Земјата во колапс: Се евакуираат луѓе, нема струја, летовите откажани ФОТО/ВИДЕО


Обилните врнежи во Јужна Кореја доведоа до откажување на повеќе од сто летови, а илјадници домови останаа без електрична енергија.

Прекини на струја се регистрирани во повеќе од 4.000 домаќинства во главниот град Сеул, а повеќе од 130 луѓе се евакуирани низ целата земја, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.

Откажани се повеќе од 130 летови, а до 17 часот одложени се околу 270 летови.

Едно лице е исчезнато, а друго е повредено поради обилните дождови.