Екстрадиран од Белорусија во Русија таткото на девојчето кое нацрта антивоен цртеж


Таткото на руското девојче испратено во сиропиталиште откако во училиште нацрта антивоен цртеж, е екстрадиран од Белорусија назад во Русија, од каде што побегнал од двегодишната затворска казна, објави денеска група за човекови права. Алексеј Москаљов избега од домашен притвор непосредно пред неговата пресуда минатиот месец во градот Јефремов, јужно од Москва. Два дена подоцна […]

Новиот шкотски премиер ќе го оспори британското вето на шкотскиот Закон за промена на полот


Новиот шкотски премиер, Хамза Јусаф, денеска изјави дека ќе продолжи со планот на неговата претходничка Никола Старџен да ја оспори одлуката на британската Влада за блокирање на законот што им олеснува на жителите на Шкотска да го променат полот на официјалните документи. -Правниот предизвик сега е нашиот единствен начин да ја одбраниме нашата парламентарна демократија […]

Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен и бара над 500 милиони долари


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го тужи својот поранешен адвокат Мајкл Коен за повеќе од 500 милиони долари, се наведува во поднесокот кој вчера беше доставен во федералниот суд во Флорида. Тужбата доаѓа откако Коен сведочеше пред големата порота на Менхетен, која подоцна го обвини Трамп за 34 кривични дела за фалсификување деловни книги. Тоа […]

Северна Кореја истрела проектил во водите кон источниот брег на Корејскиот Полуостров


Северна Кореја истрела проектил во морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопшти денеска началникот на Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража, исто така, соопшти дека Северна Кореја истрелала балистичка ракета. Лансирањето доаѓа два дена откако севернокорејскиот државен медиум КЦНА објави дека лидерот Ким Џонг Ун повикал на зајакнување на военото одвраќање […]

Флорида денеска ќе го егзекутира „нинџа-убиецот“


 Леонард Бернард Гаскин, познат како „Нинџа-убиец“, денеска ќе биде погубен на Флорида, со одлука на републиканскиот гувернер Рон Де Сантис. Тоа ќе биде стота егзекуција во таа американска држава откако таму беше вратена смртната казна во 1976 година, но и втора егзекуција за само шест недели, а следното погубување се очекува за три недели. Во […]

Украина негира дека Русија контролира 80 отсто од Бахмут


Украинската армија го отфрли како неточно тврдењето на Русија дека контролира 80 отсто од Бахмут, посочувајќи дека украинските сили контролираат „значително повеќе“ од 20 отсто од градот на истокот на земјата. Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин претходно изјави дека неговите сили напредуваат за да го заземат Бахмут и дека контролираат 80 […]

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети


 Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на својот татко, кралот Чарлс Трети, на 6 мај, додека неговата сопруга Меган ќе остане со децата во САД, објави денеска Бакингемската палата. „Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија на 6 мај“, се вели во соопштението. Меѓутоа […]

Израел го ограничи бројот на верници кои можат да присуствуваат на церемонијата на Светиот оган


Грчката православна црква (Ерусалимска патријаршија) денеска ја обвини израелската полиција за кршење на слободата на верниците со ограничување на бројот на аџии кои можат да присуствуваат на церемонијата на Светиот оган во услови на зголемени тензии. Израелската полиција соопшти дека тоа била неопходна безбедносна мерка за време на саботната прослава во древната црква на Светиот […]

Зеленски ги нарече „ѕверови“, а Кремљ вели дека видеото со обезглавување  е „страшно“


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата ги осуди како „ѕверови“ оние кои наводно ги обезглавувале украинските војници прикажани во две видеа што се појавија на социјалните мрежи минатата недела. Се чини дека видеата се од одделни настани – едно од нив можеби е снимено неодамна, додека другото, според количината на зеленило што се гледа […]

Демонстранти упаднаа додека Макрон држеше говор во Холандија


Францускиот претседател Емануел Макрон вербално беше нападнат додека држеше говор во Холандија за време на дводневната државна посета. Макрон ја изложуваше својата визија за иднината на Европа во Хаг, кога демонстрантите почнаа да му довикуваат „Каде е француската демократија? Макрон требаше да одржи говор за европскиот суверенитет на почетокот на државната посета на Холандија, по […]

Видео од обезглавен украински војник циркулира на социјалните медиуми


  Вечерта на 11 април на социјалните мрежи беше објавено видео на кое, наводно, руската војска брутално убила, наводно, еден украински војник. Како што забележа „Инсајдер“, едно од првите видеа се појави во затворениот телеграмски канал на креаторот на „Машката држава“ Владислав Поздњаков. Видеото стана вирално и на руските канали Телеграм кои ја поддржуваат руската […]

Остин: Ќе го превртиме секој камен да го откриеме изворот за протекувањето на податоците


 Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, најави дека САД ќе продолжат да го истражуваат неодамнешното протекување доверливи документи додека не се утврди неговиот извор. Британски Ројтерс наведе дека видел повеќе од 50 документи означени како „Тајна“ и „Строга тајна“, што првпат се појавија на социјалните мрежи во март, и кои наводно откриваат детали за воените […]

Германија: Проблеми со визите за странски работници


Многу хотели и ресторани во Германија бараат работници, а се чини дека локалната работна сила не е заинтересирана за ваков вид работа. Помош би можела да дојде и од странство, доколку администрацијата не беше толку бавна со издавањето визи. Германците повеќе не сакаат да работат во угостителството – вели Мук Рерл, сопственик на семеен ресторан кој е […]

Обновата на украинската економија ќе чини 411 милијарди долари


Светска банка е подготвена да го направи својот дел во обновата на Украина, по уништувањето во руската инвазија, но меѓународните финансиски институции не можат сами да ја обезбедат целата сума, затоа треба да се вклучат и западноевропските земји, изјави синоќа претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас. Говорејќи на пролетниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) […]

Русија тестираше интерконтинентална балистичка ракета


 Русија успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета од локација на југот на земјата, соопшти рано утринава Министерството за одбрана, испраќајќи ново предупредување до своите непријатели. Ракетата со долг дострел беше лансирана од полигонот Капустин Јар во регионот Астрахан, на брегот на Каспиското Море. Пробната боева глава подоцна погоди објект во сојузничката земја Казахстан како што беше […]

Папата Франциско сака да се расветли мистеријата на девојката од Ватикан која исчезна пред 40 години


Исчезнувањето на ватиканската ученичка Емануела Орланди пред 40 години, што е една од најдолгогодишните мистерии во Италија, влезе во ново поглавје. Братот на исчезнатата ученичка се сретна со ватикански истражител овластен од папата Франциско да се обиде да го расветли случајот. Станува збор за 15-годишната ќерка на службеник на Ватикан, која не се вратила дома […]

Навални во затворот е болен и без нега, тврди неговиот адвокат


Рускиот противник на Кремљ, Алексеј Навални, кој е во затвор две години, е болен и „без нега“, изјави денеска неговиот адвокат Вадим Кобзев, додавајќи дека ситуацијата е „многу чудна. “. Во текот на ноќта меѓу петокот и саботата во неговата ќелија била повикана Итна помош поради стомачни проблеми кои се влошиле“, напиша Кобзев на Твитер. […]

Седум војници загинаа во престрелка на границата меѓу Азербејџан и Ерменија


Во размена на оган во спорниот планински регион Нагорно Карабах на границата меѓу Азербејџан и Ерменија загинаа седум војници од двете страни, соопштија властите. Ерменија и Азербејџан синоќа разменија обвинувања за судирот во кој загинаа тројца азербејџански и четворица ерменски војници. Двете поранешни советски републики на Кавказ се судрија во кратката војна во 2020 година […]

Најмалку девет лица убиени во вооружен напад во Еквадор


Најмалку девет лица загинаа во вооружен напад во северниот дел на Еквадор, соопштија обвинителите, пренесе ДПА. Седум тела се извлечени од пристаништето во градот Есмералдас, во северозападниот дел на Еквадор, во близина на границата со Колумбија, а други две од блискиот здравствен центар, соопшти обвинителството. Телата се однесени на обдукција и почната е  истрага за […]

Бизарна причина за протекувањето на документите на Пентагон: расправа на гејмери за војната во Украина


  Според разузнавачките аналитичари со отворен код, се чини дека штетна серија документи протечени од Пентагон првично биле споделени на платформата за разговор за видео игри Discord во обид да се победи во расправија за војната во Украина. Бизарното потекло на истекувањето може да изгледа невообичаено, но не е првпат спорот меѓу гејмерите да предизвика […]