Украина е подготвена за контраофанзива


Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Алексиј Данилов изјави дека земјата е подготвена да ја започне долгоочекувана контраофанзива против руската армија. Тој не сакаше да даде точен датум, но во интервју за Би-Би-Си рече дека нападот со цел враќање на окупираните територии може да започне „утре, задутре или за една недела“. […]

Брисел сака да и го одземе претседателствувањето на Унгарија


 Европскиот парламент наскоро ќе излезе со предлог за дополнително изолирање на Унгарија поради прашањето за владеењето на правото – откажување на нејзиното претседавање со Европскиот совет, кое Будимпешта треба да го преземе во втората половина на 2024 година.  Според нацрт-резолуцијата  што треба да се гласа на 1 јуни, Европскиот парламент ја доведува во прашање способноста […]

Русија подготвува симулација на сериозен инцидент во нуклеарката Запорожје


Украинското Министерство за одбрана соопшти дека Русија подготвува симулација на сериозен инцидент во нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на проруските сили, со цел да ја спречи контраофанзивата на Киев за враќање на териториите окупирани од Москва. Нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа во рускиот окупиран дел на јужна Украина, е најголемата нуклеарна централа […]

Две 13-годишни момчиња и се предале на полицијата по големиот пожар во Сиднеј


Две 13-годишни момчиња ѝ се предале на полицијата откако во четвртокот пожар уништи висококатница во центарот на Сиднеј. Пожарот ја зафати зградата вчера попладне, по што на терен се појавија околу 100 полицајци. Полицијата верува дека и други тинејџери се вмешани во инцидентот и ги повика да се јават, пренесува Би-Би-Си. Засега не се познати […]

ЕУ и „Фајзер“ конечно постигнаа договор за вишокот вакцини против корона


Европската унија и фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтех“ денеска објавија дека постигнале договор за измена на договорот за набавка на вакцини против Ковид-19, со што се намалува количината што ЕУ мора да ја купи и се поместува рокот за испорака до 2026 година, но деталите од договорот не се познати. Договорот меѓу двете страни беше […]

Казахстан не сака да биде како Белорусија, одбива потесна унија со Русија


Казахстан денеска ја отфрли можноста за приклучување кон потесна унија слична на моделот меѓу Белорусија и Русија. Француските медиуми пренесуваат дека Москва се обидува да го задржи своето влијание врз своите сојузници во Централна Азија. „Казахстан нема намера да создаде или да се приклучи на некоја унија на држави“, како широката и зголемена интеграција меѓу […]

Ракетирана болница во Днипро, еден загинат, 15 повредени


  За време на руското гранатирање на Днипро, една од ракетите погоди болница. Според последните податоци, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, едно лице загинало, а 15 се повредени. „Справувањето последиците од гранатирањето и спасувањето на жртвите продолжуваат на лице место. Вклучени се сите потребни служби“, напиша Зеленски на Телеграм и објави снимка од последиците […]

Шест руски региони нападнати од дронови и саботери за еден ден


  Шест руски региони од Белгород до Санкт Петербург беа погодени од проектили, беспилотни летала и саботери во последните 24 часа. Во Ростовската област вечерта на 25 мај, ракета на украинскиот ракетно-тактички комплекс „Гром“ беше соборена од силите за воздушна одбрана во областа каде што се наоѓа воен аеродром, пишува телеграмскиот канал Шот. Аеродромот се […]

Медведев: Војната во Украина може да трае со децении


Главниот соработник на рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот претседател на Федерацијата и актуелен заменик-претседател на моќниот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, изјави дека војната во Украина може да трае со децении, со долги периоди на борби исцртани со прекини на огнот, јавија руските медиуми, според кои, тој ова го кажа за време на посетата на […]

Непознат маж му пријде и го зграби Шолц, голем пропуст на обезбедувањето


Непознат 48-годишен маж, за кој само се наведува дека има грчко презиме, се приклучил на конвојот возила во кој бил германскиот канцелар Олаф Шолц во приватен автомобил, а кога конвојот пристигнал на пистата на аеродромот во Франкфурт, успеал да стигне до канцеларот, да го зграпчи и да го прегрне. Како што јавува „Билд“, инцидентот се […]

Анкета: Само половина од Германците сметаат дека владината коалиција ќе преживее до крајот на мандатот


Само половина од Германците веруваат дека владејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц ќе опстане до крајот на неговиот мандат, покажуваат резултатите од анкетата објавена вчера, а беше цитирана од британските медиуми. Во коалицијата, во која се Социјалдемократите, Зелените и бизнис-ориентираната Слободна демократска партија, неделава ескалира спорот за иднината на германскиот систем за греење. Слободната демократска […]

Силни експлозии во Бердјанск; украинските сили тврдат дека уништиле руска база и моќни проектили


Силна експлозија се случи во окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на брегот на Азовското Море, пренесува Киев Пост. Твитер профилот OSINTdefender наведува дека експлозијата се случила во фабриката Азовкабел, за која Украинците тврдат дека руските сили ја користат како нивна база, пренесува Јутарњи лист. OSINDefender, исто така, шпекулира дека експлозијата била предизвикана од […]

Четири жртви во пукање во Јапонија, осомничениот уапсен по 12 часа потрага


 По 12-часовна потрага во рурален дел на Јапонија вчера е уапсен маж (31) под сомнение дека извршил повеќекратно убиство, откако четири лица беа убиени во редок инцидент со пукање и прободување со нож, јави телевизијата НХК (NHK). Осомничениот, инаку, син на шефот на градскиот совет на Накано, во префектурата Нагано, се криел во куќата на […]

Русија ќе го суспендира договорот за жито ако не се исполнат нејзините барања


Русија сигнализираше дека доколку не се исполнат барањата за подобрување на нејзиниот извоз на жито и вештачки ѓубрива, таа нема да го продолжи договорот по 17 јули кој дозволува безбеден воен извоз на истите производи од пристаништата во три украински региони на Црното Море, пишува Хина. Русија ја упати истата закана и барања во март, […]

Основачот на „Чуварите на заклетвата“ осуден на 18 години затвор за нападот на американскиот Капитол


  Основачот на екстремистичката група „Чувари на заклетвата“ Стјуарт Роудс беше осуден во четвртокот на 18 години затвор за организирање на целонеделен заговор што кулминираше со неговите следбеници да ги нападнат американскиот Капитол во обид да го задржат претседателот Џо Бајден надвор од Белата куќа по победата на изборите во 2020 година. Казната за Роудс […]

Рускиот извидувачки брод сепак бил погоден од украински дрон, покажува видео снимка


  Извидувачкиот брод „Иван Хурс“, кој е дел од Црноморската флота на Руската Федерација, е оштетен како резултат на напад на дронови на украинската морнарица во Црното Море, пишува „Украинска правда“, повикувајќи се на извор во воени кругови. „Не потона, но имаше удар, има значителни оштетувања на трупот и опремата. Сега Русите набрзина поправаат“, вели […]

„На нас паѓа пепел“: Италијанецот Дарио откри како изгледа ерупцијата на Етна


Поради ерупцијата на Етна, најактивниот вулкан во Европа, повеќе туристи останаа заробени на аеродромот бидејќи сите летови беа прекинати поради големо количество пепел на пистите. Исфрлањетоа вулканска лава воопшто не е пријатно, тоа е застрашувачки феномен, но жителите на сицилијанска Катанија велат дека навикнале на оваа појава. „Денот кога започна ерупцијата, врнеше малку дожд, а […]

Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет


Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет, соопшти денеска ерменскиот премиер Никол Пашинјан. „Сакам да потврдам дека Ерменија и Азербејџан се договорија за взаемно признавање на територијалниот интегритет и врз основа на тоа можеме да кажеме дека се движиме доста добро кон решавање на нашите односи“, рече тој на проширената средба […]

Во ЕУ досега замрзнати повеќе од 200 милијарди евра средства на руската Централна банка


Земјите од ЕУ замрзнаа средства на Централната банка на Руската Федерација (ЦБРФ) во износ од над 200 милијарди евра, соопштено е денеска во Брисел. Портпарол на Европската комисија (ЕК), Кристијан Виганд, на прес-конференција зборуваше за обврските на земјите-членки на ЕУ да поднесат извештај за замрзнатите средства на ЦБРФ. – Крајниот рок за такво известување беше […]

Бунтовникот од Капитол, кој ја качи ногата на бирото на Пелоси, осуден на 4,5 години затвор


  Човекот од Арканзас, САД, кој ја качи ногата на масата во канцеларијата на тогашната претседателка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, на широко распространета фотографија од бунтот во Капитол во САД, беше осуден во средата на повеќе од четири години затвор. Ричард „Биго“ Барнет стана едно од лицата на бунтот на 6 јануари од приврзаниците […]