При руски напад најмалку петмина загинати во Лвов


Најмалку пет лица загинаа о синоќешниот руски ракетен напад врз станбена зона во западниот украински град Лавов, соопшти денеска украинското Министерство за внатрешни работи. Во нападот повредени се најмалку 40 лица се повредени, а над 60 луѓе се евакуирани од уништените згради. Во Лавов засолниште најдоа и многу бегалци од источна Украина. До јуни ситуацијата […]

Столтенберг: Во Белорусија сè уште нема многу војници на Вагнер


 Не многу војници на руските платенички сили Вагнер се преместени во Белорусија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА. – Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на Вагнер во Белорусија, рече Столтенберг, говорејќи во Брисел. – Досега не сме виделе толку многу од нив да одат во Белорусија, додаде […]

Русија го затвори Конзулатот на Финска и протера девет фински дипломати


Москва– Русија денеска соопшти дека го затвора Конзулатот на Финска во Санкт Петербург и протерува девет фински дипломати. Одлуката на Москва уследи откако Финска протера девет руски дипломати од Хелсинки. Девет вработени во Финската амбасада во Русија и Конзулатот во Санкт Петербург се прогласени за „персона нон грата“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. Во […]

Москва го прогласи училиштето за децата на дипломатите за „странски агент“


Вашингтон – САД испратија протест до руските власти поради одлуката московското Англо-американско училиште да се прогласи за „странски агент“.  Во соопштение до јавноста портпаролот на Стејт департментот Метју Милер изјави дека одлуката е „шокантна“.  – Англо-американската школа во Москва е отворена во 1949 година и со децении нуди одлично образование за децата на странските дипомати […]

Украина сега има 1.500 тенкови, а Русија 1.400


  Помошта на западните сојузници на Украина и катастрофалните загуби на воена опрема што ги претрпе руската армија го менуваат односот на силите на бојното поле. Значителната супериорност во тешкото оружје што ја имаше Русија на почетокот на војната е значително намалена. А во однос на бројот на тенкови, украинската армија, очигледно, дури и ја […]

„Живееше од тролот, ќе умре од тролот“: Путин ја презема деловната империја на Пригожин


  Кога платениците на „Вагнер“ зазедоа голема руска воена база и го започнаа својот вооружен марш кон Москва, членовите на руските федерални безбедносни служби упаднаа во еден од штабовите на Евгениј Пригожин во Санкт Петербург. Маскирани луѓе брзо ги запленија компјутерите и документите на групата „Патриот“, медиумски холдинг во срцето на информативната империја на Пригожин, […]

Масовно труење со гас во ЈАР, починаа најмалку 16 лица


Најмалку 16 лица загинаа во населба во Јужна Африка по труење со гас, изјави денеска шефот на владата на провинцијата Гаутенг, Пањаза Лесуфи. Претходно локалната служба за итни случаи соопшти дека 24 лица загинале поради истекување на гас. „Телата на жртвите се расфрлани по тоа подрачје, а најмладата жртва има една година“, рече Лесуфи. Тој […]

Велика Британија се враќа во финансирањето на ЕУ


Велика Британија е на пат да го врати пристапот до европското финансирање, три години откако ја напушти ЕУ на 1 февруари 2020 година. Владата во Лондон и Европската комисија постигнаа начелен договор за враќање на учеството на кралството во истражувачката шема на Хоризонт Европа – најголемиот фонд со кој управува ЕК. Буџетот на програмата за […]

Лукашенко: Пригожин не е веќе во Белорусија, се врати во Санкт Петербург


Белорускиот лидер Александар Лукашенко изјави дека лидерот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, веќе не е во Белорусија, туку во Санкт Петербург, пренесе Индекс, хр. -Тоа е руска компанија. Значи, прашањето очигледно не е за мене. Колку што сум информиран, борците се во нивните кампови. Што се однесува до Пригожин, тој е во Санкт Петербург. Тој […]

Португалскиот претседател накусо бил примен во болница откако паднал во бесознание на јавен настап


Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, вчера бил примен во болница откако изгубил свест за време на јавен настан, но тој денеска е веќе  отпуштен, јави шпанската агенција ЕФЕ. „Се чувствувам добро“, изјави 74-годишниот шеф на државата, објаснувајќи дека морал двапати да биде подложен на испитувања во болницата.  Ребело де Соуса објасни дека паднал во […]

Вонредна состојба во јужниот дел на Перу поради активностите на вулканот Убинас (видео)


 Владата на Перу прогласи 60-дневна вонредна состојба во неколку јужни градови бидејќи најактивниот вулкан во земјата Убинас исфрла пепел и гасови. Пепелта од вулканот Убинас во регионот Мокуегуа, на околу 1.200 километри југоисточно од главниот град Лима, се искачи на надморска височина од 5.500 метри и стигна до градовите оддалечени повеќе од 10 километри, соопшти […]

Зеленски вети „конкретен“ одговор по нападот врз Лавов


Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина, во кој, според ажурираните податоци што ги објави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко, загинаа четири лица, пренесуваат француските медиуми. „Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи“, кажа Зеленски во објавата на […]

По вооружениот бунт, Путин се обидува да ја зајакне својата одбрана


Долго време фокусиран на безбедноста, рускиот претседател ја наградува лојалноста на владејачката елита и ја опсипува својата најважна изборна единица – вооружените луѓе – со готовина, пишува Њујорк Тајмс. Се вели дека рускиот претседател Владимир Путин работи во идентични канцеларии во неколку резиденции за да не може да се открие неговата локација врз основа на […]

Мексико: Автобус падна во провалија, најмалку 27 патници загинаа


Најмалку 27 патници загинаа денеска во Мексико, кога патнички автобус изгубил контрола и излетал од патот во провалија длабока 25 метри, соопштија властите. Несреќата се случила во регионот Миктека во јужната држава Оахака. Државниот секретар за внатрешни работи Хесус Ромеро изјави дека во несреќата загинале 27 лица, меѓу кои и едноиполгодишно дете. Тој рече и […]

Руската државна ТВ го нападна Пригожин


Руската државна телевизија го нападна шефот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој започна вооружен бунт минатиот месец, и рече дека „истрагата за тоа што се случи сè уште енергично се води“. Пригожин, кој е во егзил, ја презеде контролата врз јужниот руски град Ростов на Дон на 24 јуни, зазеде команден центар таму каде […]

Руски проектил погоди станбен блок во Лавов, најмалку четворица загинати


 Најмалку четири лица загинаа, а деветмина се ранети во руски ракетен напад врз градот Лавов во западна Украина, објави украинското Министерство за надворешни работи на Твитер. Градоначалникот Андриј Садови во објава на неговиот канал Телеграм посочи дека спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда.   Тој рече дека улицата ќе остане затворена се […]

Зеленски во интервју за Си-ен-ен: Сакав контраофанзивата да почне порано, Западот задоцни со испораката на оружје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-ен-ен кажа дека сакал контраофанзивата против руските сили да почне порано и дека за таа цел побарал од западните сојузници да ја забрзаат испораката на оружје, пренесуваат британските медиуми. -Сакав контраофанзивата да почне многу порано, бидејќи сите разбраа дека ако контраофанзивата почне подоцна, поголем дел од нашата територија […]

Вака тепаат новинари во Чеченија


  Новинарката на рускиот весник „Нова газета“, Елена Милашина, на 5 јули била подложена на преглед во клиника во Москва, и била дијагностицирана затворена краниоцеребрална повреда, повеќе (до 14) скршеници на рацете и повеќе модринки на меките ткива. Истражниот комитет на Русија отвори кривично дело за бруталниот напад на Милашина и адвокатот Александар Немов. Случајот […]

Вторникот беше најтопол ден на планетата во историјата, следуваат нови рекорди


  Светските температурни рекорди се уриваат втор ден по ред, покажуваат податоците, а експертите издадоа предупредување дека најтоплите денови оваа година допрва доаѓаат – а со нив и најтоплите денови забележани досега. Просечната глобална температура на воздухот беше 17,18 Целзиусови степени во вторникот, според податоците собрани од американскиот национален центар за предвидување на животната средина […]

Една жртва и најмалку тројца повредени во руски напад во областа Херсон


 Едно лице загина, а најмалку три се повредени по денешниот руски напад во областа Херсон, соопшти Регионалното обвинителство. – Покрената е истрага за смртта и повредите предизвикани од непријателското гранатирање на населбата Билозерска во Херсонската област. Русија ја гаѓаше населбата околу 19 часот по локално време, соопшти обвинителството.