажан за следната недела. Неименуван претставник на американската администрација изјави дека поканети се и претставници од осум земји кои не беа на првиот Самит на Белата куќа во 2021 година. Босна и Херцеговина, Гамбија, Хондурас, Брегот на Слоновата Коска, Лихтенштајн, […]

Самит на ЕУ посветен на Украина


Белгија – Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел. Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина. Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот […]

Зеленски: Украина ќе возврати на сите напади од Москва


Украина ќе возврати на сите руски напади, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски. Изјавата доаѓа откако најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во регионот на Киев и откако станбена зграда во градот Запорожје беше погодена од руски проектил. – Одлучно ќе одговориме на сите напади на окупаторите врз нашите градови (..) Сите […]

Бразил: Рации и апсења на членови на група која планирала атентати и киднапирања на владини функционери


 Бразилската полиција изврши рација во неколку сојузни држави за да разбие криминална група обвинета за планирање атентати и киднапирање на државни функционери, вклучително и сенатор кој, како поранешен судија, го водеше најпознатиот случај за корупција. Околу 120 полицајци претресоа 24 локации и уапсија 11 лица во четири држави, соопштија властите. Полицијата наведе дека меѓу целите […]

Блинкен: Кина внимателно следи како светот реагира на војната во Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека Кина многу внимателно набљудува како Вашингтон и светот реагираат на руската инвазија на Украина, чие влијание, како што рече, се чувствува во Азија. Зборувајќи по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва, Блинкен нагласи дека доколку на Русија и се дозволи неказнето да го нападне својот […]

Сеул тврди дека Северна Кореја истрелала повеќе крстосувачки ракети од својот источен брег


Северна Кореја денеска лансираше повеќе крстосувачки ракети од локација на нејзиниот источен брег, во време кога соседна Јужна Кореја одржува заеднички воени маневри со американските сили, соопшти јужнокорејската воена команда. Британските медиуми наведуваат дека ракетите биле истрелани околу 10:15 часот по локално време од севернокорејската провинција Јужен Хамџонг, се наведува во соопштението на јужнокорејската воена […]

Сунак доби поддршка од британскиот парламент за договорот за Северна Ирска


Британскиот премиер Риши Сунак денеска доби поддршка од Парламентот за клучниот елемент од ревидираниот договор за трговија со Северна Ирска по Брегзит и покрај противењето на најголемата унионистичка партија во Северна Ирска, ДУП, и некои конзервативни пратеници. Сунак се договори со Европската унија да ја воведе „Стормонтската сопирачка“ со цел да ѝ даде на Северна Ирска поголема контрола врз прифаќањето на какви било […]

Петмина мртви, од кои три деца, во напад во дом на американски војник


Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска и три деца во дом во Јужна Каролина пред да се застрела, соопштија денеска официјални лица. Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица. Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од […]

Земјотрес од 6,5 степени во Аргентина


Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Аргентина. Епицентарот на земјотресот бил северозападно од Сан Антонио де лос Кобрес, а се случил на длабочина од 200 км.

Силни ветришта навалија брод под агол од 45 степени, повредени се 25 лица


Најмалку 25 лица денеска се повредени кога огромен истражувачки брод, поради силните ветрови, се накоси додека беше прикотвен во пристаништето во Единбург. Снимки од британските медиуми покажуваат дека бродот „Петрел“ се навалил под агол од 45 степени. Службите за итни случаи соопштија дека се повредени 25 лица. Лондонскиот таблоид „Сан“ пишува дека има и исчезнати […]

Шведскиот Парламент го одобри законот за влез во НАТО


Шведските пратеници денеска со големо мнозинство изгласаа приклучување на Шведска во НАТО, што претставува историска промена на одбранбената политика на неврзување. Со 269 гласа „за“ и 37 „против“, 349-члениот Риксдаген, односно Парламентот, го одобри пристапот на Шведска во НАТО. На парламентарната седница не присуствуваа  43 пратеници. Тоа беше последната неопходна домашна пречка за земјата да […]

Зеленски ја посети линијата на фронтот кај Бахмут


  Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги посети воените позиции на првата линија во близина на опколениот источен град Бахмут, се вели во соопштението на неговиот кабинет. За време на неговата посета, Зеленски „чул „извештаи за оперативната ситуација и текот на непријателствата на фронтот“, се вели во соопштението. Тој, исто така, беше снимен како се […]

Кина не сака повеќе гас од Русија, Ши не го потпиша договорот за гасоводот „Моќта на Сибир 2“


  Помпезно организираната посета на кинескиот претседател Ши Џинпинг на Москва заврши без клучната одлука што Кремљ ја чека со години. И покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин го нарече Ши „драг пријател“ и зборуваше кинески наздравувајќи во неговото здравје, кинеската делегација не потпиша нов договор за купување руски гас и изградба на гасоводот […]

Германски тенкови пристигнуваат во Украина


Командантот на специјалниот штаб на Бундесверот за Украина е јасен: Германија си стои на зборот и тенковите ќе пристигнат во Украина до крајот на март. Ова, очекува германскиот генерал, треба да ја промени ситуацијата на фронтот, пишува DW. „Германија до крајот на месецот ќе ги испрати во Украина ветените тенкови Леопард и оклопните возила Мардер“, […]