Во ЕУ жените се пообразовани од мажите


Луксембург – Во земјите-членки на Европска Унија во 2022 година 42 отсто од младите на возраст од 25 до 34 години имале високо образование, објави денеска Евростат. Овој удел е за еден процент поголем од 2021 година, но сепак е под зацртаната цел на ЕУ, која сака 45 отсто од младите на таа возрасна категорија […]

Данска планира зголемување на буџетот за одбрана во следните десет години


 Владата на Данска најави дека во следната деценија ќе ги зголеми годишните расходите за одбрана на 21 милијарда долари. Данскиот вршител на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен истакна дека со оглед на војната во Европа неговата земја е на пресвртница во својата одбранбена и безбедносна политика. Според него одлуката за зголемување на трошоците […]

Кишида го повлече својот син од позицијата секретар поради скандал


Најстариот син на Фуми Кишида, јапонскиот премиер, ќе се повлече од функцијата извршен секретар за политика по негодувањето од јавноста поради неговата употреба на службена резиденција за приватна забава. Фотографиите објавени од неделникот Шукан Буншун го покажуваат Шотаро Кишида и десетина други како позираат или лежат на симболично важните скали на резиденцијата покриени со црвени […]

Војната сигна и до Москва. Главниот град нападнат со дронови


  Утрото на 30 мај, Москва беше подложена на масовен напад со беспилотни летала. Три дронови погодија станбени згради. Првиот дрон удри во станбена зграда од 24 ката во Нова Москва, во близина на аеродромот „Внуково“. Нема жртви, очевидци зборуваат за траги од уништување на три ката. Вториот дрон удрил во горните катови на куќа […]

Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати


 Кина го одби американското барање за состанок на министрите за одбрана на годишниот безбедносен форум во Сингапур овој викенд. „Кина не информираше дека ја одби нашата покана за почетокот на мај секретарот Остин да се сретне со кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу во Сингапур“, се наведува во соопштението на Пентагон за Волстрит журнал. […]

Москва нападната со дронови, оштетени се згради


Беспилотни летала утрово ја нападнаа руската престолнина, оштетувајќи неколку згради, рече градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Собјанин објави дека оштетувањата на зградите се мали и дека нема сериозни жртви. Жителите беа евакуирани како мерка на претпазливост, а властите ги испитуваат деталите за експлозиите, рече тој. Официјални лица од итната помош за РИА новости рекле дека […]

Тројца загинати во пожар во магацин за хартија во близина на Москва


 Три лица загинаа во пожар што избувна утрово во складиште за хартија во близина на Москва, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на службите за итни случаи. – Се запали магацин со хартија и картон во Одинцово кај Москва … Тројца работници загинаа, пожарот е изгаснат, изјави претставник на службата за итни случаи. […]

Тридневна средба на УНЕСКО за ставање крај на глобалното загадување со пластика


Претставници на 175 држави учествуваат на средба седиштето на УНЕСКО, на која треба до идната година да се постигне напредок за ставање на крај на загадувањето со пластика. Состанокот во Париз, кој ќе трае до 2 јуни, и е втор од петте сесии во процесот. Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека глобалното загадување со пластика […]

Шпанија: Санчез повика на предвремени избори по тешкиот пораз на локалните избори


  Шпанскиот премиер Педро Санчез во понеделник повика на одржување на предвремени избори на 23 јули. Шпанија требаше да одржи општи избори до крајот на годината, но лидерот на социјалистите ја објави својата одлука да го помести датумот по локалните избори во неделата, на кои неговата партија претрпе големи загуби низ целата земја. Општите избори […]

Шпанија: Сериозен пораз на социјалистите на премиерот Санчез на регионалните и општинските избори


  Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) на премиерот Педро Санчез претрпе големи загуби на локалните избори во Шпанија, а конзервативната Народна партија (ПП) ја презеде контролата врз низа клучни градски совети и региони. Изборите што се одржаа за 12 од 17 регионални парламенти во земјата и во општините низ целата земја се гледаат како ѕвонче само […]

Шангај го забележа најтоплиот ден во мај во последните 100 години


Во Шангај денеска е евидентиран најтоплиот мајски ден во последните 100 години, соопшти метеоролошката служба на тој град во источна Кина. „Во 13:09 часот (5:09 часот по Гринич), температурата на станицата Суџиахуи достигна 36,1 степени Целзиусови, што го собори 100-годишниот рекорд за највисока температура за месец мај“, соопшти официјалниот портал на кинеската метеоролошка служба преку […]

Експлозии во близина на Киев втора ноќ по ред


Неколку експлозии се слушнале рано утрово во Киев, објави градоначалникот Виталиј Кличко, на вториот ден од руските воздушни напади врз градот. „Ракетата е соборена во близина на Киев. Провоздушната одбрана работи“, напиша Кличко на Телеграм.  Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина. Во текот на ноќта во неделата, […]

Страшно убиство на улица во Чешка: Маж со нож избодел дете во рацете на татко му


Мало дете е избодено до смрт при расправија меѓу двајца мажи на улица во чешкиот град Мост, соопшти полицијата. Полицијата ги приведе учесниците во инцидентот, пренесе Хина. CNN Prima News објави дека таткото го држел своето дете во раце кога друг маж го нападнал. Очевидец изјави за телевизијата дека осомничениот маж го прободел детето право […]

И Велика Британија ќе ги ограничува цените на основните прехранбени производи


Британскиот премиер Риши Сунак планира да побара од трговците на мало да воведат ограничувања на цените на основните прехранбени производи, како што се лебот и млекото, во обид да се справи со зголемените животни трошоци. „Телеграф“ објави дека Даунинг стрит развива стратегии за борба против инфлацијата, при што тим од помошници кои работат под Сунак […]

Еве како изгледа новата зграда на индискиот парламент


Индискиот премиер Нарендра Моди свечено ја отвори новата зграда на парламентот, која е дел од владиниот план за промена на британската колонијална архитектура во индиската престолнина. Реновирањето на срцето на Делхи, во согласност со индиската култура, традиции и симболика, доаѓа една година пред парламентарните избори на кои владејачката националистичка партија Бхаратија Џаната ќе ги претстави […]

Болтон: Западот треба да ја третира Русија како „изгнаничка земја”


Западот треба да ја третира Русија како „земја изгнаничка” по примерот на Северна Кореја или Иран, изјави Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на САД.  Според него Владимир Путин и неговите послушници се „надвор од границите на прифатливото мнение”.  -Ајде да речеме тоа е вистинска победа, дека сите руски војници се преместени од суверената […]

Најголем досега руски напад со беспилотни летала, 40 дронови лансирани кон Киев


Руската армија лансираше повеќе од 40 дронови кон главниот град на Украина, кои синоќа беа соборени од киевските системи за воздушна одбрана, но едно лице загина, соопштија украинските власти. Додека Киев се подготвуваше за денешната прослава по повод годишнината од своето основање, пред 1541 година, руската војска го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз […]

Постигнат договор за долгот, американската влада избегна банкрот


  Американскиот претседател Џо Бајден и лидерот на републиканското конгресно мнозинство Кевин Мекарти по многу мака постигнаа начелен договор за зголемување на лимитот на американскиот јавен долг од 31,4 билиони долари, со што се спречи банкрот на владата. Договорот беше објавен без никакво славење, што покажува колку тешки биле разговорите и дека договорот допрва треба […]

Хенри Кисинџер денес слави 100 години


Најпознат иот американски дипломат Хенри Кисинџер денес слави 100 години. Тој и натаму е активен во надворешната политика со колумни и интервјуа.  Неговото оригинално име е всушност Хајнц Кисинџер, е роден во Фирт, на северот на Баварија,  во семејство со еврејско потекло. Неговиот татко бил учител. Семејството ја напуштило тогашна нацистичка Германија во 1938 година. […]

Зеленски воведе санкции за 51 лице и 220 фирми


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска воведе санкции за 51 поединец и 220 компании поврзани со транспортниот, комуникацискиот и индустрискиот сектор во Русија и Белорусија. Указот е објавен на официјалната веб-страница на украинскиот претседател. Меѓу компаниите на новата украинска листа на санкционирани се Mobile Telesystems (МТС), Лизинг Волга-Днепр, Руска железница-логистика, РЗДстрој, Експерименталниот металуршки комбинат Соликамск, Државниот […]