(Видео) Пукање на Тајмс Сквер: Туристите се разбегаа, ранети тројца тинејџери


Тројца млади момчиња се ранети во пукотница на Тајмс Сквер во Њујорк, а туристите се распрснале во потрага по засолниште, соопшти денеска полицијата. Престрелката се случила на улицата 42 во близина на Седмата авенија вчера околу 22.50 часот по локално време, соопшти полицијата. Младите мажи на возраст од 15 и 18 години се ранети во […]

Американец е приведен поради преминување на границата во Северна Кореја


 Американец е уапсен бидејќи без одобрение во време на обиколка ја преминал заедничката безбедносна зона меѓу двете Кореи, соопшти денеска Командата на Обединетите нации. Американскиот војник Тревис Кинг, кој остварил приватна посета на погранично село во демилитаризираната зона што ги дели двете Кореи, ја преминал границата што ја чува војската од двете страни. Командата на […]

Првиот конвој на силите на „Вагнер“ пристигна во напуштена воена база во Белорусија


Првиот конвој на силите на Вагнер пристигна во претходно напуштената воена база во Белорусија, а на пат кон неа се уште најмалку два конвоја, покажа анализата на Си-Ен-Ен на сателитски снимки и видеа на социјалните мрежи. Сателитските снимки од компанијата Планет Лабс го покажуваат првиот конвој кој пристигнува во белоруската воена база која со години […]

Бројот на жртви следбеници на сектата во Кенија нарасна на 403


 Властите во Кенија денеска соопштија дека пронашле уште тела во шумата Шакахоле на истокот од земјата, со што бројот на жртви на сектата „Меѓународна црква на добри вести“ што повикива на постење нарасна до 403. Тамошните власти очекуваат оваа последна потврдена бројка уште повеќе да се зголеми, бидејќи потрагата по масовните гробници се уште трае, […]

Европскиот летен пекол ги пренасочува туристите кон постудени места


  Зголемените летни температури низ јужна Европа би можеле да поттикнат трајна промена на туристичките навики, при што повеќе патници избираат постудени дестинации или летуваат во пролет или есен за да ги избегнат екстремните горештини, предвидуваат туристичките тела и експертите. Податоците на Европската комисија за патувања (ETЦ) покажуваат дека бројот на луѓе кои се надеваат […]

ЕК издаде препораки за избегнување на недостиг на антибиотици претстојнава зима


Европската комисија и Европската агенција за лекови (ЕМА) издадоа препораки за мерки и активности со цел да се избегне недостиг на антибиотици што се користат за лекување на респираторни инфекции во текот на претстојната зимска сезона. – Расположливите податоци сугерираат дека ако побарувачката во следната зимска сезона е слична на просечното ниво на потрошувачка во […]

Руската војска во офанзива со 100.000 војници и 900 тенкови на исток на Украина


  Големи единици на руските сили се движат во офанзива во североисточниот сектор на фронтот кон градот Купјанск, каде што се водат жестоки борби, соопштија украинските власти, цитирани од Ројтерс. Во понеделникот, портпаролот на источните сили на Украина рече дека руската војска собрала повеќе од 100.000 војници и повеќе од 900 тенкови во областа. Украинската […]

Сè уште гори големиот пожар на швајцарските Алпи


 Пожарникарите сè уште се борат со шумскиот пожар на швајцарските Алпи, кој од синоќа гори во областа От Вала, во близина на границата со Италија, јави Би-би-си. Речиси 200 луѓе и неколку хеликоптери учествуваат во гаснење на пожарот, а огнот брзо се проширил во текот на ноќта на една планина во областа Битш. Локалната полиција […]

Противниците на судските реформи во Израел прогласија ден на отпор и ги блокираа патиштата


 Противниците на контроверзната судска реформа утринава ги блокираа патиштата на десетици места низ Израел на почетокот на најновиот протест против планот на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху за слабеење на врховниот суд. Илјадници луѓе се очекува да учествуваат на протестот во текот на денот, бидејќи владејачката коалиција продолжува да го спроведува планот за ограничување на […]

Ова е мозокот кој стои зад новата украинска контраофанзива


Ако пребарате на интернет податоци за генералот Олександр Сирски, ќе најдете дека тој е  опишан како „најуспешниот генерал на 21 век досега“. Тоа е голема одговорност. Генералот Сирски ја предводеше одбраната на Киев на почетокот на целосната руска инвазија на Украина минатата година. Тој беше мозокот зад изненадувачката и успешна контра-офанзива на Украина во Харков […]

Киев: Во руски ракетен напад врз Одеса оштетена пристанишната инфраструктура


Во најновиот руски ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта оштетена е пристанишната инфраструктура, јавија локалните украински власти.  До нападот врз Одеса дојде само неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито. „Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море врз Одеса“, се наведува во соопштението на украинската оперативна […]

Американската војска поради техничка грешка испратила милиони мејлови во Мали


Поради мала печатна грешка милиони американски воени мејлови биле испратени до африканската држава Мали. Наместо да го пишуваат доменот .mil, што се користи за сите адреси на е-пошта на американската војска, некои погрешно напишале .ml, што е домен за африканската земја Мали. Резултатот од таквата грешка бил постојан проток на чувствителни информации што се испраќале […]

Анкета: Повеќе од половина Британци сакаат назад во ЕУ


Процентот на Британци кои мислат дека излегувањето на Велика Британија од Европската унија е грешка достигна рекордно високо ниво и го надмина мнозинството, покажа анкета на YouGov објавена денеска. Со малку економски придобивки по Брегзит, 57 отсто од Британците, анкетирани во јули, сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија во 2016 година е погрешна, […]

Што е со кинескиот министер за надворешни работи, последен пат се појавил на 25 јуни


Невообичаено долгото отсуство од јавни настапи предизвика шпекулации за тоа каде се наоѓа кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, пренесе ДПА. Министерот (57), кој ја презеде функцијата во март, последен пат се појави во јавност на официјални настани на 25 јуни, кога го прими рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко во Пекинг. Министерство […]

Пет жртви при пад на Цесна во Полска


Најмалку пет лица загинаа, а пет се повредени кога авион „Цесна“ синоќа се урна врз хангар на аеродромот во Насиелск, во близина на Варшава, соопшти полската полиција. – Загинаа пет лица. Петмина се повредени, а четири лица воопшто не се повредени, изјави Моника Новаковска-Бринда од локалната полициска команда за полската телевизија Полсат. Најмалку 10 лица […]

Елизабет Борн останува премиерка на Франција


Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане премиерка, изјави синоќа извор од кабинетот на Макрон. – Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да ја задржи премиерката, рече изворот. Францускиот претседател, исто така, ќе даде назнаки за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот. […]

Русија ноќеска почна воздушни напади на југот и истокот од Украина


Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили. Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм. Се […]

Путин: Руската војска подготвува одговор за нападот врз мостот на Крим


Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Министерството за одбрана подготвува предлози за руски одговор на нападот што го оштети мостот Керч, што ги поврзува Крим со јужна Русија, за што ја обвини Украина, јави Скај Њуз. На крајот од средбата со националните и регионалните претставници за проценка на последиците од експлозијата, што беше пренесувана […]

Делумно отворен мостот кон Крим


На мостот кон Крим синоќа е воспоставен делумен сообраќај по една лента, соопшти рускиот вицепремиер Марат Хуснулин на својот канал на Телеграм. – Моторниот транспорт на Кримскиот мост е обновен во обратна насока на најнадворешната десна лента, напиша Хуснулин. Утрово повторно е запрена работата на траектот поради лошите временски услови, јавија руските медиуми повикувајќи се […]

Петмина приведени поради напад врз полициско возило во Брисел


 Белгиската полиција денеска приведе пет лица осомничени за поврзаност со напад врз полициско патролно возило, што се случил синоќа во бриселскaтa населба Сен Жил. Како што информираше денеска началникот на локалната полиција Јирген де Ландшер, инцидентот се сличил кога неколку лица нападнале полициско патролно возило, откако претходно во текот на денот во Сен Жил биле […]