Хакери со години шпионирале странски дипломати во Белорусија


Минск – Група хакери со години шпионирале вработени во амбасадите на четири земји во Белорусија, вклучително и за време на војната во Украина, објавија истражувачите од словачката компанија за кибер безбедност ESET. Цел на нападот биле околу 15 уреди во сопственост на дипломати од две земји во Европа, една од Јужна Азија и една од Африка, […]

Силен земјотрес регистриран во Јапонија


Токио – Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на северниот дел на Јапонија, а соодветните служби јавија дека нема опасност од цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан помеѓу островот Хокаидо и северниот дел на островот Хоншу. Регистриран е на длабочина од 46 километри под […]

Лани имаше најмногу самоубиства во САД од Втората светска војна


Њујорк –  Околу 49.500 луѓе си го одзеле животот минатата година во САД, што е најголем број самоубиства за една година во таа земја од почетокот на Втората светска војна, соопти американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Експертите предупредуваат дека самоубиството е комплициран феномен и дека неодамнешните зголемувања би можеле да бидат поттикнати […]

Американскиот обвинител предложи на Трамп да му се суди во јануари 2024 година


Вашингтон –  Специјалниот обвинител Џек Смит синоќа предложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година да почне во јануари 2024 година. Судијката Танја Чуткан, која ќе претседава со сослушувањето во федералниот суд во Вашингтон, рече дека датумот на судење ќе биде одреден на […]

Речиси 1.000 украински маринци го завршуваат курсот за обука во Британија


Лондон – Речиси 1.000 украински маринци наскоро ќе се вратат дома по шестмесечен период на обука со британските сили, јави ДПА. Плановите за обука на маринците беа објавени во февруари за време на посета на Лондон на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Оттогаш, околу 900 украински маринци го завршија курсот, на кој британски командоси тренираат им држеа […]

По короната Кина ги укина ограничувањата за патување во уште 70 земји


Кина го укина пандемиското ограничување за групни патувања за повеќе земји, вклучително и клучните пазари како САД, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, што потенцијално ќе биде од полза нивната туристичка индустрија. Таквата одлука ја објави во четвртокот Министерството за култура и туризам, а стапува на сила веднаш. Пред пандемијата кинеските туристи трошеле во странство повеќе […]

Жештините во Ирак покажуваат дека „ерата на глобално затоплување“ започна


Багдад – Екстремните летни жештини и загадувањето на воздухот во јужен Ирак јасно покажуваат дека започна „ерата на глобално затоплување“, изјави шефот на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк. Тој ги даде своите коментари на крајот од четиридневната посета на Ирак за време на која се сретна со локалните лидери и […]

Запален танкер со 40.000 тони нафта (видео)


Танкер што плови под знамето на Панама се запали недалеку од брегот на Иран, а членовите на екипажот се спасени. „Иранските власти спасија 22 членови на екипажот откако капетанот на бродот повикал помош“, објави државната телевизија, пренесува Ројтерс. Директорот на пристаништето Асалује, во близина на кое се запали танкерот, објави дека бродот превезувал околу 40.000 […]

Цариниците на пристаништето во Ротердам заплениле рекордни над осум тони кокаин


Граничните службеници на пристаништето во Ротердам заплениле повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани, соопшти денеска холандското обвинителство.  Британските медиуми наведуваат дека ова е најголемата пратка кокаин досега откриена на ова пристаниште. Портпаролот на обвинителството изјави дека дрогата патувала од Еквадор, преку Панамскиот канал, до Ротердам. Пратката била откриена од полициски кучиња […]

Кулеба: Никогаш нема да ги видиме Зеленски и Путин седнати на иста маса


 Преговорите со Москва се можни само доколку Русија ги повлече своите војници од Украина, но тие нема да се одржат со учество на Путин, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, цитиран од Укринформ. -Путин не е партнер за преговорите, изјави Кулеба. Коментирајќи го изразеното очекување на […]

Што се кинеските „градови – сунѓери“ и зошто не ги запираат поплавите?


Кина беше погодена од разорни поплави во последниве недели, поплавувајќи градови и предизвикувајќи смртни случаи и штети на инфраструктурата, но ова покрена прашања за ефективноста на иницијативата „град сунѓер“ од 2015 година, насочена кон намалување на ризикот од поплави. Иницијативата беше покрената за да се зголеми отпорноста на поплави во големите градови и подобро да […]

Армијата на Етиопија ја врати контролата врз шест градови во Амхара


Ситуацијата во северната етиопска држава Амхара се смири откако федералната армија ја врати контролата врз неколку градови, кои минатата недела беа заземени од локалната милиција Фано. Владата на Етиопија синоќа соопшти дека градовите Бахир Дар, Лалибела, Гондар, Шева Робит, Дебре Берхан и Дебре Маркос се „ослободени од заканата на бандитите“. Исто така најави дека во […]

Емануел и Брижит Макрон летуваат на луксузна јахта, еве што мислат Французите


Французите не можат да се помират со пензиската реформа што ќе ги натера да работат две години подолго, во Нигер, која е француска област на интерес, имаше воен удар и антифранцуското расположение расте, но францускиот претседател Емануел Макрон најде време за активен одмор на сонце со сопругата Брижит, пишува Daily Mail. Тие се фотографирани како […]

Во Унгарија запленети наркотици во вредност од 1,2 милијарди евра


Будимпешта – Унгарското национално истражно биро (ННИ) во заедничка операција со Даночните и царинските служби (НАВ), заплени дрога вредна 480 милијарди форинти, односно 1,2 милијарди евра, објави денеска унгарската полиција на својата веб-страница. Полицијата заплени 13 тони супстанца за изработка на дрогата МДМА, т.е. екстази, во април во областа Џер-Мошон-Сопрон по дојава од НАВ и уште […]

Апокалипса на Хаваи, пожарот го претвори рајот во Пацификот во пекол


  Неколку илјади жители на Хаваи бегаат од домовите на Мауи додека пожарот во Лахаина го зафати островот, при што загинаа најмалку 36 луѓе и изгореа делови од град стар со векови. Пожарот го изненади островот Мауи, оставајќи зад себе изгорени автомобили на некогаш прометните улици и купишта урнатини во чад каде што стоеја историски […]

Бразил има 1,7 милиони домородни луѓе, двојно повеќе од претходниот попис


  БЕЛЕМ, Бразил – Малечка жена со бел пердув на главата застана на сцената на величествениот колонијален театар во Бразил во Амазон во понеделникот и се обрати на толпата. Жената, министерката за домородните луѓе Соња Гуажажара, го прогласи денот за „пресвртница на учеството на домородците“, а потоа ги наведе свежо објавените податоци од пописот на […]

Во пожарите на Хаваи досега загинаа најмалку 36 лица


Најмалку 36 лица загинаа во огромните шумски пожари што ја зафатија областа Мауи на Хаваите, соопштија денеска локалните власти. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем бидејќи некои луѓе одбиле да се евакуираат. „Борбите продолжуваат, а денеска 36 лица загинаа како последица на пожарот во Лахаина. Засега нема други детали“, се […]

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја


Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од […]

Идентификувани остатоци од жена пронајдени во бетонски ѕид во Австралија


Австралиската полиција, за време на истрагата за убиството на жената чии останки беа пронајдени во бетонски ѕид минатата година, ја идентификуваше жртвата и рече дека била убиена пред повеќе од една деценија. Тања Ли Гловер, родена во 1971 година, имала оштетен вид и слух и имала приближно 38 години во моментот на нејзината смрт, соопшти […]

Убиен претседателски кандидат во Еквадор – прогласена 60 дневна вонредна состојба


Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја  по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио. Претседателскиот кандидат на Еквадор Фернандо Вилависенсио бил убиен во средата вечерта на крајот од предизборниот митинг во Кито, објави шефот на државата Гиљермо Ласо. Вилависенсио беше еден од осумте кандидати на претседателските […]