Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени


Четири лица се повредени, од кои едно потешко, кога маж со секира нападнал гости во три кинески ресторани во предградието на Окленд, Нов Зеланд. Осомничениот денеска кратко се појави во судот. Полицијата на лице место го приведе осомничениот, 24-годишен кинески државјанин и поднесе кривична пријава за ранување со намера да нанесе тешка телесна повреда. Полицијата […]

Трае потрагата по подморницата што одеше до „Титаник“: На неа се познати истражувачи


Официјално нема информаци за тоа кој сѐ се наоѓа во подморницата која во неделата нурна во водите на Атланскиот Океан за да стигне го остатоците од легендарниот брод „Титаник“, кој потона на своето прво патување.  Но, роднините на патниците споделуваат информации, па така веројатно во подморницата се наоѓа и извршниот директор на компанијата која го […]

„Шпигел“: Германија има уште само 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати


Германските вооружени сили имаат уште само околу 20 илјади високо експлозивни артилериски гранати. Германскиот неделник „Шпигел“ ја објави оваа информација повикувајќи се на доверливи документи на Министерството за одбрана, подготвени да ја убедат Комисијата за буџет во врска со потребата од итна набавка.. Како што е наведено, германската Армија треба да направи околу 230 илјади […]

Серија нови руски воздушни напади врз Украина


Русија во текот на ноќта започна серија напади врз Украина. Експлозии одекнаа во градот Запорожје, Л’вов на западот на земјата во близина на границата со Полска, а нападнат е и главниот град Киев. Воената администрација на Киев соопшти дека Москва започнала напад со беспилотно летало во раните утрински часови, предупредувајќи ги жителите да се засолнат, […]

Зошто Путин никогаш нема да се согласи на деескалација?


Путин нема да има многу корист од блискиот прекин на војната, особено ако украинската контраофанзива се покаже успешна. Аналитичарот Максим Саморуков во напис во списанието Форин полиси истакнува дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш нема да прифати каков било план за намалување на интензитетот на разорната војна против Украина. Тој истакнува дека конфликтот му овозможил на […]

Норвешка ќе одвои над 20 милиони евра за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина


Осло – Норвешка вчера соопшти дека ќе одвои 250 милиони норвешки круни (приближно 21,5 милиони евра) за зацврстување на нуклеарната безбедност на Украина поради загриженост за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје по уништувањето на браната Каховка, јавија француските меидуми. „Нелегалната војна што ја почна Русија претставува закана за нуклеарната безбедност и безбедноста во Украина“, се наведува […]

Украина исполнила два од седум услови за почеток на преговорите во ЕУ


Брисел – Во извештај на Европската унија оваа недела ќе се наведе дека Украина исполнила два од седумте услови за почеток на преговорите, рекоа два извори од ЕУ, додека Европската комисија одлучи да го нагласи напредокот и покрај воената состојба предизвикана од руската агресија. Во многу симболичен потег, ЕУ го гарантира формалниот кандидатски статус на […]

Повеќе од осум милиони Британци користат антидепресиви


 Над осум милиони Британци или 12 проценти од населението на Велика Британија, користат антидепресиви, соопшти Државната здравствена служба (НХС). Според истражувањето, два милиони луѓе користат антидепресиви повеќе од пет години. Најновите податоци за долготрајната употреба на антидепресивите, за периодот од 2018 до 2022 година, даваат генерална слика, но не и детали за евентуалните последици, се […]

Пожар во најголемиот забавен парк во Германија


 Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа црн чад од дел од забавниот парк. Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг. Причината за пожарот засега не е позната. Паркот е отворен во 1975 […]

ОН организираат состанок за собирање пари за решавање на хуманитарната криза во Судан


 Претставници на земјите од Блискиот исток и Европа денеска учествуваат на состанок во Женева организиран од Обединетите нации (ОН) за собирање пари за решавање на хуманитарната криза во Судан. На состанокот учествуваат претставници на Египет, Германија, Катар, Саудиска Арабија, Африканската унија и Европската унија. ОН велат дека состанокот е потребен бидејќи помалку од 16 отсто […]

„Билд“ укинува стотици работни места


Берлин – Најчитаниот германски весник „Билд“, во сопственост на медиумската групација „Аксел Шпрингер“, ќе укине неколку стотици работни места и една третина од своите регионални изданија во земјата како дел од дигиталната трансформација. „Билд“ ќе укине 200 работни места „уреднички и продажни“ низ Германија и ќе го намали бројот на своите локални изданија од 18 […]

Топлотен бран во Индија, 166 починати


 За време на топлотниот бран во северна Индија, 166 лица починаа, а многумина се хоспитализирани поради топлотен удар, соопштија властите, кои велат дека ситуацијата се влошува поради прекините на струја. Индискиот метеоролошки оддел соопшти дека температурата достигнала 43,5 степени Целзиусови во северна Индија. Во Индија топлотен бран официјално се прогласува ако температурата е над 45 […]

Драма на Атлантикот: Исчезна подморница со туристи, оделе да го видат „Титаник“


Во Атлантскиот Океан исчезнала подморница која се користела за превезување луѓе за да го видат потонатиот брод „Титаник“, по што е преземан мисија за пребарување и спасување, јави денеска Би-Би-Си. Бостонската крајбрежна стража соопшти дека операцијата е во тек. Не е јасно колку луѓе имало во подморницата, доколку ги има, кога исчезнала, додава Би-Би-Си. Малите […]

Жестока битка за селото Пјатихатка во областа Запорожје (Видео)


  Последното село, осмо по ред, што го поврати под свое владение Украина е Пјатихатка во областа Запорожје. Официјален претставник назначен од руските окупаторски власти во неделата призна дека Украина го повратила под своја контрола селото што е нејзин прв успех на тој фронт откако ја започна својата контраофанзива претходно овој месец. Владимир Рогов рече […]

Украина можеби ќе ја запре офанзивата за да размисли за тактиката


  Украинските вооружени сили може да ја прекинат контраофанзивата што започна пред две недели за да ги разгледаат тактиките за идните операции, соопшти Институтот за проучување на војната (ИСВ). „Оперативните паузи се вообичаен феномен во големите офанзиви и оваа пауза не значи крај на украинската контраофанзива“, нагласуваат аналитичарите. „Волстрит џорнал“ на 17 јуни објави дека […]

Блинкен се сретна со Ши за време на посетата со голем влог на Пекинг


  Кинескиот лидер Ши Џинпинг и највисокиот американски дипломат Ентони Блинкен се состанаа во понеделникот во Пекинг, како потенцијално клучен чекор кон зацврстување на американско-кинеските врски, откако тие се прекинаа по спорот околу кинескиот разузнавачки балон претходно оваа година. Блинкен е првиот американски државен секретар што го посети Пекинг во последните пет години и неговите […]

Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид


Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека […]

Зеленски му одговори на Путин: Сите системи „Патриот“ работат и соборуваат руски ракети


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до граѓаните, му одговори на рускиот претседател Владимир Путин за неговите минатонеделни тврдења за уништените американски противвоздушни системи „Патриот“, што Украина го доби како донација. Зеленски ноќеска беше дециден дека сите системи за воздушна и ракетна одбрана „Патриот“, што САД и ги доставиле на Украина, сè […]

Едно лице загина, неколку се ранети во престрелка во Чикаго


Едно лице загина, а најмалку 20 се ранети во престрелка што се случи вчера на паркинг во предградие на Чикаго во САД, соопштија властите.  -Најмалку 20 луѓе беа застрелани. Една жртва почина. Мотивот за овој инцидент е нејасен, рече Ерик Свансон, заменик во канцеларијата на шерифот на округот Дупајџ. Според него, бројни жртви биле пренесени […]

Претставена новата финска Влада


Финската конзервативна Национална коалиција (НКП), која победи на парламентарните избори во април, ги претстави клучните позиции во новата Влада, која ќе ја предводи партискиот лидер Петри Орпо. Според политичките аналитичари, тоа ќе биде најдесничарската влада од Втората светска војна. По разговорите што траеја повеќе од седум недели, НКП во петокот објави дека постигнала договор со […]