Коста Кецмановиќ е еден од најмладите масовни убијци во светот


Меѓу сите масовни убијци во светот помлади од 14 години, никој досега не убил толку жртви како 13-годишниот Коста Кецмановиќ, кој вчера во училиштето во Врачар во Белград уби осум деца и училишниот портир и повреди многу деца, пишува Блиц. Убиецот го нарекуваат најсуровиот детски масовен убиец во светската историја. На списокот на деца масовни […]

Поплави на северот на Италија: Најмалку две лица загинаа, по едно лице се трага


Најмалку две лица го загубија животот во невремето и поплавите што ја зафатија Италија, а едно лице се води како исчезнато. Еден постар маж загина при излевање на реката Сенио поради обилни врнежи во градот Кастел Болоњезе, во провинцијата Равена, јавија италијанските медиуми. Уште едно лице загина при уривање на куќа во градот Фонтанелице кај […]

Зеленски во Хаг додека Киев го тресат експлозии


  Експлозии се слушнаа во Киев и други украински градови, еден ден откако Русија ја обвини Украина дека извршила напад со беспилотни летала врз Кремљ. Напади беа пријавени и во Запорожје и Одеса на југ. Воздушните напади доаѓаат додека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да зборува во Хаг како дел од неочекуваната посета на Холандија. […]

Дроновите што го нападнаа Кремљ може да биле лансирани од Подмосковјето


  Дроновите што го погодија Кремљ можеа да се купат и натоварат со експлозив, а украинските подземни борци кои оперираат во Русија можеа да го направат тоа, вели Руслан Пухов, директор на Московскиот Центар за анализа на стратегии и технологии. Според него, беспилотните летала можеле да бидат лансирани од московскиот регион – така што ризикот […]

Поплави во Италија, најмалку две жртви, едно лице исчезнато


Најмалку две лица ги загубија животите во невремето и поплавите што ја зафатија Италија, а едно лице се води како исчезнато. Еден постар маж загина при излевање на реката Сенио поради обилни врнежи во градот Кастел Болоњезе, во провинцијата Равена, јавија италијанските медиуми. Уште едно лице загина при уривање на куќа во градот Фонтанеличе кај […]

Нов пакет воена помош од САД за Украина вреден 300 милиони долари


САД најавија дополнителна воена помош за Украина во вредност од 300 милиони долари, за таа да „продолжи храбро да се брани во лицето на руската брутална, неиспровоцирана и неправедна војна“, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент. Продолжуваме со поддршката со нашите партнери од Украина додека тие се бранат од руската воена агресија, изјави државниот секретар […]

Светска метеоролошка организација: Големи шанси за враќање на феноменот Ел Нињо


Враќањето на временскиот феномен Ел Нињо е можно во втората половина од годината, што може да придонесе за зголемување на глобалните температури, предупреди во средата Светската метеоролошка организација (СМО). По три години од временскиот систем Ла Ниња во Тихиот Океан, кој често малку ги намалува глобалните температури, има 60 отсто шанси мај и јуни да […]

Обама во Берлин: По Шолц и Меркел, мотивациски говор пред 17.000 лица


Берлин– Поранешниот американски претседател Барак Обама се наоѓа во посета на Берлин, каде во денеска се сретна со актуелниот канцелар Олаф Шолц и поранешната канцеларка Ангела Меркел. „Поранешниот американски претседател Барак Обама и германскиот канцелар Олаф Шолц се сретнаа на заеднички ручек во канцеларијата на канцеларот“, објавија германските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до […]

Подољак: Украина нема никаква врска со нападот со дронови врз Кремљ


Украина „нема никаква врска“ со нападот со дронови врз Кремљ, за кој Москва го обвини Киев, соопшти денеска украинското претседателство. -Се разбира, Украина нема никаква врска со нападите со дронови врз Кремљ, кажа Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претходно, денеска, Русија соопшти дека соборила два украински дрона што биле насочени кон Кремљ, […]

Зеленски во Берлин на 13 мај


БЕРЛИН – Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе го посети Берлин на 13 мај на покана на канцеларот Олаф Шолц. Зеленски, кој е во близок контакт со Шолц од почетокот на војната, во интервју пред неколку месеци рече дека има „подеми и падови во односите со Германија“. Украина изврши притисок Берлин побрзо да испорача повеќе оружје за […]

„Трик на Москва“: Украина ги отфрли тврењата дека испратила дрон да го нападне Кремљ


  Украина вели дека нема сознанија за обид за напад со беспилотно летало врз Кремљ во Москва, додавајќи дека не ги користи своите средства за да нападне други земји. „Немаме информации за таканаречените ноќни напади на Кремљ“, изјави портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Серхи Никифоров, за Си-Ен-Ен во средата, на прашањето за тврдењето на […]

Три руски брода откриени близу местото на експлозиите на „Северен тек“


  Три брода на руската морнарица беа откриени во водите блиску до местото на експлозиите на „Северен тек“ во месеците пред саботажата на гасоводот, според извештаите на медиумите. Бродовите го вклучуваа истражувачки брод „Сибирјаков“, за кој се верува дека може да врши подводен надзор, според истрагата на јавните радиодифузери во Норвешка, Шведска, Данска и Финска, […]

Кремљ нападнат од украински дронови, наводно имало обид да се убие Путин (ВИДЕО)


   Кремљ беше нападнат со беспилотни летала во текот на ноќта   во обид да биде убиен претседателот Владимир Путин, потврди руската претседателска администрација. Жителите на Москва пријавиле дека слушнале две експлозии зад ѕидините на Кремљ веднаш по 2 часот по полноќ по локално време. Снимката споделена на Телеграм од жителите  го сними инцидентот – […]

Белорускиот дисидент, Роман Протасевич, осуден на осум години затвор


  Белорускиот опозициски активист, кој беше уапсен откако неговиот лет со  „Рајанер“ принудно слета во Минск, е осуден на осум години затвор. Роман Протасевич беше извлечен од авионот и уапсен под обвинение за поттикнување немири во мај 2021 година. Во четвртокот, регионалниот суд во Минск го прогласи за виновен за серија прекршоци поврзани со неговата […]

Ле Мер инсистира на договор за намалување на цените на храната до есен


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска најави дека следната недела ќе се сретне со трговците на мало и добавувачите за да разговара за начините да се прекине инфлаторната спирала на цените на храната до есен. Француските трговци со храна се согласија на просечно зголемување на цената од 10 отсто во годишните преговори во […]

Мјанмарската хунта помилува повеќе од 2.000 политички затвореници


Мјанмарската хунта помилува повеќе од 2.000 политички затвореници за да го одбележи денешниот будистичкиот празник. Војската уапси илјадници демонстранти и активисти по државниот удар во февруари 2021 година, кој стави крај на краткиот демократски експеримент на Мјанмар и ја втурна земјата во превирања. Помилувани се 2.153 затвореници кои отслужуваат казна според Кривичниот законик по повод […]

Рација во Германија: Уапсени десетици во акција против италијанската мафија


Германската полиција уапси десетици луѓе ширум земјата во рамки на истрагата против италијанската мафија Ндрангета, соопшти германското обвинителство и полицијата. Полицијата уапси четири лица во покраината Баварија, 15 во Северна Рајна-Вестфалија и 10 во покраината Рајнланд-Палатинат. Значителна количина доказен материјал е обебезден при рацијата на десетина локации, куќи и канцеларии. осомничените се товарат за перење […]

Гори складиште за нафта близу Кримскиот мост


  Складиште за нафта во рускиот регион Краснодар гори утрово во руското село Волна на 10 километри северно од пристанишниот град Таман и во близина на источниот крај на стратешки важниот Кримскиот мост, клучната копнена врска на руското копно со Крим, пренесува Ројтерс. Според регионалниот гувернер Венјамин Кондратиев, пожарот е сериозен, но засега нема пријавено […]

Со што сè се соочуваат украинските бегалци во САД?


Бон– На почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, Ана (редакцијата и го смени името) била бремена во шестиот месец. Сакала да избега што подалеку и се одлучила за Соединетите Американски Држави. Два месеци по почетокот на рускиот напад врз Украина, американските власти организираа програма за помош наречена „Обединување за Украина“. Според […]

Влијателните десничарски популисти во Шведска ќе го преиспитуваат членството во ЕУ


Членството на Шведска во Европската унија треба да се „преиспита“, изјави влијателниот евроскептик и лидер на шведските демократи, Џими Акесон, во интервјуто за Афтонбладет , во време кога Шведска сè уште треба да претседава со ЕУ до крајот на јуни. Партијата на Акесон, иако не е дел од владејачката коалиција, ја нуди потребната поддршка на […]