Неколкумина повредени во напад со нож во Холандија, полицијата трага по сторителот


Неколку лица се тешко повредени денеска во напад со нож во холандскиот град Лајден.

Полицијата соопшти дека трага по маж, кој повреди неколку лица во хуманитарен центар на градот.

Осомничениот се здобил со повреда на главата, велат од полицијата.

Во хуманитарниот центар се сместени повеќе социјални установи, објави холандската телевизија NOS.