Путин: Русија е директно контролирана од Бога


  Со Русија владее Бог, а главен претседател во неа е Дедо Мраз. Со вакви тези зборуваше и претседателот Владимир Путин во четвртокот на средба со многудетни семејства. „Русија е директно контролирана од Бога, а ако не е, тогаш не е јасно како воопшто постои“, рече Путин, цитирајќи го фелдмаршалот Кристоф Миних, кој работеше во […]

ЕП ја доведува во прашање способноста на Унгарија да биде кредибилен претседател на Советот на ЕУ


Брисел – Европскиот парламент денеска со 442 гласа „за“, 144 „против“ и 33 воздржани усвои резолуција во која го доведе во прашање унгарското претседателство со Советот на ЕУ закажано за следната година. Европратениците ја нагласуваат важната улога на претседателството за постигнување напредок во законодавството на ЕУ, за обезбедување континуитет во европската агенда и за соработка […]

Бирото за попис на САД уште еднаш го одложува објавувањето на податоците од пописот во 2020 година


 Бирото за попис на САД објави дека повторно ќе го одложи објавувањето на детали од пописот во 2020 година за следната година. Тие бројки нема да бидат објавени до септември 2024 година, повеќе од четири години по пописот. Објавувањето на податоците за големината на домаќинствата и семејствата исто така е одложено, но исто така ќе […]

Хорор во Шведска: Напад со нож во близина на училиште, повредени неколку ученици


Неколку деца се повредени во напад со нож во училиште во Шведска, во близина на градот Ескилстуна, јавија локалните медиуми. На терен има голем број полициски и возила на брза помош, јавува шведската ТВ4. Ројтерс ја потврди информацијата на локалната телевизија дека имало напад, по што најмалку тројца ученици итно се пренесени во болница во […]

Бербок нагласи дека земји во војна не можат да влезат во НАТО


Осло – НАТО не може да разговара за нови членки кои би се приклучиле на алијансата а се во војна, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Руската инвазија врз Украина „дополнително ја интензивираше соработката“ меѓу НАТО и Украина, рече Бербок, нагласувајќи дека Алијансата има политика на отворени врати за прием на нови […]

САД за влакно го избегнаа можниот банкрот


  Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон за подигање на плафонот на долгот во средата, отстранувајќи ја големата законодавна пречка на само неколку дена пред САД да се очекува да банкротираат. Последното гласање на Претставничкиот дом беше 314 наспроти 117, при што 149 републиканци и 165 демократи ја поддржаа мерката. Во потенцијално загрижувачки знак за […]

Тревога за воздушен напад во Киев


Во Киев пред неколку минути се вклучила тревога за воздушен напад. Во текот на изминатата ноќ Русија изврши напади врз Киев во кои загинаа три лица, меѓу кои и едно дете, а шест лица беа повредени. – Сите воздушни цели што ги пресретнавме беа уништени од нашите сили и средства за противвоздушна одбрана, соопшти градската […]

Во Канада на секоја цигара ќе има предупредување за опасностите од тутунот


Канада ќе стане првата земја во која секоја цигара ќе мора да биде поединечно означена со предупредувања за штетното влијание на тутунот врз здравјето на луѓето. Мерката беше објавена минатата година од канадските здравствени власти, а прописите треба да стапат на сила на 1 август. Ќе се воведува постепено во зависност од големината на цигарите, […]

Зеленски се појави на самитот на Европската политичка заедница


Булбоаки – Претседателот на Украина Володимир Зеленски се појави денеска на самитот на Европската политичка заедница, што се одржува во замокот Мими, во градот Булбоаки во источна Молдавија. Половина час пред пристигнувањето на гостите, Зеленски неочекувано се појави, бидејќи го немаше на списокот на пристигнувани лидери. Тој беше пречекан од претседателката на Молдавија, Маја Санду, […]

Мајк Пенс влегува во трката за републиканска претседателска номинација


Њујорк – Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс следната недела официјално ќе влезе во трката за републиканска претседателска номинација, соопштија неименувани извори запознаени со неговите планови. Пенс ќе ја започне кампањата за републиканската номинација на 7 јуни во Де Мојн, Ајова, на неговиот 64-ти роденден. Негови главни ривали ќе бидат неговиот поранешен шеф Доналд Трамп, американски […]

Крис Кристи влегува во републиканската трка за претседател


Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, следната недела ќе објави кандидатура за републиканска претседателска номинација во 2024 година, јавија денеска американски медиуми повикувајќи се на извори запознаени со тоа прашање. Кристи (60) беше советник на кампањата на Доналд Трамп за Белата куќа во 2016 година, но во последните месеци стана жесток критичар на поранешниот […]

Дури 13 членови на исто семејство починаа откако јаделе отровна каша


Тринаесет членови на исто семејство починале во Намибија откако јаделе каша, за која властите веруваат дека станала токсична кога се измешала со талог останат од домашно пиво. Државната телевизија јавува дека уште четири лица се во критична состојба во болница. Министерството за здравство и социјални услуги на Намибија соопшти дека било известено за инцидентот во […]

ЕУ и САД ќе изготват кодекс на однесување со вештачка интелигенција


Еврокомесарката за конкуренција Маргрете Вестагер изјави дека верува оти нацрт кодексот за однесување на генеративната вештачка интелигенција може да биде изготвен „во текот на следните недели“, а договорот да биде потпишан „многу, многу скоро“. Вестагер, која е потпретседателка на Европската комисија, на прес-конференција по состанокот на Советот за трговија и технологија на ЕУ-САД истакна дека […]

Во Германија ќе бидат затворени четири од петте руски конзулати


Берлин – Германија денеска објави дека и наредила на Русија да затвори четири од нејзините пет конзулати во државата како соодветна мерка откако Москва воведе ограничување на бројот на вработени во Германската амбасада. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека по крајот на годината на Русија ќе и биде дозволено да […]

Маж од Канада се скарал со потстанарите, па ги убил


Маж во Канада пукал и убил млад пар за време на расправија во саботата. Полицијата пристигнала во домот околу 17 часот и 40 минути каде ги пронашла телата на станарите, 27-годишната Кариса Мекдоналд и 28-годишниот Арон Стоун. Тие му биле потстанари на убиецот. Осомничениот, 57-годишен сопственик, се забарикадирал во домот со огнено оружје што му […]

Русија загуби две третини од тенковите во инвазијата на Украина


  Бројот на потврдени загуби на руски тенкови од инвазијата на Украина надмина 2.000. Поради тоа руската армија мора да ги извади од складиштата тенковите од 1950-тите и 1960-тите. Иако не се добро прилагодени за вистински операции со тенкови, тие се користат како артилериска поддршка, истакнуваат аналитичарите. На почетокот на војната, Русија имаше околу 3.000 […]

Ние сме на пат кон конфронтација на големите сили


Она што се обидувавме да го направиме сега е да ја воведеме Кина во одредени системи и, врз основа на нашето искуство, да одредиме како Кина ќе го почитува системот Во текот на два дена кон крајот на април 2023 година, тројца новинари на лондонскиот магазин „Економист“ поминаа повеќе од осум часа во разговор со […]

Жената која го обвини Бајден за сексуален напад, пребегна во Русија


  Тара Рид, поранешнa вработен којa го обвини Џо Бајден за сексуален напад, пребегна во Русија и зборуваше за руските државни медиуми на прес-конференција која траеше неколку часа. Рид ги привлече насловите за време на претседателската трка во 2020 година, кога го обвини тогашниот кандидат Бајден дека сексуално ја вознемирувал и ја нападнал кога работела […]

Дрон предизвика пожар во руска нафтена рафинерија на Црното Море


Пожарот што избувна во нафтената рафинерија Афипски лоцирана во близина на црноморското пристаниште Новоросијка во Кранодарската област најверојатно е предизвикан од дрон, соопшти регионалниот гувернер Венјамин Кондратјев. Во порака на Телеграм, Кондратјев додава дека пожарот е брзо изгаснат и оти нема жртви. Не е соопштено кој го лансирал дронот.

Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит предизвика паника во Сеул


Неуспешното лансирање на севернокорејски сателит во раните утрински часови предизвика паника во Јужна Кореја и Јапонија, каде што беа издадени воздушни предупредувања, но тие брзо беа откажани кога сомнителниот предмет падна во морето. Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека сателитот кој носел нуклеарно оружје се урнал поради нестабилност во моторот и неисправно снабдување со […]