Путин се јави за смртта на Пригожин: Беше талентиран бизнисмен


Првата реакција на рускиот претседател Владимир Путин за авионската несреќа во која, според официјална Москва, во кој загина основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин. Во телевизиска изјава, Путин му изрази сочувство на семејството на Пригожин. Путин го опиша Пригожин како „талентиран бизнисмен“ кого го познава од 1990-тите. Тој исто така рече дека руските власти […]

САД сметаат дека авионот на Пригожин веројатно бил соборен со ракета земја-воздух, истрелана од руска територија


Вашингтон– САД веруваат дека авионот во кој патувал Евгениј Пригожин можеби бил соборен со проектил земја-воздух, истрелан од руска територија, јавија британските меидуми, повикувајќи се на извори од американската влада кои сакаа да останат анонимни. Оттаму нагласија дека се работи за прелиминарна проценка и дека информациите за случајот се уште се анализираат. Руските власти соопштија […]

Бербок предупреди да не се шпекулира околу смртта на Пригожин


Берлин – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок предупреди да не се шпекулира за авионската несреќа во која, според руските власти, загинал Евгениј Пригожин, јави ДПА. Рускиот регулатор за цивилно воздухопловство Росавијација соопшти дека на списокот од 10 лица во урнатиот авион е и името на лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“. И покрај тоа, […]

Зеленски за загинувањето на Пригожин: Сите се свесни за тоа кој е виновникот


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема никаква врска со наводната смрт на Евгениј Пригожин, кој очигледно загина вчера во авионска несреќа во Русија, пренесуваат украинските медиуми. -Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен, рече Зеленски на прес-конференција […]

Штрајкуваат лекарите во Велика Британија, бараат поголеми плати


 Државните болници ширум Англија денеска ќе престанат со работа поради уште еден 48-часовен штрајк на постарите по стаж и позиции болнички лекари поради спорот околу платите со Владата. Илјадници болнички лекари велат дека ќе пружат само итна помош. Денешната акција е најновата во серијата штрајкови на лекарите, медицинските сестри и другиот клинички персонал во последните […]

Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во Џорџија


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во државата Џорџија во пресрет на вечерашното предавање на надлежните органи, тврди упатен извор за Си-Ен-Ен. Дру Финдлинг, адвокатот кој ја водеше одбраната на Трамп во Џорџија, беше заменет со Стивен Сад, адвокат од Атланта опишан на веб-страницата како „специјален советник за […]

Лекции од најсклониот кон гафови шеф на дипломатија во светот


Запознајте го високиот претставник на ЕУ за грешки и гафови.Во неговите речиси четири години како шеф на надворешната политика на Европската комисија, Жозеп Борел остави трага од дипломатски хаос по него, со грешки во Москва, блузони во брисел и екскурзии на Твитер. Со оглед на тоа што Борел најверојатно ќе замине по европските избори следната […]

И Норвешка ќе и донира на Украина авиони Ф-16


Осло– Норвешка ќе и донира воени авиони Ф-16 на Украина, објави денеска норвешката телевизија ТВ2, повикувајќи се на неименувани извори. Но, не е наведено колку авиони ќе и бидат донирани на Украина. Министерството за одбрана на Норвешка се уште ја нема потврдено информацијата. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере вчера се сретна со украинскиот претседател Володимир […]

Кој рони солзи за Пригожин? (ВИДЕО)


Кој пушти солзи за Евгениј Пригожин? Па, очигледната смрт на воинствениот водач на озлогласената платеничка група Вагнер во авионска несреќа во средата вечерта создаде неочекуван излив на тага во Русија. Во родниот град на 62-годишниот олигарх, Санкт Петербург, беше организирано бдеење со свеќи пред еден од сега затворените центри за регрутирање на групата. Добронамерниците положија црвени […]

Русија ставила во состојба на готовност борбен авион кој пресретнал норвешки воен авион


 Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека подигнало тревога за борбен авион МиГ-31 кој пресретнал норвешки воен авион над Баренцовото Море, во близина на границата на Арктикот меѓу двете земји, пренесоа британските медиуми. Ова е втор ваков случај за два дена и трет овој месец. Во соопштението на руското Министерство за одбрана се вели дека […]

Украина тврди дека извршила десант на Крим


Украинските разузнавачки служби извршија десант на Крим со помош на морнарицата. Тие се судрија со руските сили, соопшти Киев. – Како резултат на тоа непријателот претрпе загуби, а уништена е и руска воена опрема. Сите цели и задачи се исполнети. Ниту еден Украинец не е повреден, се наведува во соопштението на Украинското воено разузнавање, објавено […]

Москва има осомничен за загинувањето на Пригожин


Истрагата во Русија ја разгледува верзијата според која е поставена експлозивна направа во авионот на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, во одделот за слетување. Ова го пренесува каналот Шот на Телеграм, повикувајќи се на извор. Според прелиминарните податоци, во близина на опремата за слетување наводно се случила експлозија за време на летот. Поради експлозијата се […]

Кој беше Дмитриј Уткин, по кого озлогласениот Вагнер го добил името


  Дмитриј Уткин беше еден од патниците во авионот што се урна во средата во близина на Москва. Неговата смрт беше официјално потврдена од Русија неколку часа подоцна. Иако Евгениј Пригожин дури минатата година отворено призна дека стои зад групата Вагнер, озлогласената платеничка армија која ги изведуваше највалканите воени операции во Украина, нејзиниот основач беше […]

Вака изгледаа последните моменти од авионскиот лет во кој загина Пригожин


Авионот „Ембраер“ (Embraer Legacy 600) за кој се верува дека го превезувал Евгениј Пригожин се урна во средата во близина на Твер, Русија, по полетувањето од Москва. Авионот не покажал знаци на проблеми до ненадејниот пад по постигнатата височина во последните 30 секунди, покажуваат податоците. Шведската служба за следење летови во реално време „Флајтрадар24“ (Flightradar24) […]

Пронајдено телото на Пригожин


Москва – Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е пронајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото тело е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина. Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци.  Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска […]

Париз гледа „разумни сомнежи“ за авионската несреќа во која загина Пригожин


Француските власти денеска соопштија дека постојат „разумни сомнежи“ за причината за авионската несреќа во која се претпоставува дека загинал Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група „Вагнер“. -Се уште не ги знаеме околностите на таа несреќа, имаме некои разумни сомневања, изјави владиниот портпарол Оливие Веран. Пригожин, додаде тој, беше „човекот што ја вршеше валканата работа […]

БРИКС од 1 јануари 2024 година ќе има шест нови членки, се приклучуваат С. Арабија, ОАЕ, Иран…


 Претседателот на Јужноафриканска Република, Сирил Рамафоса денеска соопшти дека клубот на земјите во развој БРИКС ќе прими шест нови членки, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Иран, на почетокот на следната година. – Одлучивме да ги поканиме Аргентинската Република, Арапската Република Египет, Сојузна Демократска Република Етиопија, Исламската Република Иран, Кралството Саудиска Арабија и […]

Стапуваат во сила нови правила на ЕУ за социјалните мрежи и онлајн платформи


Брисел – Вкупно 19 големи онлајн платформите и пребарувачи од утре ќе мора да се усогласат со новите правила за интерент содржини на ЕУ, затоа што стапува во сила Законот за дигитални услуги, усвоен во 2022 година, кој има за цел да ги сузбие „нелегалните и штетни дигитални содржини“. Новите правила се однесуваат на социјални мрежи […]

ЕУ воспостави хуманитарен воздушен мост до градот Гома во ДР Конго


Брисел – ЕУ иницираше нова хуманитарна операција воспоставувајќи воздушен мост за транспорт на основни продукти до градот Гома во источниот дел на Демократска Република Конго, со цел да му помогне на наслението во тој дел на оваа африканска земја каде и онака лошата состојбата постојано се влошува. Во првата фаза на операцијата два авиони со над […]

„Вагнер“ се закани со одмазда за смртта на Пригожин


Москва – Откако беше потврдено дека шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во близина на Москва, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда. – Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден […]