Ќе се зголеми ли Норвешка? Острови сакаат да се отцепат од Британија и да се придружат на нордиската земја (видео)


Оркни би можел да ја напушти Велика Британија и да стане самоуправна територија на Норвешка, откако нејзиниот совет одлучи да истражува „алтернативни форми на управување“.

Архипелагот во близина на северниот брег на Шкотска, исто така, ќе размисли за промена на својот правен статус во Велика Британија, бидејќи се обидува да обезбеди повеќе економски можности.

Водачот на Советот на Оркни, Џејмс Стокан, даде предлог да се истражат неговите „нордиски врски“, како и да се разгледаат структурите на управување на зависните региони на Кралството, како што се Гернзи, Џерси и Островот Мен.

Оркни бил под норвешка и данска контрола до 1472 година, кога островите ѝ биле дадени на Шкотска како залог за миразот на Маргарет од Данска по нејзиниот брак со шкотскиот крал Џејмс III.

„Ние сме дел од нордиското кралство многу подолго отколку што бевме дел од Обединетото Кралство. На улица во Оркни, луѓето доаѓаат кај мене и ми велат: кога ќе го вратиме миразот? Кога ќе се вратиме назад кон Норвешка? Има голем афинитет и огромен, длабок културен однос“, рече Стоктон.

Тој рече дека владите во Единбург и Лондон „ужасно потфрлиле“ во Оркни, со помалку средства по глава на жител од Шетланд и Западните острови.

Либералдемократскиот член на шкотскиот парламент за Оркни, Лијам Мекартур, рече дека има опасности во „поставувањето бариери“, но рече дека го поддржува зајакнувањето на островските заедници.

„Треба да се сретнам со локалните советници во понеделник и ќе бидам заинтересиран да слушнам повеќе за она што е предвидено. Имаше слични предлози кои ги разгледуваше советот на Оркнејските Острови во времето на последниот референдум за независност и сакам да разберете како тие би се разликувале“, рече Мекартур.

Иако предлогот не го обврзува Советот на ниту една опција, во извештајот на официјалните лица се вели дека секоја уставна промена најверојатно ќе бара комбинација од петиции, референдуми и законодавство во Холируд и Вестминстер.